Видео: Валјак за трева прегази поранешен англиски репрезентативец, но, фудбалерот потоа продолжи да игра.
2Видео: Валјак за трева прегази поранешен англиски репрезентативец, но, фудбалерот потоа продолжи да игра.
Шоу бизВо Москва се одржа руската верзија на Евровизија, учествуваа 23 земји, победи ВиетнамВиетнам победи на првото издание на возобновената руска Евровизија што синоќа се одржа во Москва и која се смета за пандан на Евросонг.На натпреварот насловен Интервизија, победи пејачот Дук Фук во конкуренција од 23 земји учеснички. Виетнамецот победи со 422 освоени гласови пред претставниците на Киргистан и Катар. Иако беше најавен, вчера американскиот претставник се повлече во последен момент поради, како што посочија организаторите, политички притисок. Интервизија, која во неколку наврати се одржуваше до 1980 беше возобновена годинава со претседателски указ на Владимир Путин, три години откако Русија беше исфрлена од Евровизија поради војната во Украина. На годинешното издание, учествуваа и Кина, Индија, Бразил, Белорусија, Куба, Саудиска Арабија, Јужна Африка, Венецуела, Узбекистан, Виетнам и Мадагаскар. Тагови: Евровизија москва Интервизија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
МакедонијаУапсен 40 годишен кумановец поради напад на малолетничкаПолициски службеници од СВР Куманово упасиле 40 годишен жител од Куманово поради напад на малолетничка.-На 20.09.2026 во 02:50 часот полициски службеници од СВР Куманово ја лишија од слобода А.А. (40) од Куманово, затоа што на улицата „Тоде Мендол“ во Куманово физички нападнала малолетничка. По целосно документирање на случајот, против неа ќе следува соодветна пријава, стои во билтенот на МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФилипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со ТрампПретседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска од Струга рече дека премиерот Христијан Мицкоски не е на објавениот список на државници и функционери кои ќе остварат средба со американскиот претседател Доналд Трамп.„Гледаме огромна делегација во посета на САД, за која, според нашите информации, брои над 50 луѓе. Граѓаните имаат право да знаат кој ги плаќа високите трошоци за ова патување. Денеска е објавен списокот на државници и функционери со кои ќе се сретне претседателот Трамп, а Христијан Мицкоски не е на тој список“, рече Филипче. Тој посочи дека американската администрација добро знае какви политики спроведува Владата на Мицкоски. „Очигледно е дека американската администрација добро знае дека Христијан Мицкоски предводи Влада која внесува кинески пари во земјата, спротивно на нашите заеднички интереси со стратешкиот партнер Соединетите Американски Држави. Оваа власт ја поткопува демократијата и воспоставува контрола врз медиумите преку руско-српските врски“, истакна Филипче. На тој начин, нагласи претседателот на СДСМ, не се води држава и не се исполнуваат обврските кон стратешките партнери – Европската Унија и САД. „Еден од показателите за нарушените односи е тоа што, за првпат од осамостојувањето, Америка ја намали воената помош за нашата земја“, рече Филипче. Филипче: Кошничката со кирија достигна 90.000 денари – во Македонија стана невозможно да се живее Во Македонија стана невозможно да се живее поради огромниот раст на трошоците и катастрофалното управување со економијата од страна на Владата на Христијан Мицкоски, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, при денешната посета на Струга. На средбите граѓаните ги споделуваат своите секојдневни проблеми, пред сè поврзани со животниот стандард, семејните финансии и растот на цените, рече Филипче. „Синдикалната кошничка за само еден месец е зголемена за речиси 1.000 денари. Кога ќе се додадат трошоците за кирија за просечен стан или ратата за станбен кредит, таа достигнува близу 90.000 денари. Во Македонија стана невозможно да се живее со криминалната власт предводена од Христијан Мицкоски“, рече Филипче. Тој предупреди дека огромната економска и финансиска криза, предизвикана од лошото управување на власта, во следниот период дополнително ќе се продлабочува. „Во последниот објавен квартал од 2026 година има само 18 милиони евра странски инвестиции, во споредба со 250 милиони евра во времето на владите на СДСМ. Тоа е еден од најјасните показатели дека државата економски тоне“, истакна Филипче. Дополнителен товар за граѓаните е најавениот нов заем од 1,3 милијарди евра, кој ќе го отплаќаат идните генерации. „Поради промашените проекции и огромната дупка во Буџетот, Владата повторно ја задолжува државата. Новите задолжувања не се користат за развојни проекти што ќе создадат економски раст, туку за покривање тековни трошоци и исплата на плати“, рече претседателот на СДСМ. Во услови кога работниците и семејствата не можат да врзат крај со крај, Филипче ја повика власта да го поддржи предлогот на СДСМ за зголемување на минималната плата на 600 евра. „Тоа е најмалку што власта може да го направи за луѓето чиј единствен приход е минималната плата. Истовремено, потребно е да им се помогне на компаниите и приватните бизниси, за зголемувањето да не претставува дополнителен товар за нив. Затоа предлагаме субвенционирање на придонесите за делот од зголемувањето на платите“, порача Филипче. Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=ly1khMpBrmw Скопје, 20.09.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПјонгјанг повторно лансираше балистичка ракета кон Јапонското Море Северна Кореја лансираше проектил – за кој се претпоставува дека е балистичка ракета – кон Јапонското Море, соопшти јапонското Министерство за одбрана.Како што пренесе новинската агенција Кјодо, проектилот паднал надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија, а не се пријавени штети на објекти ниту повредени лица. Ова последно лансирање на проектил уследи откако Пјонгјанг претходно во септември истрела повеќе балистички ракети кон Јапонското Море. Јапонската министерка Санае Такаичи им наложи на надлежните владини служби да соберат и анализираат информации во врска со најновиот инцидент.Тагови: Северна Кореја Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter