2Кузеска: Виновните за Алта банка седат во Владата – истрага за Мицкоски, Славески и Кочовска веднаш!
ЖивотВо Неапол се појави пица со моцарела „Папа Лав“, како и фигури со неговиот лик (ФОТО)Неапол денес го одбележа изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква со пици направени со моцарела, наречени „Папата Лав“, и теракотни фигурини со ликот на новиот папа.Сопственикот на пицерија во стариот шпански кварт во Неапол, Чиро Месере, рече дека му се допаднал првиот говор на папата Лав XIV, во кој тој повика на мир и дијалог. „Се надевам дека ќе продолжи по патот што го посочи папата Франциск, особено во однос на вниманието кон најслабите во светот“, рече тој, пренесува Анса. 🇮🇹🍕 Naples, Italy – The city honors Pope Leo XIV with a pizza named after him and nativity figurines in his likeness. pic.twitter.com/1O35HGXC7o — West Vigil (@WestVigil) May 9, 2025 Скулпторката Џени ди Вирџилио изјави дека цела ноќ изработувала фигурини со ликот на папата, врз основа на една од фотографиите направени вчера на кои Лав XIV ги поздравува верниците. Американскиот кардинал Роберт Френсис Превост беше избран за нов папа во четврток, на вториот ден од конклавата во Систинската капела. Папата Франциск почина на 21 април на 89-годишна возраст.Тагови: Неапол Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветКина донесе нов закон за Антарктикот, со цел заштита на своите интересиКина донесе закон со кој се заоструваат прописите за нејзините активности на Антарктикот и се воведува подетално уредување на истражувањата на овој континент.Слично како и Соединетите Држави, Кина го проширува своето присуство на Антарктикот и на Арктикот, со цел истражување на поларните ресурси. Според „Ројтерс“, официјалната цел на законот е да ги поттикне кинеските научни истражувања, истовремено штитејќи ја безбедноста на националните операции, имотот и другите интереси на Кина на Антарктикот. Законот наложува за време на кинеските операции да се заштитат флората и фауната, отпадот соодветно да се отстранува, а загадувањето на морето да се спречува. Исто така, се бара избегнување или ублажување на штетните влијанија врз животната средина. Издавањето дозволи за кинески истражувања, туризам, пловидба и други активности ќе зависи од исполнувањето на низа критериуми поврзани со животната средина, безбедноста и други аспекти. Станица за следење на атмосферата Во изминатите две години, Кина управува со станица за следење на атмосферата на Антарктикот. Овој објект служи за следење на промените во животната средина и дава придонес кон глобалниот одговор на климатските промени. Кина е потписничка на Договорот за Антарктикот, со кој континентот е дефиниран како научен резерват отворен за истражувања, при што се забранети воени активности. Таа е исто така страна потписничка на Протоколот за заштита на животната средина од 1991 година, со кој се воведува 50-годишна забрана за рударство и истражување на нафта. Извор: Индекс.хрТагови: Антарктикот Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
МакедонијаКузеска: Виновните за Алта банка седат во Владата – истрага за Мицкоски, Славески и Кочовска веднаш!Овде, зад мене, во Владата се главните виновници кои дозволија Алта банка да влезе во Македонија, со сомнителен капитал.СДСМ уште пред една година предупреди за Алта банка, дека е про-режимска банка создадена од криминалните кланови и перланица на пари на Вучиќ. Сега народот пати и не може да дојде до своите пари. А овие во владата лажат, си ја префрлаат одговорноста за да се спасат и пробуваат да го заташкаат скандалот. Трајко Славевски вели имало консултации Кочовска вели немало и не била информирана. Штом зинат лажат. Еве го записникот од седница на Владата од 23 септември 2025 година. На предлог на Кочовска Владата на Мицкоски носела Заклучоци за преземање акции од страна на Алта Банка АД Белград на 16 јавни институции. Мицкоски и Славевски ја внесоа Алта банка во Македонија, со сомнителен капитал, која сега е под стечеј, без лиценца и под истрага за криминал. А Владата на Мицкоски, на истиот Давор Мацура му овозможила да се стекне со поголем пакет акции на сметка на државата. Внимавајте, акции од државни претпријатија се нудени во интерес на Мацура и Алта банка! Денеска луѓето не можат да си дојдат до своите пари. Редици, гужви, нервозни граѓани, неизвесност. За ова мора да има одговорност! Сега тие што ги носеа штетните одлуки, што овозможија влез на Алта банка најавуваат продажба на нов сопственик. Целта е да се заташка работата, да не се открие криминалот. Кој би сакал да земе банка со ваква репутација и банка која е под и под сомнеж за потеклото на капиталот? Власта врши притисок врз потенцијални купувачи, на една странска а од пред некој ден и на една домашна банка. Бараме, ОЈО да не чека и да не се правда дека има време. Нема време, се касни 11 месеци. Веднаш да отвори истрага и за Мицкоски, Славевски и за Кочовска. Да се вклучи и Европското обвинителство за да се провери текот на сите пари за Алта банка. Сите вмешани во скандалот со Алта банка да одговараат. Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканИзмама вредна 100 милиони евра: Разоткриени шверцери на луксузни возила, претреси и во ХрватскаЕвропското јавно обвинителство (EPPO) разби криминална мрежа која извршила измама со ДДВ во вредност од 100 милиони евра преку увоз и продажба на луксузни автомобили. Во операцијата „Џавелин“ (Javelin) биле уапсени 13 лица, а претреси се спроведени во пет европски земји, меѓу кои и Хрватска. Како што соопшти Европското јавно обвинителство, вчера, во рамките на опсежна истрага, биле спроведени претреси во Австрија, Хрватска, Чешка, Германија и Полска, во кои учествувале повеќе од 900 даночни службеници и полицајци. Во Германија и Австрија се уапсени 13 лица, а истрагата се води против повеќе од 50 осомничени. Истовремено, беа извршени налози за одземање имот во вредност од дури 26 милиони евра. Во Берлин се одземени два имота, меѓу кои и еден во кој се наоѓа хостел, а во Хрватска биле одземени седум имоти. Исто така, се замрзнати банкарски сметки и одземени десетици автомобили, вклучително и скапи луксузни возила, како и готовина, криптовалути, оружје со муниција и неколку луксузни часовници. Според доказите собрани досега, оваа сложена шема била организирана од петмина осомничени предводници и двајца даночни советници, а интегрираниот систем функционирал најмалку од 2016 година. Тие ги искористиле правилата на Европската унија, според кои прекуграничните трансакции меѓу земјите-членки се ослободени од ДДВ. Компании од неколку земји на ЕУ, вклучувајќи ги Австрија и Чешка, пријавиле продажба на луксузни автомобили на компании во Берлин, кои ја имале улогата на таканаречени „исчезнати трговци“. Според прописите на ЕУ, германските компании ги купувале автомобилите по нето-цена, без ДДВ, но при нивната препродажба на купувачи во Германија, тие биле должни да пресметаат ДДВ и да го уплатат кај даночните органи. Наместо тоа, како што се сомнева, тие го наплаќале ДДВ-то, а потоа исчезнувале или престанувале со работа, без да платат даноци кон државата. Автомобилите потоа биле препродавани преку посреднички компании, таканаречени „тампон-компании“ (buffers), чија задача била да ја прикријат измамата и да им дадат изглед на легитимност на трансакциите. На крајот, возилата биле продавани во друга земја од ЕУ, а последниот купувач во Германија можел да побара поврат на ДДВ-то платено на добавувачот, иако тој данок никогаш не бил уплатен во државниот буџет. На овој начин, според обвинителството, осомничените се стекнале со незаконска добивка проценета на 100 милиони евра, која потоа ја испрале со цел да го прикријат нејзиното вистинско потекло. Оваа акција беше спроведена под надзор на Европското јавно обвинителство (EPPO) од страна на органите за спроведување на законот во пет земји. Во Хрватска учествуваше PNUSKOK, со поддршка од полициските управи во Загреб и Задар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00