Во Москва регистрирани 34,6 степени, надминат рекорд од 1903 година - Канал 5

Во Москва регистрирани 34,6 степени, надминат рекорд од 1903 година

Во Москва денеска е измерена температура од 34,6 степени Целзиусови, со што е соборен температурниот рекорд поставен пред 122 години, изјави научниот директор на Рускиот хидрометеоролошки центар, Роман Вилфанд.

Во Москва регистрирани 34,6 степени, надминат рекорд од 1903 година

Вилфанд за Интерфакс изјави дека рекордната температура е регистрирана во Москва денеска во 15 часот по локално време.

Тој наведе дека во 1903 година, во Москва бил забележан претходниот температурен рекорд од 34,5 степени.

Вилфанд напомена дека во наредните денови не се предвидуваат нови температурни рекорди, туку постепен пад на температурата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Проектот ЗНАМ 2.0 - платформа за иднината на Мицкоски

Додека вчера овие луѓе беа ништо - без структура, без име, без јасна порака, денес одеднаш излегуваат со „јасна платформа за иднината на Мицкоски”.

СДСМ: Проектот ЗНАМ 2.0 - платформа за иднината на Мицкоски

Ова не е случајност. Ова е проектот ЗНАМ 2.0.

Мицкоски прво се обиде да ја провлече оваа платформа преку СДСМ, за да создаде поделба внатре во партијата.

Кога тоа не му успеа, сега го прави самостојно. Го лансира новиот Максим Димитриевски и неговата екипа.

Сега се претставуваат како опозиција. По изборите ќе посакаат да станат дел од „тендер коалицијата“.

Така изгледа кога Мицкоски создава и финансира свои сателити.

Затоа и се одржуваат разговори под “Chatham House” правила - сè можат да кажат, освен дека газдата е Мицкоски, а промоторот е Латас.

Еднаш народот беше измамен со првиот ЗНАМ. Тие прво ја предадоа својата партија, а потоа и своите гласачи.

Втор пат нема да се случи.

ЗНАМ 2.0 нема гласачи 2.0. Тоа е истиот народ кој беше сведок на сè што направи Мицкоски.

Мицкоски ги лажеше своите гласачи за името, за Преспа, за повисоки плати, за ЕУ, за подобра економија, за поголеми инвестиции.

Она што го испорача е катастрофа во сè што се фати - ја уништи економијата и ја изолира земјата.

Доста е повеќе со сателитите на Мицкоски и организираната криминална група.

Доста е повеќе со продажбата на Македонија и интересите на граѓаните заради лични болни амбиции и лична материјална и финансиска корист.

Еден е Фронтот за вистина и правда!

Набрзо ќе ја вратиме власта во рацете на граѓаните.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поплавени подвозници, заглавени возила и блокирани кружни текови по обилните врнежи во Скопје

Во моментов заседава и кризниот штаб на Град Скопје.

Поплавени подвозници, заглавени возила и блокирани кружни текови по обилните врнежи во Скопје

Поплавени улици и подвозници низ Скопје по обилниот дожд кој попладнево го зафати главниот град. Дел од скопските сообраќајници беа полни со вода.

Јана Јосифоска ни ја пренесува моменталната состојба.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности за безбеден сообраќај и заштита од пожари и имотни деликти

Во рамки на превентивните активности беше поделен и печатен едукативен материјал.

Превентивни активности за безбеден сообраќај и заштита од пожари и имотни деликти

Денеска (01.07.2026) на подрачје на општините Велес, Градско и Чашка, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, ПК Градско и ПО Чашка, реализираа превентивни активности за заштита од пожари. На граѓаните им беше потенцирана потребата за намалување на ризикот од настанување на шумски и пожари на отворен простор, како и за внимателност при извршување на земјоделските работи, надополнето со континуирана соработка со надлежните институции и задолжително пријавување на несовесно однесување. Вакви превентивни активности спроведоа и Одделението за превенција на СВР Скопје во Скопје, како и СВР Штип во Штип. Полициски службеници од ОВР Неготино, во Демир Капија реализираа превентивна активност на тема „Внимавај на својот дом“, со укажување за граѓаните за поголема внимателност и начините како да се заштитат од различни видови и форми на кражби, со цел да го зголемат нивото на лична и имотна сигурност.

Полициски службеници од ПО БПС при ОВР Кавадарци реализираа сообраќајна превентивна активност на тема „Вози одговорно“ во рамки на која на возачите им беше укажано за важноста од задолжително почитување на сообраќајните правила и прописи. Полициски службеници од ПС БПС при СВР Велес, Одделението за превенција на СВР Скопје и ПС БПС Кочани и Берово, во Велес, Скопје, Кочани и Берово реализираа превентивни активности на тема „Носи кацига“ насочени кон возачите на мопеди, мотоцикли и електрични тротинети, на кои им беше укажувано за обврската и потребата за носење на заштитен шлем, напоменувајќи им дека секој учесник во сообраќајот е еднакво одговорен како за својата, така и за безбедноста на сите останати учесници во сообраќајот. Вчера пак, на подрачје на општините Градско и Росоман, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес спроведоа активност со цел да им се укаже на возачите да не управуваат возила под дејство на алкохол, со оглед на тоа дека алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности и претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. Во рамки на превентивните активности беше поделен и печатен едукативен материјал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер