3Таткото на Меган Маркл се соочува со тешки обвинувања за силување деца, синот тврди дека пронашол снимки (ВИДЕО)
ФудбалВо најава втор најголем трансфер во историјата на фудбалотПретседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез подготвува понуда од 200 милиони евра за фудбалерот на Тотенхем, Хари Кејн, објавија шпанските медиуми. Доколку се оствари овој трансфер би бил втор најголем во историјата на фудбалот. Рекордот е 222 милиони евра платени од страна на ПСЖ за бразилската ѕвезда Нејмар. Реал сака со ангажман на Кејн да добие на подолг рок фудбалер кој ќе може соодветно да одговори на повеќе позиции во нападот. Останува да се почека некој од следните преодни рокови и да се види дали премиерлигашот ќе се согласи да го продаде својот напаѓач кој оваа сезона ја започна одлично. Тој постигна шест гола на седум средби е меѓу најзаслужните за високиот пласман (3.место) на табелата веднаш зад водечкиот тандем од Манчестер. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Нека ни е честит и вековит 23 Октомври! По повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, со положување свежо цвеќе и оддавање почит, го одбележавме овој значаен датум од македонската историја.Со гордост и благодарност се сеќаваме на храброста, пожртвуваноста и делата на сите оние кои се бореле за слободата, самостојноста и иднината на македонскиот народ. Нивната борба е наша обврска да продолжиме да градиме подобра, посилна и просперитетна Македонија. Нека ни е честит и вековит 23 Октомври! Нека ни е вечна Македонија!, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05Мицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
ЕвропаКрвава престрелка во близина на Париз: Маж пукал од автомобил, има мртви и ранети Најмалку едно лице е убиено, а неколку други се ранети во пукотница што се случи утрово во департманот Ивлин, во западниот дел од регионот на Париз, кога маж отворил оган од возило на улицата, објавија француските медиуми.Според извори запознаени со случајот, осомничениот отворил оган од возило на улиците на градовите Трап и Ла Вериер околу 10:30 часот, објави BFM. Мажот отворил оган на улица во Трап, во Ивлин, користејќи автоматска пушка, убивајќи едно лице и ранувајќи неколку други, објави Le Parisien, потврдувајќи ги информациите од весникот „Aktu17“. Осомничениот за пукотницата е уапсен од Бригадата за борба против криминалот (BAC), објави парискиот весник, а телевизијата BFM објави дека е уапсен во градот Коањер. Префектурата Ивлин соопшти дека службите за итни случаи моментално реагираат. „Утрово, едно лице отвори оган од своето возило врз неколку луѓе со кои се сретна во Трап и Ла Вериер. Со жалење известуваме за смртта на едно лице во оваа фаза“, напиша градоначалникот на градот, Али Рабех, на Фејсбук. Според претходните информации, најмалку две лица се тешко повредени, а бројот на повредени може да биде поголем.Тагови: Париз Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаДвајца уапсени во кафуле во Тетово- кај газдата пронашле 15 пакувања дрогаАкциска контрола во угостителски објект во Тетово, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица.На 23.10.2026, полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција при СВР Тетово и од мобилниот тим „Task Force“ во координација со претставници од Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи спроведоа акциска контрола во угостителски објект во Градскиот трговски центар во Тетово. Притоа, пред објект бил затекнат М.Р.(48) од Тетово и при преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја, по што е лишен од слобода. Додека, внатре во објектот, кај сопственикот Ј.Т.(54) од село Требош биле пронајдени 15 пакувања со бела прашкаста материја, по што и тој е лишен од слобода. Двајцата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter