2Мицкоски: За 34% е зголемен буџетот во културата, фокусирани сме на реализирање на капитални проекти
КултураВо МНТ премиера на претставата „Божествена рапсодија“ Во Македонскиот народен театар вечер со почеток од 18 часот ќе биде премиерно изведена претставата „Божествена рапсодија“.На сцената настапуваат членовите од инклузивен ансамбл на возраст од 10 до 55 години, актери кои досега успешно соработуваат во поставување на заеднички претстави како „Шумска бајка“, „Други приказни за Алиса“ и „Дрво низ времето“, односно членови кои го формираа првиот инклузивен градски хор, чија цел е да ја користи музиката и песната како алатка за комуникација и интеграција. Во претставата играат Елизабета Петковска, Ена Митревска, Коста Аризанов, Марио Мицкоски, Стефан Трпковски, Матеј Аларов, Оливер Блажевски, Ирина Прокопиева, Филип Ангеловски, Иво Веиќ, Нана Танеска, Ена Ковачевска, Ивана Полизовски, Данаја Ефтимова, Мартин Манчевски, Матеј Петровски, Ана Јовановска, а режијата е на Колектив Ветерница. Проектот е во продукција на Трисомија 21 Скопје, поддржано од Министерството за култура, Македонски народен театар и Колектив Ветерница со цел истражување на нови форми на современ инклузивен сценски израз.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветМачадо најави враќање во опустошената Венецуела: „Дојде време“ Венецуелската опозициска лидерка Марија Корина Мачадо објави дека наскоро ќе се врати во земјата за да им пружи поддршка на граѓаните погодени од разорните земјотреси во кои загинаа повеќе од 1.450 луѓе.Добитничка на Нобелова награда за мир, Марија Корина Мачадо, денес објави дека наскоро ќе се врати во Венецуела за да им пружи поддршка на граѓаните погодени од разорните земјотреси, нагласувајќи дека нејзина должност е да биде со својот народ. Таа во интервју за Фокс њуз изјави дека „дојде време“ да се врати во земјата. „Моја должност е да бидам со мојот народ. Треба да бидеме заедно, да се прегрнеме, да тагуваме и да тагуваме заедно“, рече Мачадо. Таа нагласи дека спасувањето човечки животи е апсолутен приоритет, како и обезбедувањето утеха и помош на сите погодени од последиците од земјотресот. „Ќе се вратам во Венецуела многу наскоро и ќе бидам заедно со венецуелскиот народ“, рече Мачадо. Мачадо, која се криеше од властите по спорните претседателски избори во 2024 година, ја напушти Венецуела во тајна операција во декември 2025 година. Венецуела беше погодена од два исклучително силни, последователни земјотреси со јачина од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала, кои се случија во интервал од 39 секунди.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: За 34% е зголемен буџетот во културата, фокусирани сме на реализирање на капитални проектиОваа година ако се спореди со 2023 ќе дојдеме до заклучок дека 34% е зголемен буџетот во културата, посебно со фокус кон реализирање на капитални проекти. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа до каде е реализацијата на голем број на капитални проекти најавени во наредните години, до каде е реализацијата на капиталните проекти во културата со оглед на тоа дека и министерот Љутков спомна дека буџетот за културата во овој дел е зголемен, изјави: „Да, благодарам на прашањето, тоа е така. Оваа година ако се спореди со 2023 ќе дојдеме до заклучок дека 34% е зголемен буџетот во културата, посебно со фокус кон реализирање на капитални проекти. Тука пред сѐ се оние тековни, како што Библиотеката во Тетово, Универзалната сала во Скопје, Турскиот театар, Џез салата и така натаму, сега да не ги редам еден по еден, тоа се многу проекти коишто се во фаза на реализација или ќе отпочнат со фаза на реализација. И очекувам дека овие средства ќе бидат доволни за да оваа година се засилат градежните активности на нови објекти и ако е потребно на крај на година, при таа конечна прераспределба, ќе додадеме и дополнително. Важно е да се трошат пари за капитални инвестиции, бидејќи тие создаваат додадена вредност и тие се тие кои што влијаат врз квалитетот на граѓаните. Да не се трошат за друг тип на трансфери или како што веќе споменав, наместо да се гради, да се краде. Така за жал имавме случаи во државата со децении во минатото.“Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столбВладата на Мицкоски го доведе во ризик еден од најважните столбови на социјалната сигурност – пензискиот систем.Нема пари во државната каса за исплата на пензии, а власта го загрози и вториот пензиски столб. Дупката во ПИОМ се продлабочува и достигна речиси 40%. Ова е резултат на расипничките политики на ВМРО и јасен доказ дека Владата нема решение како да обезбеди долгорочна стабилност на пензискиот систем. Изјавата на гувернерот Трајко Славески, дека до 80% од идните пензионери кои ќе се пензионираат во периодот 2030 – 2032 година нема да можат да обезбедат ниту минимална пензија, е потврда на катастрофалната состојба во пензискиот систем. Наместо сериозни реформи и стабилизација, Владата посегна по уште поопасен чекор – го доведува во прашање и вториот пензиски столб. Вториот столб кој се воведе за да се намали притисокот врз државниот фонд и да се обезбеди дополнителна пензија за идните генерации, сега Мицкоски најавува негово можно укинување или сериозно слабеење. Парите во овој столб се лични средства кои работниците ги издвојуваат со години за сопствената пензиска сигурност. Укинување или слабеење на овој столб значи уште поголем притисок врз ионака ослабнатиот државен пензиски фонд. Дополнително, неговото укинување значи дека идните пензионери ќе зависат исклучиво од државниот буџет – кој е пред колапс. Во отсуство на правилни политики, власта планира и зголемување на стапката за придонесот за задолжително пензиско за пренасочување на пари кон ПИОМ. Ова е опасна политика. Кога Владата ги гледа парите на граѓаните како решение за својата неспособност да управува со јавните финансии, тогаш никој не може да биде сигурен дека неговите заштеди ќе останат заштитени. Ова не е пензиска реформа, туку признание дека власта нема капацитет да го одржува пензискиот систем и да им гарантира сигурна пензија и на сегашните и на идните пензионери. Фондот за пензиско и државниот буџет немаат доволно пари за исплата на пензиите.Јавниот долг неконтролирано расте – само за две години ВМРО создаде нов долг од 2,5 милијарди евра, буџетскиот дефицит на средина од годината е потрошен. И ова не се пари за стабилни пензии и плати, за подобро здравство, образование и повисок животен стандард – туку милиони евра за криминалните партиски тендери на ВМРО. За две години Мицкоски и неговата Владата не само што ја загрозија сигурноста на сегашните пензионери, туку ја доведоа во прашање и иднината на генерациите што допрва треба да се пензионираат. Прес-конференција, Наташа Поповиќ, членка на Извршниот одбор на СДСМ СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook