Во недела часовниците се поместуваат еден час напред - Канал 5

Во недела часовниците се поместуваат еден час напред

Нa 29 март, в недела наутро, точно во 2 часот, стрелките на часовникот се поместуваат на 3 часот. Во тој миг, имаме еден час помалку за сон од нашиот викенд.

Во недела часовниците се поместуваат еден час напред

Правилото е едноставно: Додека наесен стрелките одат еден час наназад, напролет стрелките од часовникот ги поместуваме еден час напред. Со други зборови, се движиме кон летото и подолгите денови... Но, за разлика од некои луѓе, повеќето паметни телефони и часовници автоматски ќе се приспособат на новото време.

Совет: Проверете ги уредите што немаат таква опција.

Зошто оваа промена е толку тешка?

Можеби чудно што само еден час предизвикува проблеми за телото, но човековото тело не е „програмирано“ за моментни временски промени. Во средиштето на сѐ тоа е циркадијалниот ритам - телесниот „внатрешен“ биолошки часовник којшто одлучува кога човекот е буден, кога се чувствува поспано, како и за бројни други процеси во телото. И, одеднаш, тој внатрешен часовник се наоѓа вон чекор со времето.

Затоа, првиот понеделник по промената, многумина се будат поуморни од вообичаеното, попоспани, помалку сосредоточени и воопшто - со поинакво расположение.

Зошто воопшто има правило и налог да се поместуваат стрелките на часовникот? Идејата за приспособување на времето е од периодот на Првата светска војна. Германија е меѓу првите што вовела летно сметање на времето, со цел да се заштеди енергија и да се намали потрошувачката на јаглен.

Меѓутоа, многумина познавачи денес веруваат дека менувањето на стрелките носи повеќе непријатности отколку полза, бидејќи во современиот свет, заштедата на енергија не е значајна, според многумина - користа е многу мала, додека луѓето сè повеќе се жалат на нарушувања на спиењето и дневните рутини.

Сепак, практиката сè уште постои во голем број држави во светот, вклучувајќи ја и нашата.

Според експертите, има неколку едноставни трикови што може да му помогнат на телото полесно да се приспособи на новиот ритам. Во таа смисла, првиот совет гласи: Постепено поместете го своето време за спиење наназад.

Тоа значи да не се чека саботната вечер, туку луѓето да се обидат да си легнат 15 - 20 минути порано од вообичаеното уште в петок. Ова ќе му олесни на телото да ја прифати промената.

Искористете ја природната светлина!

Стручњаците, исто така, велат дека дневната светлина веднаш треба да се пушти во спалната соба. Сончевата светлост наутро и преку целиот ден му помага на телото побрзо да се приспособи на новиот ритам.

Следниот совет: Веднаш при будењето, да се испие чаша вода - по можност млака, со лимон. Кафето следи отпосле. Водата му помага на телото побрзо да се разбуди и полесно да го започне денот.

Искористете ја неделата за одмор. Денот кога се поместува времето не е за напорни обврски. Тој неделен ден треба да се помине што е можно помирно, без стрес и без многу обврски.

Добрата страна на промената на времето

Иако се губи еден час за спиење, промената на часовникот има и голема предност - подолгиот ден и поголемото количество светлина во вечерните часови, според познавачите. Имено, по работните часови, ќе има повеќе време за прошетки, дружење, престој надвор в природа и уживање во пролетното време. Сонцето ќе зајде подоцна, па и вечерта ќе биде потопла и попријатна...

Затоа, и покрај почетниот замор, телото ќе ги почувствува и подолгите денови, поголемата Сончева енергија и вистинското чувство дека пролетта е тука.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Израел гласа на први парламентарни избори по нападите на 7 октомври 2023 година

Израелските граѓани денеска гласаат на парламентарни избори, први по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година.

Израел гласа на први парламентарни избори по нападите на 7 октомври 2023 година

На изборите ќе се одлучува за политичката иднина на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Анкетите покажуваат неизвесна трка меѓу блокот на Нетанјаху и опозицијата.опозицискиот блок Јашар го предводи поранешниот началник на генералштабот, Гади Ајзенкот.

Ниту еден од двата табора, според анкетите, нема сигурно мнозинство од 61 пратеничко место.Тоа би можело да доведе до долги преговори за формирање нова влада.

Изборите се одржуваат во услови на меѓународни критики за војната во Газа. Критики има и поради насилството и проширувањето на еврејските населби на западниот брег. Резултатите се следат и во странство, во време на зголемени тензии меѓу Израел и Иран.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска е Света Петка: Заштитничка на жените, децата и болните – кои обичаи се поврзани со празникот?

На 27 октомври, православните верници го одбележуваат празникот посветен на Света Петка Епиватска, позната и како Света Петка Трновска. 

Денеска е Света Петка: Заштитничка на жените, децата и болните – кои обичаи се поврзани со празникот?

Во народот празникот е познат како Петковден, а светицата се почитува како заштитничка на жените, децата, болните и сиромашните. Со нејзиното име се поврзуваат бројни народни верувања, обичаи и преданија што се пренесуваат од генерација на генерација.

Според народните верувања, Света Петка ги штити луѓето од несреќи и природни непогоди, а жените ѝ се молат за здравје, семејна благосостојба и пород. Во многу места во Македонија празникот се одбележува со посета на црквите, палење свеќи и молитви.

Кoja била Света Петка Епиватска?

Во христијанската традиција се почитуваат повеќе светици со името Параскева, односно Петка. Меѓу нив се Света Параскева Римјанка, чиј празник се одбележува на 8 август, и Света Параскева од Иконија, која се празнува на 10 ноември. На 27 октомври се чествува Света Петка Епиватска, позната и како Трновска, една од најпочитуваните светителки во православието.

Според житието, таа била родена во Епиват, во близина на Цариград, кон крајот на X век, во благочестиво христијанско семејство. Нејзиното име, Параскева, потекнува од грчкиот збор што значи „подготовка“ и се поврзува со петокот, денот пред еврејскиот сабат.

Нејзиниот брат Ефтимиј исто така го посветил животот на верата, се замонашил и станал епископ.

По смртта на родителите, Петка го напуштила семејниот дом. Прво заминала во Цариград, а потоа во Јорданската пустина, каде што, според преданието, живеела во молитва, пост и духовно искушение.

Кога остарела, ѝ се јавил ангел кој ѝ порачал да се врати во родниот крај. Таа се вратила во Епиват, каде што живеела уште две години, а потоа починала. Бидејќи жителите не знаеле која е, била погребана надвор од градот како непозната туѓинка.

Преданието за нејзините мошти

Според црковното предание, неколку години по нејзината смрт, во близина на местото каде што била погребана бил закопан и починат човек. При откопувањето на гробот, присутните забележале дека телото на светицата не се распаднало.

Во преданието се раскажува дека една ноќ на човек што учествувал во погребот му се јавила светителка во сон и побарала нејзините мошти да бидат извадени и достоинствено положени на друго место. Така, според верувањето, било откриено чие тело почивало во гробот.

Моштите на Света Петка првично биле пренесени во црква во Епиват, а подоцна, во текот на историјата, биле преместувани на повеќе места. Биле чувани во Трново, во денешна Бугарија, потоа во Влашко, Белград и Цариград.

Денес нејзините мошти се наоѓаат во градот Јаш, во Романија, каде што голем број верници доаѓаат да им се поклонат.

Во народното верување и денес постои предание дека Света Петка може да им се јави на луѓето во сон, носејќи им утеха или предупредување.

Зошто Света Петка е толку почитувана во Македонија?

Култот кон Света Петка е широко распространет и во Македонија. Во нејзина чест се изградени цркви и манастири, а бројни извори и лековити води во народната традиција се поврзуваат со нејзиното име.

Во различни делови од земјата се негуваат посебни обичаи за Петковден. Верниците го одбележуваат празникот со молитва, посета на храмовите и палење свеќи, а некаде се носат и леб, пченица и вино.

Еден од познатите обичаи е таканареченото „петолебие“, при кое верниците носат пет леба во црквата. Обичајот се поврзува со библискиот настан во кој Исус Христос со пет леба нахранил пет илјади луѓе. По осветувањето, еден од лебовите се враќа кај верникот, додека другите остануваат во храмот.

Што велат народните обичаи за Петковден?

Петковден во народната традиција се смета за значаен празник, кој треба да се помине во мир, молитва и почит. Верниците често се воздржуваат од тешки физички работи и денот го посветуваат на семејството и духовниот живот.

Во некои средини постои обичај во црквата да се носат дарови, како масло за јадење или облека, наменети за оние на кои им е потребна помош.

Иако обичаите се разликуваат од регион до регион, заедничка е вербата во заштитничката улога на светицата и молитвата за здравје, мир и благосостојба.

Петковден и денес има посебно место во духовниот и народниот живот на многу семејства во Македонија, а преданијата за Света Петка продолжуваат да се пренесуваат од генерација на генерација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Скопје посебен сообраќаен режим на посета доаѓа претседателката на парламентот на Косово

Претседателката на парламентот на Косово, Албуљена Хаџиу, денеска доаѓа во Скопје. За време на посетата таа ќе престојува во македонското собрание, каде што ќе се сретне со собранискиот спикер.

Во Скопје посебен сообраќаен режим на посета доаѓа претседателката на парламентот на Косово

Според информациите на прес-службата на собранието, Хаџиу ќе биде пречекана со високи државни и воени почести, по што ќе оствари тет-а-тет средба со претседателот на парламентот Африм Гаши.

Ќе се потпише и во книгата на впечатоци.поради посетата на делегацијата од Косово, денеска во главниот град ќе има посебен сообраќаен режим во централното градско подрачје. МВР апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер