Во музеј во Лондон вандализирано ремек дело на Пикасо, вредно 20 милиони фунти

20 – годишен маж доби кривична пријава  откако вандализирал слика на Пикасо, вредна 20 милиони фунти во галеријата Тејт Модерн во Лондон.

Во галеријата било изложено ремек делото на сликарот, Bust of a Woman од 1944 година. Од музејот е соопштено дека ремек делото било искинато.

Во Судот во Кембервел, Шакил Меси (20) од северен Лондон, го негирал обвинението.

Тој е во притвор до предистражното рочиште на 30 јануари.

Според Тејт, уметничкото дело ја прикажува љубовницата на Пикасо, Дора Маар и е насликана во Париз во мај 1944 година, за време на последните месеци од нацистичката окупација.

Галеријата не даде детали за нејзината состојба. Портпаролот изјави: "Уметничкото дело му е дадено на конзервација на тимот за експертско оценување. Тејт Модерн останува отворен".

Хрватска упати протестна нота до Србија поради нападот врз нејзини граѓани во Панчево

 Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска упати протестна нота до Србија во врска со физичкиот напад врз четворица хрватски државјани минатиот викенд во Панчево, соопштено е денеска во Загреб.

„Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска упати протестна нота до Република Србија во врска со неиспровоцираниот тежок физички напад што се случи на 13 април во Панчево, врз четворица хрватски државјани, како и врз двајца српски државјани кои дошле во нивна одбрана“, се вели во соопштението на министерството.

Хрватското Министерство најостро го осуди тој чин, кој, според достапните информации, е јасно национално и етнички мотивиран.

Во Мексико Сити измерени рекордни 34,2 степни Целзиусови

Во главниот град на Мексико вчера е регистрирана рекордно висока температура од 34,2 степени Целзиусови (93,6 Фаренхајти), изјави директорот на Националната комисија за води, Герман Мартинез Сантојо.

Тој додаде дека претходниот рекорд од 33,9 степени Целзиусови во Мексико беа измерени на 9 мај 1998 година. /МИА

Уапсен малолетник од Тетово кој одзел автомобил

- Полициски службеници ноќеска уапсиле малолетник во Тетово, кој украл возило „фолксваген пасат“. Возилото и е вратено на сопственичката, а против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава.

- Ноќеска, во 02.05 часот во Тетово, полициски службеници лишиле од слобода малолетник. Тој се сомничи дека околу 01.00 часот од ул. „Благоја Тоска“ во Тетово одзел патничко возило „фолксваген пасат“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на тетовката М.С.(46), по што бегајќи со возилото оштетил друго патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на тетовецот Ш.С.(45), информираат од МВР.

Возилото било пронајдено и вратено на сопственичката, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

притисни ентер