Во Министерството нема пријава дека пациенти на инсулин немаат ленти, вели Меџити - Канал 5

Во Министерството нема пријава дека пациенти на инсулин немаат ленти, вели Меџити

- Сите пациенти се снабдени со сѐ. Не е само тоа, сега ќе има и сензори за првпат во државава, во здравството за тие пациенти од тој вид болест, што никогаш немало досега и со тоа нормално ќе се подмират сите работи, рече Меџити.

Во Министерството нема пријава дека пациенти на инсулин немаат ленти, вели Меџити

Во Министерство досега нема пријавено дека има таков проблем, одговори министерот за здравство Фатмир Меџити на новинарско прашање, дека пациенти кои се на инсулин немаат ленти, па дали ќе побара одговорност бидејќи овие луѓе, според закон, мора да имаат редовно и инсулин и ленти, а се случува нешто да нема.

- Сите пациенти се снабдени со сѐ. Не е само тоа, сега ќе има и сензори за првпат во државава, во здравството за тие пациенти од тој вид болест, што никогаш немало досега и со тоа нормално ќе се подмират сите работи, рече Меџити.

Прашан околу рефундирање на парите на оние кои сами си купиле ленти, тој одговори дека доколку има такви барања во Министерството, согласно закон, би се разгледале и ќе се одлучи за нив.

На министерот му беше поставено и прашање зошто како Министерство за здравство, како и Фондот за здравствено осигурување, не понудиле некоја помош за лекувањето на Кико, за што граѓани собираа финансиски средства, „а од друга страна, платите на функционерите се зголемија, зошто не се донираа“?

- Ние сме државни институции, колку што сум јас информиран од службите пак барање не е поднесено на ниво во Министерството за здравство, ниту во Фондот. Такви служби или барања до Министерството до институциите надлежни, досега немало. Ние ќе го разгледаме случајот, нормално фамилијата треба да поднесе барање... Знам се зборува ретка болест, тешка болест, но нема поднесено барање до надлежните институции и да разјасниме, тој случај досега не се лекувал во јавно здравје. Четири - пет години не биле на преглед. Така да, ние не знаеме што се случува. Ова се државни институции здравствени и треба да има службено барање за да се разгледува, одговори Меџити.

Тој додаде дека секогаш се тука за пациентите и кога би имало такво барање, тие би го разгледале и би постапиле согласно законите за заштита.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќе пропаднат ли 4,2 милиони евра? Денеска истекува рокот за Изборниот законик кој е дел од реформската агенда

Денеска  истекува рокот за Изборниот законик кој е дел од реформската агенда, но нема изгледи дека ќе дојде до поместување кај политичките партии. 

Ќе пропаднат ли 4,2 милиони евра? Денеска истекува рокот за Изборниот законик кој е дел од реформската агенда

Евроамбасадорот Рокас вчера рече дека очекува решение и ги повика политичките партии да постигнат договор затоа што решението е важно за реформите, европските средства и за напредокот на државата.

– Навистина се надевам, има уште еден ден за да се постигне консензус. Координаторите на партиите се среќаваат на дневна основа и се надевам дека овој чекор ќе биде постигнат. Како што знаете и како што беше објавено во јавност се работи за 4,2 милиони евра коишто би биле искористени како бенефит за македонските граѓани и се надевам дека овој консензус ќе биде постигнат до крајот на утрешниот ден, изјави вчера евроамбасадорот Михалис Рокас.

Левица се обиде во понеделникот да иницира средба на опозициските партии на која требаше да ги усогласат барањата за да и ги достават на власта, но до средба не дојде откако опозициската СДСМ одби да присуствува.

Мицкоски е тој кој сака закон со кој ќе може да се крадат гласови од дијаспората, наведоа од СДСМ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР: Лишен од слобода Александар Лазаров- Цуната кој избега од Полициска станица во Кочани

На 14.07.2026 по добиени оперативни информации за лице за кое од страна на МВР е распишана централна и меѓународна потерница, од страна на полициски службеници од СВР Скопје-Потраги од слобода е лишен Александар Лазаров (41) од Кочани.

МВР: Лишен од слобода Александар Лазаров- Цуната кој избега од Полициска станица во Кочани

За Александар Лазаров беше распишана потерница по барање на Основен суд Кочани осомничен за сторено кривично дело по член 215 став 1 од Кривичниот законик. Лицето е спроведено во Полициска станица Кисела Вода за понатамошна постапка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Потврден е идентитетот на жртвите од пожарот во Шпанија; повеќето се странци.

Шпанските власти по обдукциите потврдија дека дванаесет од тринаесетте жртви на смртоносниот шумски пожар што ја зафати Андалузија биле странски државјани.

Потврден е идентитетот на жртвите од пожарот во Шпанија; повеќето се странци.

Пожарот избувна минатиот четврток војугоисточна покраина Алмерија, област популарна кај странските жители по должината на медитеранскиот брег, објави „Еуроњуз“.

Официјалното соопштение укажува дека седум жртви биле од Обединетото Кралство, три од Белгија и по една од Франција и САД. Последната, тринаесетта жртва била шпански државјанин. „Тринаесетте починати вклучуваат осум жени и пет мажи, сите возрасни“, додаде телото одговорно за идентификација.

Во меѓувреме, Интегрираниот центар за податоци (CID) објави дека бројот на случаи на исчезнати лица се зголемил на десет по новиот извештај за две лица. Пожар уништи седум квадратни километри Пожарот, разгорен од силни ветрови, се запалил кога далновод паднал на патот.

Пламените јазици проголтале шуми и вегетација - кои се претвориле во суво гориво поради екстремно високите температури - оставајќи ги живописните рурални населби опустошени. Површина од приближно седум квадратни километри изгоре во пожарот, еден од најсмртоносните во Шпанија во последните години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер