Во МНТ комеморација за актерот Владимир Ендровски - Канал 5

Во МНТ комеморација за актерот Владимир Ендровски

Во Македонски народен театар денеска од 11 часот ќе се одржи комеморација за актерот Владимир Ендровски кој почина неодамна на 60-годишна возраст.

Во МНТ комеморација за актерот Владимир Ендровски

- На големата сцена ве покануваме да му одадеме почит на актерот Владимир Ендровски, кој со својот карактеристичен излив на емоции, маестрално подготвени улоги, умешноста и со огромна експлозија на енергија ја пренесуваше од сцената кон публиката сцена и телевизискиот/филмски екран, стои во соопштението од МНТ.

Ендровски дипломира на Факултетот за драмски уметности, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, на отсекот за актерска игра во класата на професор Љубиша Георгиевски, во 1991 година.

На сцената на МНТ официјално е од 1993 година, иако како актер се појавува во претстави и пред дипломирањето.

Дел од неговите улоги се: Далавера змејот во „Рекламна бајка“ (1989), Дромио од Сиракуза во „Забуни“ (1989), Уплавот во „Мир“ (1993), Целе Бумба во „Женски прилог за ноќта“ (1993), Борис во „Буре барут (1994), Манилов во „Мртви души“ (1994), Јован Ангел во „Лепа Ангелина“ (1995), Спасе во „МКС“ (1995), Д-р Алојзие Зилбербрант во „Глембаеви“ (1996), Макрото во „Едмонд“ (1997), Младичот во „Маме му ебам кој прв почна“ (1997), Брајан во „Шопинг анд факинг“ (1998), Антоан во „Мисија“ (1998), Ботар во „Носорог“ (1999), Арнолд Кримп во „Бетмен враќањето на црниот витез“ (1999), Капетан Лебјаткин во „Демони“ (2001), Крадецот во „Павилјони“ (2001), Трајан во „Балканот не е мртов“ (2001), Ристе во „Ослободување на Скопје“ (2002), „Црна дупка“ (2003), Булдог во „Доле влада“ (2004), „Хамлет во транзиција“ (2004), Вадиус во „Една вечер со ..“ (2006), „Троил и Кресида“ (2010), Алексеј Кирилов во „Бесови“ (2011), како и во претставата „Подемот и падот на кабарето“ (2013).

Во филмовите и сериите зад себе ги остави ликовите Дино во серијата „Трст виа Скопје“ (1990) за која ја има добиено и награда на ревијата „Екран“ за најдобро филмско актерско остварување, Трајче во „Пред дождот“ (1994), Доре во „Преку езерото“ (1997), Безимениот во „Збогум на 20-от век“ (1998), Андарт во „Прашина“ (2001), Стипе Прикачин во „Бал-кан-кан“ (2005), затвореникот Варден во „Контакт“ (2005), Коки Лабуд во „Некои поинакви приказни, сегмент: Македонска приказна“ (2010) и многу други.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, состојбата се стабилизира

Обилните врнежи кои попладнево го зафатија главниот град предизвикаа низа штети, а најкритично беше во општините Кисела Вода, Аеродорм и Гази Баба.

Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, состојбата се стабилизира

Сосотојбата е веќе стабилизирана, има поплавени подруми, но сообраќајниците и подвозниците се веќе проодни, информираше градоначалникот на Град Скопје во изјава за Канал 5.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Биљал Касами во „Само интервју“

Почитувани, утре во Само Интервју ќе гостува копретседателот на Вреди и градоначалник на Тетово, Биљал Касами.

Биљал Касами во „Само интервју“

Владата се реконструира, коалицијата се прошири, Вреди добија министерство плус, сработеното или политичките калкулации, што беше пресудно за новитетите? Се подготвува ли терен за предвремени избори?

Какви имиња ќе добијат улиците во Тетово по одлуката на Уставен?

Во која насока се придвижува блокираната евроинтеграција по самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват? Се реализираат ли реформите со очекувано темпо?

Колку Влен ги оправда очекувањата на Албанците и ја донесе промената што ја ветија? Дали наместо соочување со одговорност, ДУИ ќе се врати на бел коњ?

Утре во Само Интервју кај Гоце Михајлоски ќе гостува , Биљал Касами, веднаш по централните вести.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: ЗНАМ 2.0 - платформа за „иднината“ на Мицкоски промовирана од Орбановите медиуми

Додека вчера овие луѓе беа ништо - без структура, без име, без јасна платформа - денес одеднаш излегуваат со „платформа за иднината на Мицкоски“.

СДСМ: ЗНАМ 2.0 - платформа за „иднината“ на Мицкоски промовирана од Орбановите медиуми

Ова е проектот ЗНАМ 2.0.

Мицкоски уште во декември почна да го турка овој проект.

Прво се обиде да го провлече преку СДСМ, за да создаде внатрешна поделба и да го урне рејтингот на партијата одвнатре. Кога тоа не му успеа, сега го прави самостојно.

Првите промотори и претставници на оваа „платформа“ беа Петре Шилегов и Јован Деспотовски - поранешни членови на СДСМ.

Денес некои членови, кои на последните избори значително придонесоа за слабеење на рејтингот на партијата, отидоа на свечената церемонија на ЗНАМ 2.0.

Идејата беше јасна: рушење одвнатре. Кога не помина, сега се прави лажна опозиција - сателит на Мицкоски по моделот на ЗНАМ, само нова верзија.

ЗНАМ се распадна. Сега е време за нов сателит.

Основата на овој нов проект треба да ја сочинуваат пропаднати стари кадри и неколкумина сегашни (не)корисни луѓе. Некои поради тендери, некои поради приватен бизнис со ВМРО.

Сето ова се промовира преку медиумите од Орбановата мрежа и ВМРО. Денес медиумските сили на ВМРО се со подготвени текстови во напад на СДСМ. Главен координатор од сенка е Драган Павловиќ - Латас. Човек на српската служба уште од 90-тите години.

Сè се одвива под „Chatham House“ правила - можат да зборуваат за сè, освен за тоа кој е вистинскиот газда на проектот, а тоа е Христијан Мицкоски.

Еднаш народот беше измамен со ЗНАМ. Тие прво ја предадоа својата партија, а потоа и своите гласачи.

ЗНАМ 2.0 нема нови гласачи 2.0. Има само истиот народ кој беше сведок на сè што направи Мицкоски - економска катаклизма, изолација на земјата и продажба на националните интереси заради лични и финансиски цели.

Доста е повеќе со сателитите на организираната криминална група.

Со оглед на тоа што на Мицкоски драстично му падна рејтингот поради неисполнетите предизборните ветувања, немањето резултат, со оглед на тоа што ВМРО изгуби повеќе од 150.000 гласови, што буџетот е под сериозен притисок, економијата е во лоша состојба, а патот кон ЕУ е целосно закочен, очекуваме да се обиде да оди на предвремени избори.

Еден од елементите на таа стратегија е и ЗНАМ 2.0, со цел да се расцепкаат опозициските гласови.

Граѓани, следете уште една претстава. Режисерот го знаеме, а актерите наскоро ќе ги запознаеме.

Постои само една опозиција - обединета во широкиот Граѓански фронт.

Еден е Фронтот за вистина и правда.

Доаѓа време кога ќе се врати власта во рацете на граѓаните.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер