СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!
2СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!
3ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ
НБАВо НБА заработи 200 милиони долари- сега му се посвети на риболовот НБА ѕвездата Бен Симонс одлучи да го стави на чекање своето потенцијално враќање во кошарката за да се посвети на нова кариера - професионален риболов.29-годишникот стана сопственик на тимот „Саут Флорида Сеилс“ кој се натпреварува во Спортското првенство за риболов (SFC). SFC, основана во 2021 година, е професионална лига за морски риболов која собира 16 елитни клубови за риболов. Симонс, трикратен НБА Ол-стар (од 2019 до 2021 година), го одигра својот последен натпревар на 13 април за ЛА Клиперс против Голден Стејт Вориорс, завршувајќи го својот краток престој во Калифорнија со едногодишен договор вреден минимум 1,1 милион долари. Страст за риболов Запрашан за враќањето на теренот оваа сезона, Симонс беше јасен. „Не мислам дека има смисла само да заземам место за да бидам таму. Мислам дека е малку себично, но сакам да го достигнам врвот на моите способности и кондиција за да можам да се натпреварувам. Инаку, тоа не ми прави никаква корист“, рече тој, додавајќи дека можеби ќе се врати на средина од сезоната, ако не и следната сезона. Симонс, кој често ја покажува својата страст за риболов на социјалните мрежи, призна дека спортот може да биде заморен и исцрпувачки, но нагласи дека на крајот на краиштата е многу забавен. „Тоа е многу нишен спорт“, изјави Симонс за Andscape. „И ако не знаете, не знаете. Но, откако ќе го доживеете и ќе излезете таму и ќе видите за што се работи, ќе бидете воодушевени од тоа што е спорт. И тоа е нешто што отсекогаш ме интересирало во однос на спортскиот риболов. Техниката. И има толку многу во тоа што луѓето едноставно не го разбираат“, објасни тој и заклучи: „Тие момци ловат на бродови од повеќе милиони долари и се таму со денови. Значи, е заморно и тешко, но е многу забавно. Тоа е еден од оние светови што едноставно мора да ги доживеете, да влезете во него и да видите за што се работи.“ View this post on Instagram A post shared by Sport Fishing Championship (@sportfishingchampionship) Тој се сметаше за новиот Леброн Симонс беше првиот избор на НБА драфтот во 2016 година, а дури и пред неговото пристигнување во НБА, тој се сметаше за новиот Леброн Џејмс. Главната причина беше ретката комбинација од висина и преглед на играта. Симонс беше висок околу 208 сантиметри и играше како примарен плејмејкер, практично плејмејкер во телото на крилен центар, што во тоа време најмногу личеше на профилот на Леброн. Во НЦАА, тој имаше статистика „ол-раунд“ (поени, скокови, асистенции) и покажа дека може сам да го носи нападот, па затоа медиумите лесно ја залепија етикетата на новиот Леброн. Во НБА, тој не ги оправда целосно очекувањата, иако три пати беше НБА Ол-стар. Тој беше најдобриот почетник во 2018 година, а само еднаш беше вклучен во една од трите најдобри петорки во сезоната. Во 2020 година беше дел од третата најдобра петорка. За време на неговата деветгодишна НБА кариера, тој заработи импресивни 203 милиони долари.Тагови: НБА риболовот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЉупчо Пренџов избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕПратеникот Љупчо Пренџов е избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки. Одлуката ја донел партискиот Извршен комитет на седницата одржана на 12 ноември, објави Пренџов на Фејсбук.Тој му се заблагодари на лидерот Христијан Мицкоски за довербата и на членовите на Извршниот комитет за поддршката, оценувајќи го изборот како ново поглавје во својот политички ангажман. „Довербата е обврска. Одговорноста е да се оправда со работа и резултати“, напиша Пренџов. Пренџов претходно беше организациски секретар на Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), а во март 2017 година беше избран за потпретседател на таа партија. Во Собранието влезе во 2020 година како претставник на ГРОМ, од листата на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Драган Ковачки беше избран за генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на 6 февруари годинава, кога Централниот комитет го избра и новиот состав на Извршниот комитет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
РакометВо сабота во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ ракометно дерби, Вардар- АлкалоидВо сабота нè очекува уште едно големо ракометно дерби – Вардар против Алкалоид. Видеолотарија и навивачите со силна подршка на трибините за црвено-црните.Дерби-натпреварот меѓу Вардар и градскиот ривал Алкалоид, закажан за сабота, 14 ноември, со почеток во 18:30 часот, ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“, наместо во малата сала на СЦ „Јане Сандански“. ВЛТ е со Вардар! Ги повикуваме сите навивачи во сабота да бидат дел од црвено-црната енергија и со гласна поддршка да му помогнат на тимот во дербито. Вардарци, се гледаме во СЦ „Борис Трајковски“!Тагови: РК Вардар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!Колку повеќе прашања за одговорност се отвораат за Алта банка, толку по панично Христијан Мицкоски ја брани. Од што се плаши Мицкоски најмногу? Од вистината. Од тоа што ќе го покажат документите за влезот на Алта банка во Македонија, што ќе се откие потеклото на капиталот, трансакциите и сметките и ќе ги потврдат неговите врски со криминалниот картел на Вучиќ. Мицкоски и Трајко Славески ја донесоа Алта банка во Македонија, ја внесоа пералницата на пари на Вучиќ. Славески јавно призна дека одлуката ја донел по консултации со Мицкоски. Во Србија има истрага, Алта банка е под стечај, сопственикот е приведен, се истражуваат 380 милиони евра. Дури се споменуваат сомнежи и за печатење пари. Во Македонија граѓаните не можат да дојдат до своите пари а Мицкоски и Славески сакаат да го заташкаат скандалот за да се спасат од одговорност. Обвинителот Ненад Савески треба да го прекине молкот и веднаш да постапи по кривичната пријава што ја поднесе СДСМ. Гувернерот Трајко Славески има директна одговорност. Основани се сомненијата за несовесно работење во службата и злоупотреба на службената положба и овластување при одобрувањето на преземањето на банката и спроведувањето на надзорот. Зошто не биле направени потребните проверки на сопственикот Давор Мацура, потеклото на капиталот за кој има инофрмации дека е од криминал и дрога, зошто не се пресметале ризиците? Савески треба да преземе мерки на претпазливост, вклучително привремена забрана за вршење на должноста на Трајко Славески, за да се спречи влијание врз сведоците, уништување на документацијата и доказите. Обвинителството мора да покаже дека работи независно и по закон. Скандалот со Алта банка нема да се заташка. Правдата доаѓа. Од Мицкоски до Славески – сите ќе одговараат! Скопје, 13.11.2026 година СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter