Во мозокот на клинички мртвите луѓе е забележана необична активност - Канал 5

Во мозокот на клинички мртвите луѓе е забележана необична активност

Кога хирурзите почнаа да му ги сечат градите на 80-годишниот Обри Остин кој доживеал срцев удар во декември 2020 година, тој одеднаш станал свесен за сè што се случува околу него.

Во мозокот на клинички мртвите луѓе е забележана необична активност

„Им реков да почекаат и да ми дадат уште анестезија. Набрзо сфатив дека не сум во иста димензија како нив и дека не можат да ме слушнат. Лебдев над операционата маса. Видов како лекарите сакаат да ми го извадатр срцето и ме оперираат. Потоа слушнав како некој вели - бубрези“, рече Остин.

„Двата бубрега престанаа да работат во исто време. Знаев дека сум готов. Потоа отидов на следното ниво. Стигнав до Бога, зад него беше светлина. Светлината на таа светлина беше посилна од сѐ што сум видел на Земјата , но тоа не беше заслепувачко“, додаде тој.

"Се појави прекрасен ангел и ме тешеше и ми рече дека сѐ ќе биде во ред и дека треба да се вратам. Сега знам дека ме вратија да им кажам на другите што сум доживеал", рекол Остин, кој сега има 82 години.

Остин доживеал феномен познат како искуство во близина на смртта (NDE). Може да се појави за време на клиничка смрт, односно кога срцето на една личност ќе престане да работи и повеќе не дише. NDE не е секогаш поврзан со срцев удар, тоа може да биде мозочен удар, сообраќајна несреќа или која било друга ситуација во која пациентот, според клиничките стандарди, веќе некое време не е меѓу живите.

Сè уште нема многу информации за тоа што точно се случува во мозокот во последните моменти од нашиот живот. Само минатата година, експертите за прв пат детално ги снимиле мозочните бранови на лице што умира и забележале скок во еден конкретен тип на мозочна активност, гама брановите, заедно со промените во другите фреквенции.

Во една студија објавена во мај оваа година, научниците исто така забележале сличен наплив на краткорочна гама активност кај двајца од четворица пациенти на кои им била симната поддршката за живот, пишува Science Alert.

Иако пред неколку децении научната заедница мавташе со раце за ваквите искуства, наведувајќи дека тоа веројатно биле халуцинации кај мал број луѓе, неодамна тие се сметаат за легитимни - во смисла дека е прифатено дека пациентите навистина ги доживуваат и дека тоа е прилично распространет феномен.

Имено, откако во 1960 година е измислена кардиопулмоналната реанимација, попозната како CPR, милиони луѓе пријавиле искуства кои би можеле да се класифицираат како NDE.

Научниците во новата студија, во која докторот Сем Парнија од здравствената болница NYU Langone во Њујорк, кој го истражува овој феномен долги години, се обидел да открие „скриена свест“ за време на клиничката смрт со мерење на електричната активност во мозокот.

„Многу пациенти зборуваат за истото искуство. Лекарите како мене мислат дека личноста е мртва во тој момент и се обидуваат да ја оживеат, а потоа чувствуваат дека нивната свест станува посилна и дека размислуваат поостро. Тие чувствуваат дека се одвоиле од нивното тело, можат да ги видат и слушнат лекарите и медицинските сестри и да кажат што правеле“, рече Парнија, пренесува Си-Ен-Ен.

Покрај тоа, пациентите кои доживуваат NDE често ги преиспитуваат своите животи, се сеќаваат на мислите, чувствата и настаните што веќе ги заборавиле и се гледаат себеси во морална смисла. Тие, исто така, можат да тврдат дека виделе некоја форма на божественото, за кое Парнија вели дека може да се толкува на различни начини.

„Ако сте христијанин, ќе кажете дека сте го виделе Исус, а ако сте атеист, дека сте сретнале неверојатно суштество полно со љубов и сочувство. Сето ова се пишува повеќе од 60 години“, рече Парнија. .

Како дел од најновото истражување, тимови од обучен персонал следеле лекари кои работеле со клинички мртви пациенти во 25 болници во САД, Обединетото Кралство и Бугарија.

Додека лекарите вршеле CPR, тимовите прикачиле уреди кои мерат кислород и електрична активност на главата на лицето што умира. Просечниот обид за реанимација траел помеѓу 23 и 26 минути. Сепак, некои лекари продолжиле да вршат CPR еден час.

„Немаше движења , видовме скокови - појава на електрична активност на мозокот, истата онаа што ја имаме кога зборуваме или се концентрираме длабоко“, вели Парнија.

Тие пикови вклучуваат гама, делта, тета, алфа и бета бранови, според студијата. За жал, само 53 пациенти преживеале од 567 кои доживеале клиничка смрт и на кои им била измерена мозочната активност, односно 10% од нив.

Научниците разговарале со 28 од нив за можна појава на какво било искуство при реанимација. Само 11 пациенти пријавиле дека биле свесни за време на CPR, а шест пријавиле искуство блиску до смрт.

Но, не сите експерти се убедени во резултатите од истражувањето, кои за прв пат биле презентирани на научни состаноци во ноември 2022 година.

„Медиумите го разнесоа овој најнов извештај за мозочните бранови по срцев удар. Всушност, не е докажана никаква поврзаност помеѓу мозочните бранови и свесната активност“, рече д-р Брус Грејсон од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Вирџинија.

„Тоа е, оние пациенти кои имале искуства блиску до смрт немале скокови во мозочните бранови, а оние кои имале не пријавиле NDE“, објасни Грејсон. Парнија одговори на тој коментар и изјави дека е точно дека студијата не успеала да ја поврзе електричната активност со искуството блиску до смрт кај истиот пациент.

"Немавме доволно голем примерок. Повеќето од испитаниците не преживеаја реанимација. Покрај тоа, оние кои преживеаја често имаат фрагментирани сеќавања или забораваат што доживеале поради тешките седативи што ги добиваат на интензивна нега", вели Парнија.

„Недостапноста на записите не значи дека нема свест. Тврдиме дека оваа област е голема непозната. А клучната работа е што не се работи за халуцинации, туку за вистински искуства кои доаѓаат со смртта“, додаде тој.

Истражувањето Аwareness during Rеsuscitation - II: A multi-center study of consciousness and awareness in cardiac arrest е објавено во списанието Resuscitation.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шефот на Нвидија поднесе оставка по аферата со наводната кинеска шпионка

Јенсен Хуанг (63) поднесе оставка од функцијата извршен директор на „Нвидија“, една од највредните компании во светот и водечки производител на чипови за вештачка интелигенција. 

Шефот на Нвидија поднесе оставка по аферата со наводната кинеска шпионка

Тој, исто така, се повлече од функцијата претседател и претседател на одборот.

Заминувањето на Хуанг доаѓа по откритијата за две вонбрачни афери, од кои едната наводно била со жена за која американските власти се сомневаат дека е поврзана со кинеската разузнавачка служба. Скандалот со шпионката предизвика сериозна криза во „Нвидија“, а вредноста на компанијата падна за стотици милијарди долари во последните денови.

Аферата што ја потресе „Нвидија“

Хуанг минатиот викенд призна дека ѝ бил неверен на својата сопруга, но не го откри идентитетот на жената со која имал афера. Американските медиуми објавија дека жената за која станува збор била Алис Хуанг, бизнисменка со врски со кинеската технолошка индустрија за која се сомнева дека е вмешана во разузнавачки активности.

Управниот одбор на „Нвидија“ започна независна истрага на 8 ноември за можноста Хуанг да бил цел на странска разузнавачка операција. Во исто време, нагласи дека нема причина да се верува дека националната безбедност на САД или трговските тајни на компанијата се во опасност.

Ситуацијата дополнително ескалираше откако „Њујорк тајмс“ објави дека Хуанг имал уште една вонбрачна врска, со Кимберли Пауел, една од раководителите на „Нвидија“ која му била директно подредена. Ова, исто така, покрена прашања за можни судири на интереси и почитување на внатрешните правила на компанијата.

Компанијата изгуби стотици милијарди долари во вредност

Акциите на „Нвидија“ паднаа за повеќе од осум проценти во тргувањето по работното време по извештаите дека одборот на директори размислува за отстранување на Хуанг. Пазарната вредност на компанијата се намали за повеќе од 600 милијарди долари откако избувна скандалот.

Компанијата игра клучна улога во глобалниот развој на вештачката интелигенција. Нејзините процесори се користат во центрите за податоци на најголемите технолошки компании, поради што промените на нејзиното врховни позиции би можеле да имаат последици за целата индустрија.

Крај на 33 години на чело на компанијата

Хуанг е ко-основач на „Нвидија“ во 1993 година и оттогаш континуирано ја води. Под негово водство, компанијата прерасна од производител на графички процесори за компјутери во еден од најважните добавувачи на технологија за вештачка интелигенција.

Неговото заминување го покренува прашањето за идното раководство на компанијата во време кога се соочува со притисок од инвеститорите, контрола од страна на САД врз извозот на напредни чипови во Кина и високи очекувања за развој на вештачката интелигенција. На 17 ноември, Nvidia треба да објави нови квартални финансиски резултати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кривични пријави за петмина насилници кои претепаа 13 - годишник во скопската Влае

Петмина насилници од групата од 20 тинејџери кои претепаа 13 - годишник во скопската Влае пред речиси еден месец, добија кривична пријава од МВР за насилство. 

Кривични пријави за петмина насилници кои претепаа 13 - годишник во скопската Влае

Случајот тогаш го пријави и обелодени мајката на претепаното дете, која кажа дека повозрасните, претежно 16-годишни малолетници, на плоштадот „Делфина“ го тепале со боксови и клоци претежно по главата, а употребиле и метален боскер, по што нејзиниот син завршил со скршени заби, контузија, отоци, модринки и крвни подливи.

-СВР Скопје, по целосно документирање на случајот ќе поднесе кривична пријава против пет малолетни лица од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“,-Гоце Андреевски – Портпарол на МВР.

Ова е само еден од низата случаи на суворово малолетничко насилство кои се случија изминатава година, а вчера една кривична пријава резултираше и со пресуда. На малолетничките кои малтретираа и омаловажуваа 13 годишно девојче, го гореа со цигари и го тераа да јаде измет додека го снимаа во паркот во Ѓорче Петров, им беше доделен поправен дом.

-За предметот со насилство со малолетничка од Ѓорче Петров, со оглед дека се работи за малолетни деца и постапката е тајна, можеме да ви потврдиме дека случајот е првостепено завршен и изречена им е заводски воспитна мерка – упатување во воспитен дом, и тоа една година за две деца, а за две деца 8 месеци,- – Кривичен Суд – Скопје.

Последниот случај на физички напад се случил вчера во гостиварско, каде малолетник од група деца бил нападнат во училишен двор, а малтретирањето го снимале и го објавиле на социјалните мрежи. Од полицијата, по пријавата на таткото на детето, велат дека преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Анима Мунди: Сакаме во Еу, а толерираме суровост кон животните- во ЕУ за ова се оди во затвор!

Замислете го човекот кој во преплашено живо суштество, врзано и изложено на страдање, страв и болка, не гледа апсолутно никаков проблем! 

Анима Мунди: Сакаме во Еу, а толерираме суровост кон животните- во ЕУ за ова се оди во затвор!

Коза на покривот на возило, додека тоа се движи, принудена да се бори за рамнотежа и да се обидува да се исправи. Ова е одвратна суровост без оправдување, крајно непочитување на животот и целосно отсуство на совест, емпатија и одговорност!

Со што сме опкружени кога некој може толку бесчувствително да постапува со живо суштество? И ако ваквото однесување помине без последици, каква порака испраќаме?

Еве го возилото. Јавно ја објавуваме регистрацијата благодарение на хуман и одговорен човек кој го забележал и снимил ова постапување. И не, ова не смее да заврши со згрозување на јавноста и уште еден случај што ќе биде заборавен.

Сакаме во Европската Унија? Тогаш европските стандарди за заштита на животните мора да важат и кај нас не само на хартија! За вакво постапување мора да има сериозна правна одговорност, вклучително и затворска казна доколку се утврдат законските услови.

Министре за внатрешни работи, Панче Тошковски, директоре на АХВ, Јовица Андовски - бараме итно постапување, целосно утврдување на одговорноста и примена на најстрогите санкции предвидени со закон!

БАРАМЕ МВР И АХВ ВЕДНАШ ДА ПОСТАПАТ!

Бараме козата веднаш да биде одземена и спасена, да ѝ се обезбедат ветеринарен преглед и сигурно згрижување, а против одговорното лице да се поведе соодветна постапка.

Ова е и директна опасност за безбедноста во сообраќајот. Не е загрозено само животното, туку и сите учесници во сообраќајот.

Бараме итно дејствување, спас за козата и вистинска казна за сторителот. Институциите се на потег!, соопштуваат од Анима Мунди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер