Во Москва омаж посветена на академик Влада Урошевиќ - Канал 5

Во Москва омаж посветена на академик Влада Урошевиќ

Настанот се одржа во библиотеката „Алексеj Толстоj“ во рамките на нејзиниот отворен проект „Читаj jа Македониjа!“ што успешно го реализира од 2014 година.

Во Москва омаж посветена на академик Влада Урошевиќ

Олга Панкина вчера во Москва организира омаж посветен на академик Влада Урошевиќ - македонски поет, прозен автор, критичар, есеист, антологичар и преведувач по повод неговото прогласување за добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2023 година.

Настанот се одржа во библиотеката „Алексеj Толстоj“ во рамките на нејзиниот отворен проект „Читаj jа Македониjа!“ што успешно го реализира од 2014 година.

Олга Панкина го претстави богатото творештвото на Влада Урошевиќ кое им е познато на руските читатели благодарение на преведените од неа романи „Невестата на змеjот“, „Барајте го гавранот“ („Дива лига“) и „Маџун“, расказите „Сабја“, „Кукла“, „Вишнев ликер“ и други.

Посебно во своето излагање таа се задржа на новата поетска збирка насловена „Jужна sвезда“, која содржи над 200 песни на истакнатиот македонски поет. Според жанрот, тие се досетливи нацрти, новели, балади, полни со афористички хумор и со самоиронија.

„Jужна sвезда“ излегува по збирката „Пејач во кулата“ за која во 2017 година Влада Урошевиќ jа доби највисоката руска награда за поезија „Златен витез“.

Двете поетски книги проследени со исклучителни колажи на Влада Урошевиќ ги објави реномираниот руски издавач Центар за книга „Рудомино“.

Пред бројните гости беше прочитан дел од поезијата на Влада Урошевиќ во оригинал и во препев./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода три лица под сомнение за сторено кривично дело предизвикување општа опасност на територија на скопски Чаир

По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Лишени од слобода три лица под сомнение за сторено кривично дело предизвикување општа опасност на територија на скопски Чаир

Денеска (02.07.2026) на ул. “Јадранска магистрала” во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Џ.Џ., А.А. и Ф.Љ. поради основи на сомнение за сторено кривично дело “предизвикување на општа опасност” по член 288 од КЗ. На 01.07.2026 околу 23:20 часот во ПС Чаир е пријавено дека во отпад за секундарни суровини на подрачје на ПС Чаир, бил запален багер.

Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги забележале лицата кои биле со патничко возило “бмв” со ресенски регистарски ознаки по што ги лишиле од слобода. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче до младите: Борбата за иднината на Македонија е ваша, со вас сум до победа!

Вие сте оние кои секој ден размислувате дали да останете во својата земја или да заминете.

Филипче до младите: Борбата за иднината на Македонија е ваша, со вас сум до победа!

Вие сте оние кои не сакате да градите иднина врз лаги и врз систем во кој правдата важи само за некои.

Затоа сме тука. Затоа се бориме.

Не сме тука за да чекаме подобри времиња. Туку за да ги создадеме.

Не сме тука за да се помириме со тоа дека организирана криминална група управува со државата.

Туку за да ја вратиме државата во рацете на граѓаните.

СДСМ отсекогаш беше државотворна партија, тоа вие како млади го препознавте. Секогаш носеше храбри одлуки кои носеа просперитет и иднина за нашата земја, за нашата татковина.

Денес носител на промените не е само СДСМ, туку еден широк граѓански фронт.

Затоа што мораме сите заедно. Не само како партија, туку како граѓани кои сакаат успешна Македонија.

Затоа денес поединци, експерти, граѓански иницијативи и невладини организации, сите заедно стоиме под еден покрив - Фронтот за вистина и правда.

Фронтот не е само политички проект. Тоа е борба на сите кои сакаат Македонија да биде слободна, праведна и дел од Европа.

Борба во која секој млад човек кој сака да остане и да живее достоинствено има свое место.

Вие не сте само иднината.

Вие сте сегашноста.

Вие имате најмногу сила и енергија за оваа борба. И токму затоа оваа борба е ваша.

Останете. Борете се. Верувајте.

Македонија може подобро. И ќе биде подобра.

Нам не ни треба култ на лидер. Нам ни треба систем.

Нам ни треба слободна, демократска и правна држава а затоа ни треба европска Македонија.

Сите заедно! А, јас сум со вас сум.

До победа!

YouTube video

Обраќање на претседателот на СДСМ, Венко Филипче

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Град Скопје: Започнува реконструкцијата на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“

Започнува реализацијата на еден од најзначајните инфраструктурни проекти во Општина Бутел – реконструкцијата на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“, со што се исполнува долгогодишно барање на жителите од овој дел на Скопје.

Град Скопје: Започнува реконструкцијата на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“

Проектот опфаќа реконструкција на повеќе од 2,2 километри улици, изградба на нов асфалтен коловоз, како и обнова на речиси 4 километри тротоари, со што значително ќе се подобрат условите за безбедно и непречено движење на пешаците, возачите и сите учесници во сообраќајот.

Особено значаен сегмент од инвестицијата е изградбата на нова атмосферска канализација во должина од 1.200 метри, како и одвојувањето на фекалната од атмосферската канализациска мрежа. Со ова ќе се овозможи поефикасно прифаќање и одведување на дождовните води и ќе се намали ризикот од поплавување при обилни врнежи.

Паралелно со овој проект, во завршна фаза е и изградбата на новиот мега-парк во Бутел, кој ќе претставува ново зелено и рекреативно катче за граѓаните.

Со реализацијата на овие проекти продолжува инвестирањето во современа комунална инфраструктура, побезбедни сообраќајници и подобар квалитет на живот за жителите на Бутел и на Скопје.

Со почит,

Град Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер