Во Музеј Неготино биенална изложба на цртежи ,,Скици 2022″ - Канал 5

Во Музеј Неготино биенална изложба на цртежи ,,Скици 2022″

Во Музеј на град Неготино денеска беше отворена биенална изложба на цртежи „Скици 2022“, во соработка со НУЦК „Трајко Прокопиев“ од Куманово.

Во Музеј Неготино биенална изложба на цртежи ,,Скици 2022″

Директорката на Музејот, Драгица Чекорова информираше дека со оваа изложба, започнуваат тековните активности и настани на културната установа.

Таа рече дека осмото издание на биеналната изложба на цртежи „Скици 2022“, проект на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово, претставува континуиран напор за реализација на идејата, цртежот како ликовна дисциплина и понатаму да биде актуализиран и промовиран, пред пошироката публика и ликовната критика.

Чекорова соопшти дека можноста за вклучување на повеќе категории на ликовни уметници, сликари, графичари, скулптори, како и слободата во изборот на техниката и темата, понуди разновидни инвентивни цртачки решенија, базирани пред сè на индивидуални афинитети и изразни можности.

Таа нагласи дека цртежите се дадени како почетна идеја за реализација на подоцнежни визуелни решенија, но дел од нив се конципирани како комплетни автономни завршени ликовни дела, способни независно да егзистираат во просторот.

– Личниот творечки печат на 14 автори од повеќе генерации, како и специфичниот третман на цртежот, се главната карактеристика на оваа цртачка збирка, на триесетина цртежи во разни формати. Но, она што ги поврзува, е, секако, афинитетот кон креативното изразување, слободата што ја дава цртежот, како и специфичната ликовна естетика, креирана инстантно и непосредно, рече Чекорова.

Во изложбениот салон се поставени 19 дела од академски ликовни уметници од Куманово. Зоран Јакимовски, Мухамедали Алили-Дали, Стефан Јакимовски, Ханифе Ислами, Дејан Арсовски-Бабата, Зоран Арсовски-Бабата, Милена Арсовска, Симона Јакимовска, Александар Стефановски, Ана Јовановска, Валентина Илијевска, Стефан Анчевски, Марија Величковска и Симона Димковиќ.

Свое обраќање пред присутните, имаше и директорот на НУЦК „Трајко Прокопиев“ од Куманово, Сашо Тодоровски, кој појасни за концептот на „Скици 2022″./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Орбан гостин во Гуча на фестивалот на трубачи (ВИДЕО)

Поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан, летниот одмор деновиве го минува во Гуча, србија, каде што се одржува 65-тиот собир на трубачи.

Орбан гостин во Гуча на фестивалот на трубачи (ВИДЕО)

Присутните биле изненадени од ненајавениот гостин, кој го опишуваат како обичен, без дистанца, насмеан, опуштен и подготвен да ужива во скара и пиво.

Српските медиуми објавија и видео на кое се гледа дека Орбан не одбива да прави селфи слики со посетителите и мирно шета по улиците, без видливо обезбедување.

Орбан беше премиер 16 години, пред да ги загуби изборите во април годинава од Петар Маѓар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нагасаки одбележа 81 година од атомското бомбардирање

Во Нагасаки денеска се одржа комеморација по повод 81-годишнината од американското атомско бомбардирање на градот.

Нагасаки одбележа 81 година од атомското бомбардирање

Во 11.02 часот по локално време, присутните оддадоа минута молчење во чест на жртвите. Токму во тој час на 9 август 1945 година американски бомбардер фрлил атомска бомба врз Нагасаки.Градоначалникот на Нагасаки, Широ Сузуки, во декларацијата за мир порача дека нуклеарното оружје не е „нужно зло“, туку „апсолутно зло“ кое не може да коегзистира со човештвото.

Јапонската премиерка Санае Такаичи порача дека земјата останува посветена на трите ненуклеарни принципи и дека ќе продолжи со „реални и практични“ напори за создавање свет без нуклеарно оружје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран објави снимка од Хамнеи, но непознато е кога и каде е направена

Иранската агенција „Мехр“ објави нова снимка на врховниот лидер на Иран, Модџтаба Хамнеи, во момент кога сè погласни се шпекулациите за неговата здравствена состојба.

Иран објави снимка од Хамнеи, но непознато е кога и каде е направена

На краткото видео, кое „Мехр“ го објави на „Телеграм“ и на својата официјална веб-страница, Хамнеи разговара со група луѓе.

Агенцијата не соопшти кога и каде е направена снимката, ниту пак ги идентификуваше лицата кои се појавуваат со него.

Снимката е објавена откако во медиумите и на социјалните мрежи се појавија тврдења дека Хамнеи бил хоспитализиран и дека неговата здравствена состојба е сериозна. Хамнеи беше избран за врховен лидер во март годинава, откако во воздушен удар беше убиен неговиот татко и неколку членови на семејството, а од тогаш воопшто не се појавил во јавност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер