3Тошковски на Форумот на шефови на гранични полиции: Европската безбедност се гради заедно со Западен Балкан
2Тензии во Ал Наср. Постекоглу го замени бесниот Роналдо и го пресвртна резултатот од негатива од 0–2
КултураВо Музеј Кавадарци отворена изложбата „Откривање на нашата природа“„Откривање на нашата природа“ е насловена изложбата што синоќа беше отворена во Музеј галеријата во Кавадарци.„Откривање на нашата природа“ е насловена изложбата што синоќа беше отворена во Музеј галеријата во Кавадарци, љубителите на уметноста имаат можност да ги видат делата на ликовните уметници Ивона Велковска, Катерина Филипоска Стефановска и Розета Картова. Зорица Ташовска Илова, историчарка на уметност во Музејот, рече дека оваа прекрасна поставка не е само изложба на слики, ова е еден уникатен ликовен дијалог помеѓу три авторки кои иако различни по својот израз, се суштински поврзани. Тие, истакна, не водат на двонасочно патување. Едно што гледа кон пејзажите околу нас и друго што гледа длабоко во нас, во интимните предели на душата. Притоа, честитајќи им на авторките, нагласи дека оваа поставка е мозаик од техника и визии. - Додека шетате низ галеријата ќе забележите три различни пристапи. Ќе видите неверојатен реализам. Делата што ги прикажуваат даровите на природата, сочните малини, капините, грозјето и сливите се насликани со таква прецизност, што речиси го будат чувството за вкус кај набљудувачот, подвлече таа. Притоа додаде дека уметничкиот фокус е ставен на живоста на црвените и виолетовите тонови, слевајќи ја виталноста и циклусот на зреење. Наспроти мазниот реализам, рече таа, изложбата нуди и дела каде што површината на платното оживува преку релјеф и текстура. Земјените тонови, окер нијансите и белата боја формираат органски облици што потсетуваат на бранови, песочни брегови или стилизирани флорални и животински мотиви, како афионот, грозјето и раскошната фигура на паунот. - И конечно приказната се заокружува со енергијата на пејзажот. Од мирот на зелените шумски патеки, па се до динамичните сини вртлози на водата и космосот, овие слики играат со светлината движејќи се од импресија до геометриска и експресивна апстракција. Она што ги поврзува сите овие различни пристапи е една заедничка порака. Природата е во нас, исто колку што ние сме во неа, подвлече Ташовска Илова. Таа потенцираше дека авторките создадоа простор каде различностите не се судираат, туку создаваат една хармонична целина. Пред присутните во музејот се обратија и авторките на изложбата. Директорот на Музејот, Јаким Зимоски се осврна на успешноста во годината што изминува на културен план. Тој изрази задоволство, рече дека е една од најдобрите, на оваа културна институција, се успеало да се задоволат вкусовите на сите љубители на уметноста што биле дел од културните настани. Зимоски најави дека следната година, Музеј галеријата во Кавадарци ќе слави педесет години од постоењето на институцијата, со педесет настани.Тагови: Кавадарци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Лука Дончиќ фотографиран со „Плејбој зајачица“-Светот бруи за нова врска и скандалозна забава.Еден од најдобрите свтески кошаркари, Словенецот, Лука Дончиќ неодамна организираше забава за кошаркарите на ЛА Лејкерс, во родната Словенија. Неговите соиграчи од „Лос Анџелес Лејкерс“ за време на дружбата во Словенија имаа можност да ги доживеат сите убавини на една балканска забава. Лука Дончиќ деновиве престојува во Љубљана по бурниот крај на неговата свршувачка со Анамарија Голтес. Според медиумските извештаи, тој ужива во слободното време и во добрата забава. Неодамна организираше забава за своите колеги кошаркари, која предизвика голем интерес кај светските медиуми. На настанот присуствуваа многу познати личности, но важеа строги правила: фотографирањето и снимањето во клубот беа забранети, а гостите мораа да ги покријат камерите на своите телефони со специјални налепници, пренесува словенечкиот весник „Дневник“. Сепак, вниманието го привлече една посебна дама – манекенката Ања Јенко, која „Њујорк пост“ веднаш ја поврза со Дончиќ. „Лука Дончиќ беше фатен како се бакнува со зајачица од ’Плејбој‘ за време на луда ноќна забава во Словенија“, се вели во веста. Иако американските таблоиди во своите написи инсистираа на тоа дека меѓу нив постои посебен однос, словенечките медиуми сепак пишуваат дека нема веродостојни информации оти Лука и Ања биле особено блиски во текот на вечерта. Ања Јенко е 34-годишна манекенка и ќерка на политичарот Јакуб Јенко. Таа се појави на насловната страница на словенечкото издание на „Плејбој“, а сега е мегапопуларна на социјалните мрежи.Тагови: Лука Дончиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВодно доби нов моторички парк – од паднатите дрвја создадена нова вредност за граѓаните Водно доби нова содржина наменета за движење, рекреација, дружење и развивање здрави навики кај сите генерации. На планината е изграден нов моторички парк, со природни препреки и реквизити наменети за развивање на рамнотежата, координацијата, агилноста, прецизноста и физичката подготвеност. Моторичкиот парк е изработен од здравите стебла на паднатите дрвја по силното невреме што го зафати Скопје. Наместо дрвниот материјал да заврши како отпад, тој е искористен за создавање нова и трајна содржина за граѓаните. „Нашата обврска не е само да ја санираме штетата предизвикана од невремето, туку од секој предизвик да создадеме нешто корисно, трајно и вредно за граѓаните. Здравите стебла од паднатите дрвја добија нов живот и нова намена – денес од нив имаме простор исполнет со движење, енергија и живот“, истакна градоначалникот. Паркот е наменет за различни возрасни групи. Децата преку игра ќе можат да ги развиваат своите моторички способности, додека младите и возрасните ќе имаат дополнителен простор за вежбање, рекреација и квалитетно поминување време во природа. По примерот на Водно, вакви моторички паркови ќе бидат изградени и во Парк-шумата Гази Баба и во Сарај, со што ќе се создадат дополнителни рекреативни содржини на повеќе локации во Скопје. Паралелно со уредувањето на просторот, на местата каде што беа отстранети паднатите дрвја веќе се засадуваат нови садници. Во втората половина на септември ќе започне и голема есенска акција за пошумување на градот. Во рамки на активностите за уредување и обновување на Водно, реконструиран е и патот до Средно Водно, а во тек е уредување на пешачките патеки и обновување на урбаната опрема, која со години беше оставена без соодветно одржување. Дополнително, на Водно и Матка веќе функционира Планинската спасителна служба, која е подготвена за брзи и професионални интервенции во планински услови. Со нејзиното функционирање се зголемува безбедноста на посетителите и се создаваат подобри услови за престој и рекреација во природата. Водно останува едно од најзначајните природни богатства на Скопје, а активностите продолжуваат со цел негово обновување, уредување и развој на содржини достапни за сите генерации. Град СкопјеТагови: Водно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26Трајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат11:53 Одбележување на роденденот на Мајка Тереза11:05Мицкоски на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце09:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
ТехнологијаЛоши вести за „Google“ во Русија: Пристигна пресудата, мора да платат повеќе од 1,63 милијарди евраРускиот суд ја отфрли жалбата на гигантот: „Google Ireland“ мора да плати рекордна сума на сопствената филијала поради спорни трансакции и раскинување на договори.Московскиот окружен арбитражен суд ја отфрли касациската жалба на „Google Ireland Limited“ и „Google International LLC“ против одлуката за наплата на 160,3 милијарди рубљи (околу 1,63 милијарди евра) во корист на руската филијала на „Google“, објави денес Комерсант. Во февруари, московскиот суд му наложи на „Google Ireland“ да плати 101,7 милијарди рубљи (околу 1,04 милијарди евра) од главниот долг и дополнителни 58,6 милијарди рубљи (околу 601,6 милиони евра) камата. Деветтиот арбитражен суд во Москва ги отфрли жалбите на меѓународните структури на „Google“ во јуни, по што тие поднесоа касациска жалба, која сега е одбиена од Московскиот окружен арбитражен суд. Спорот го покрена стечајниот управник на руското правно лице „Google“, Валериј Таљаровски, кој побара одредени трансакции меѓу рускиот и ирскиот дел од компанијата да бидат поништени. Предмет на спорот беше раскинувањето на договорот за препродажба на рекламен простор од 2009 година, како и склучувањето на нов договор во април 2018 година. Таљаровски, исто така, ги оспори плаќањата извршени од руската филијала кон „Google Ireland“ во вкупен износ што надминува 373,7 милијарди рубљи (околу 3,84 милијарди евра), извршени од април 2018 година до март 2022 година. Судот го прифати барањето на стечајниот управник. Руските судови претходно донесоа и други одлуки против „Google“. Во февруари оваа година, Врховниот суд на Русија не прифати да го разгледа барањето на „Google International“ за преиспитување на одлуките на пониските судови што ги признаа тужбите на руските телевизиски канали против рускиот „Google“ за блокирање на нивните канали на „YouTube“. Извор: Б92Тагови: Google русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26Трајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат11:53 Одбележување на роденденот на Мајка Тереза11:05Мицкоски на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце09:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26