Во Монако се омажи екс сопругата на Харис Џиновиќ за 23 години постар британски милионер (ВИДЕО) - Канал 5

Во Монако се омажи екс сопругата на Харис Џиновиќ за 23 години постар британски милионер (ВИДЕО)

Модната дизајнерка Мелина Џиновиќ и британскиот милионер Џефри Пол Арнолд пристигнаа во општината во Монако каде што се венчаа.

Во Монако се омажи екс сопругата на Харис Џиновиќ за 23 години постар британски милионер (ВИДЕО)

Сè околу општината е затворено, а обезбедувањето дури и го нападна нашиот новинар, пишува Телеграф со ВИДЕО од настанот.

Мелина и 23-годишниот Џефри го кажаа судбоносното „да“, по што прославата продолжува.

Поранешната сопруга на српскиот пејач Харис Џиновиќ го исполни својот животен сон и сега е „милионерка“.

Британецот ја одвезе до општината со автомобил вреден 300.000 евра

Класичен модел на овој автомобил чини од 80.000 до 250.000 евра. Цената зависи од состојбата, оригиналноста и историјата, додека ретките и совршени примероци можат да достигнат цена над 300.000 евра.

Точната цена на автомобилот што го поседува избраникот на Мелина е непозната, но ако е колекционерски предмет, тогаш тоа е поскапа опција.

Овие автомобили практично биле рачно склопувани, што ги прави ретки денес и многу скапи за одржување. Бентли Т-серијата е луксузен автомобил произведен од Бентли Моторс Лимитед во Обединетото Кралство од 1965 до 1980 година. Првпат беше најавен и прикажан на Саемот за автомобили во Париз на 5 октомври 1965 година како верзија со ознака Бентли на целосно редизајнираниот Ролс-Ројс Силвер Шедоу.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото „Жешката“ Италијанка„го запали“ Светското првенство и социјалните мрежите

Атрактивната италијанска ТВ водителка  Елеонора Инкардона импресионираше на самиот почеток на Светското  фудбалско првенство иако нејзината Италија не учествува на 23 Мундијал.

Фото „Жешката“ Италијанка„го запали“ Светското првенство и социјалните мрежите

Сексапилната Елеонора со серија фотки го запали социјалните мрежи и сега сите како што минуваат деновите, очекуваат нови изненадувања од неа.

Италијанската водителка Елеонора Инкардона, која многумина ја нарекуваат најубавата Италијанка, објави серија фотографии од Светското првенство, овој пат го следеше натпреварот помеѓу Франција и Сенегал.

Елеонора на мечот се појавила во комплет составен од панталони и топ, во светли нијанси.

Ефективна шминка и само една нараквица дополнително го надополнија целото издание, а Елеонора позираше со насмевка и уживаше во сите комплименти што ги привлече.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нејмар го пропушта и 2 коло на Мундијалот

Ѕвездата на фудбалската селекција на Бразил, капитенот Нејмар  го пропушта и дуелот од 2 коло  против Хаити на Светскиот шампионат во САД, Канада и Мексико, потврди тамошната Федерација.

Нејмар го пропушта и 2 коло на Мундијалот

Нејмар нема да патува во Филаделфија за натпреварот од второто коло од групната фаза. Тој ќе остане во Њу Џерси, каде што влегува во завршната фаза од процесот на рехабилотација од повредата.

Синоќа Нејмар тренираше за прв пат откако се приклучи на репрезентацијата на Бразил за Светското првенство.

Тој работеше индивидуално во теретаната на хотелот каде што престојува делегацијата. Сè уште му е забрането да учествува во активности што бараат физички контакт.

Тој не одиграл официјален натпревар од 17 мај, а оттогаш е посветен на единствената цел - рехабилитација. Прашањето е дали ќе биде во протоколот за натпреварот против Шкотска на 25 јуни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кралицата на провокациите повторно во секси бикини

Една од најубавите жени на светот, манекенката Емили Ратајковски повторно го запали интернетот со серија објави каде што позира во бикини, но во некои провокативни фустани. 

Фото: Кралицата на провокациите повторно во секси бикини

Моделот Емили Ратајковски се појави во центарот на вниманието кога откри непознати детали за нејзиниот развод и животот потоа, откривајќи сè за нејзините авантури за една ноќ ...

Убавата Емили која е позната и како кралицата на провокациите сега ги воодушеви фановите на социјалните мрежи со серија фотки на кои позира или во бикини или во провокативен фустан .

Бидејќи моментално ужива во одморот, таа ја одбра својата омилена дестинација - Мајорка, Емили позираше во бикини кои речиси откриваа премногу, а потоа покажа црвен мрежест фустан кој речиси ништо не покрива.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер