3Рекорден септември на uslugi.gov.mk: 27.345 поднесени барања за еден месец, вкупната бројка надмина 400.000
Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
2 Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
3Невиден момент на тениски меч: Французин сервираше, па наеднаш си замина- противникот шокиран (ВИДЕО)
КултураВо МОБ изведба на балетот во два чина „Жизел“ Во Македонската Опера и Балет вечерва ќе биде изведен романтично-фантастичниот балет во два чина „Жизел“.Во „Жизел“ ќе настапат Марија Кичевска-Шокаровска, во насловната улога, Алберт:Емил Јорданов (Бугарија), Хиларион: Дојчин Дочев (Бугарија), Мирта:Ивана Коцевска, Селско Па де де:Христина Наќевска и Јан Кисилев. Ќе настапат и солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на МОБ. Кореограф е Леонид Лавровски (Русија), диригент Бисера Чадловска. Инаку, балетот е праизведен во Париз, во 1841 година и е еден од ретките кои имаат непрекината традиција на изведување./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалСега е официјално: Кристијано Роналдо објави дека ја напуштил репрезентацијатаНајплатениот светски фудбалер, 41 годишниот Кристијано Роналдо официјално го објави своето заминување од португалската фудбалска репрезентација, откако претходно го напушти тренинг-кампот на тимот. Роналдо ја соопшти одлуката на Инстаграм, наведувајќи дека таа уследила по прес-конференцијата на селекторот Жорже Жесус и разговорот со претседателот на Португалската фудбалска федерација. „По прес-конференцијата на селекторот и разговорот со претседателот на Португалската фудбалска федерација, одлучив да го напуштам тренинг-кампот на репрезентацијата. Во соодветно време, на португалскиот народ ќе му ја откријам вистината за причините за моето заминување од репрезентацијата, на која отсекогаш сум ѝ бил посветен. Сега е време да им посакам многу среќа на Португалија и на сите мои соиграчи“, напиша 41-годишниот Роналдо. Според извештаите, Роналдо го напуштил кампот само неколку часа откако Жезус зборувал за играчите кои се загреваат, но не добиваат шанса за игра. Во таа прилика, тренерот конкретно го спомнал капитенот на Португалија. „Кога играч се загрева 20 или 30 минути, а не влегува во игра, никој не е среќен. Особено Кристијано. Особено Пеле или Марадона“, рекол Жезус. Роналдо го држи рекордот на сите времиња за Португалија со 234 настапи и 146 постигнати гола. Со националниот тим, тој го освоил Европското првенство во 2016 година, како и Лигата на нации во 2019 и 2025 година.Тагови: Кристијано Роналдо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколоски во Брисел: Во фокус европската интеграција, планот за раст и инфраструктурните проектиЗаменик-претседателот на владата и министер за транспорт, Александар Николоски, е во дводневна работна посета на Bрисел, каде што учествува на официјални средби организирани од европската комисија.На средбите се разговара за актуелните економски и политички прашања, реализацијата на инфраструктурните проекти, планот за раст, како и за процесот на интеграција и проширување на Европската унијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Рецептот на БокиВо четврток (24.09.2026) во емисијата гостин ни бeше Бојан Илиевски.Состојки за денешниот рецепт: 3 парчиња пилешки стек 350 гр. доматно пире 250 гр. кашкавал малку оригано масло сол, сув зачин и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook