Во Металург посакуваат со борбеност да ги намалат проблемите во составот на дуелот со Барселона - Канал 5

Во Металург посакуваат со борбеност да ги намалат проблемите во составот на дуелот со Барселона

Македонскиот ракометен претставник во Лигата на шампионите Металург во недела, во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, го игра последниот натпревар од Ц групата со шпанскиот првак Барселона. Оваа екипа е една од двете непоразени во ЛШ заедно со унгарски Веспрем.

Во Металург посакуваат со борбеност да ги намалат проблемите во составот на дуелот со Барселона
- На првиот натпревар во Барселона немаа милост за нас не победија убедливо (35:17). Барселона ќе биде мотивирана да остане непоразена во групата. Барселона е фаворит број 1 за освојување на Лигата на шампионите, а нашите играчи имаат добар мотив и ќе мораме со борбеност да ги намалиме проблемите со повредите на Наумче Мојсовски и на Павел Атман (ќе игра во зависност по потребите). Нашата одбрана ќе биде на мака пред налетите на Рутенка, Карабатиќ и на нашиот Лазаров, а ние последно време тешко играме во нападот. Сепак очекувам добар натпревар ние сме веќе пласирани во ТОП 16 фазата и затоа треба со добра игра да им се одложиме на навивачите, изјави на денешната прес-конференција тренерот на Металург, Лино Червар.

Во отсуство на Мојсовски, товарот на играта е кај Филип Миркуловски. - Ќе играме најдобро што можеме против големата Барселона и ќе се обидеме да постигнеме позитивен резултат. Ќе мораме да ја подобриме и играта во одбрана, а потребно ќе биде да играме што е можно по ангажирано, рече Миркуловски.

Дуелот Металург – Барселона се игра во недела со почеток во 18 часот, а ден претходно во Париз играат ПСЖ и Вардар и во зависност од исходот на тој натпревар ќе зависи и на кое место ќе се пласираат македонските екипи во Ц групата.

Во фазата ТОП16 (се игра нок аут со елиминации) пласирани се Барселона, ПСЖ, Вардар и Металург.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вардар против Мт Мелсунген на домашен терен ја завршува сезоната во ЕХФ Лигата на шампионите

Македонскиот ракометен шампион Вардар вечерва од 18-45 часот во Јане Сандански  ја затвара сезоната на европската сцена. противник на црвено црните е силниот германски преставник Мт Мелсунген.

Вардар против Мт Мелсунген на домашен терен ја завршува сезоната во ЕХФ Лигата на шампионите

Црвено-црните пред домашната публика ја затвораат европската сезона.

РК Вардар 1961 денес, 28 октомври, од 18:45 часот, во СЦ „Јане Сандански“ го пречекува германскиот МТ Мелсунген во натпреварот од шестото, последно коло од групната фаза на ЕХФ Лигата на шампионите.

Црвено-црните ќе се борат за втора победа во европската елита, со желба сезоната да ја заокружат со триумф пред своите навивачи. Поддршката од трибините ќе биде дополнителен мотив за Вардарци да го дадат максимумот и да се обидат да му се реваншираат на германскиот тим за поразот од 33:31 на првиот меѓусебен дуел во Касел, кога Вардар до самиот крај беше во игра за позитивен резултат.

Како горд партнер и силен поддржувач на РК Вардар 1961, Видеолотарија Касинос Австрија е повторно со црвено-црните и во овој нивен европски предизвик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција

Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција.Вкупно 187 обвинители со право на глас ќе избираат меѓу петмина кандидати.

Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција

Во трката се Фатон Азизи, Трајче Пеливанов, Лидија Раичевиќ, Искра Хаџи Василева и Јован Цветановски.

Гласањето е тајно и ќе трае од 8 до 16 часот. По завршувањето, резултатите ќе бидат сумирани на јавна седница.

Кандидатите во своите програми најавија борба против корупцијата и перењето пари.Меѓу приоритетите се и зајакнување на истражните капацитети и финансиските истраги.

Се најавуваат и поголема ефикасност и независност на Обвинителството. Изборот се спроведува поради истекот на мандатот на актуелниот шеф Ислам Абази.

Тој беше избран на функцијата во октомври 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избори

Американскиот претседател Доналд Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро.Одлуката доаѓа по неговиот пораз на претседателските избори во Бразил, пренесува Си-Ен -Ен.

Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избори

Според американски извори, визи добиле членовите на неговото семејство.Болсонаро, според медиумските извештаи, веќе пристигнал во Соединетите држави.не е познато каде слетал, ниту дали директно разговарал со Трамп.

Во Бразил тој е под истрага за сомневања за корупција и перење пари.Врховниот суд му наредил да ги предаде пасошите во рок од 24 часа.Болсонаро претходно негираше дека има намера да избега од земјата.Трамп изјави дека би го одобрил неговото доаѓање, критикувајќи го изборниот процес.

На изборите Болсонаро загуби од левичарскиот претседател Луис Да Силва кој освои повеќе гласови во вториот круг од гласањето.

Заминувањето на Болсонаро предизвика политички реакции и шпекулации за неговата иднина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер