Во напад на јеменските Хути врз јужниот дел на Саудиска Арабија повредени се 11 цивили - Канал 5

Во напад на јеменските Хути врз јужниот дел на Саудиска Арабија повредени се 11 цивили

Во напад на јеменските Хути врз  јужниот дел на Саудиска Арабија повредени се 11 цивили. Кралството предупреди на координирани напади од страна на Хутите и ирачките милиции поддржани од Иран.

Во напад на јеменските Хути врз  јужниот дел на Саудиска Арабија повредени се 11 цивили

Портпаролот на воената коалиција предводена од Саудиска Арабија која ја поддржува меѓународно признатата влада на Јемен, утринава изјави дека во нападот во јужната покраина Наџран се повредени седум Саудијци, еден Јеменец, двајца Египќани и еден пакистански државјанин.меѓу жртвите е и четиригодишно дете кое претрпе изгореници од втор степен.

Тој ги обвини Хутите кои се сојузници на Иран, за неселективно гранатирање на цивилни области, кршејќи го меѓународното хуманитарно право и рече дека коалицијата ќе продолжи да презема сите потребни мерки за заштита на цивилите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Серафимовски оствари средба амбасадорката на Сојузна Република Германија, Н.Е. Петра Дрекслер

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски денес се сретна со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Н.Е. Петра Дрекслер.

Министерот Серафимовски оствари средба амбасадорката на Сојузна Република Германија, Н.Е. Петра Дрекслер

Во фокусот на разговорот беа модернизацијата на земјоделското производство, примената на современи технологии, приспособувањето кон климатските промени и усогласувањето со европските стандарди. Од двете страни беше истакната важноста на размената на знаење и искуства како основа за зголемување на конкурентноста на земјоделство.

„Германското искуство покажува дека продуктивноста и одговорниот однос кон природните ресурси можат да се развиваат компатибилно, односно унапредувањето на земјоделството не мора нужно да биде на штета на природата. Овие искуства се корисни и затоа нашата намера е да ги преточиме во практични решенија што ќе донесат повисок квалитет, поголема отпорност на производството на климатските промени и конкретна корист за земјоделците“, истакна министерот Серафимовски.

Министерот Серафимовски ги претстави приоритетите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, кои се насочени кон зголемување на домашното производство, подобрување на квалитетот и пласманот на земјоделските производи, порационално користење на водните и шумските ресурси и создавање поодржлива економска перспектива за руралните средини.

На средбата посебно внимание беше посветено на можностите за експертска и институционална соработка, поврзување на релевантните институции и стопански субјекти, како и отворање простор за идни иницијативи во областа на иновациите, преработувачката индустрија, развојот на руралната економија и извозот на македонско вино.

Од страна на министерот Серафимовски и амбасадорката Дрекслер беше потврден заедничкиот интерес за продолжување на дијалогот и за препознавање на нови конкретни области во кои македонско-германската соработка може да добие дополнителна развојна содржина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Борозан: Власта под радарот турка дата центри за профит - ги става во ризик водата, струјата и земјоделството

Власта на Мицкоски и ВМРО-ОКГ под радарот и зад грбот на народот турка проекти за дата-центри кои можат директно да ги загрозат водата, струјата и македонското земјоделство.

Борозан: Власта под радарот турка дата центри за профит - ги става во ризик водата, струјата и земјоделството

Освен во Пехчево, веќе објавивме дека компанија соопштила јавно дека за дата центри во Македонија добила капацитет на струја од 100 мегавати и директен пристап до реката Вардар за ладење од страна на Владата.

За ова владата нема ништо нема соопштено.

Се прават дилови за профити додека се крие од јавноста какви обврски се преземаат и како овие проекти ќе влијаат врз природните, енергетските ресурси во државата и земјоделието.

Овие дата-центри трошат огромен капацитет на струја.

Поради тоа што струјата ќе се троши повеќе, ќе има поголем увоз од странство.

А сите знаеме кој профитира од зголемениот увоз на струја.

Што ќе значи ваквата потрошувачка за цената на струјата за граѓаните? Колку ќе ги чини?

Кој гарантира дека граѓаните нема да плаќаат повисока цена за струјата за некој друг да прави огромни профити?

Понатаму, прашањето е и за огромната количина на вода која што ќе ја користат дата-центрите, кои што Организираната криминална група на ВМРО ги турка под радар за профит.

Кој гарантира дека земјоделците нема да останат без вода за наводнување заради дата-центрите?

Земјоделскиот сектор и земјоделците се целосно запоставени, сега им следи нов удар поради тоа што водата ќе биде пренасочена за ладење на дата-центри?

Штом сето ова се турка без отворена и транспарентна постапка пред граѓаните јасно е дека целта е дебели профити за Организираната криминална група, врз грбот на народот.

YouTube video

Прес конференција на СДСМ, Маја Борозан

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почина уште еден заболен од западно-нилска треска

Уште еден, шести по ред  смртен случај од западно-нилска треска во Македонија, соопштија денеска здравствените власти. 

Почина уште еден заболен од западно-нилска треска

Станува збор за 72-годишен маж од Аеродром, кој бил хоспитализиран пред 15 дена со тешка клиничка слика.

Во Ресен е пронајден угинат гавран кај кого надлежните детектирале западнонилска треска.

Западнонилската треска бележи драстичен пораст повеќе од десет новозаразени за една седмица. Од вкупно 53 случаи, 50 се потврдени, додека за три се очекуваат резултатите од дополнителните тестирања.

На Клиниката за инфективни болести во Скопје во моментот се хоспитализирани 18 пациенти. Најмладиот, 26-годишен пациент е во добра состојба, а петмина пациенти се на Интензивна нега со тешка клиничка слика и сите се повозрасни лица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер