МакедонијаВо Маврово продолжуваат активностите од тридневниот семинар „Стратешко лидерство и ефективна комуникација за добро владеење“Во Маврово продолжуваат активностите од тридневниот семинар „Стратешко лидерство и ефективна комуникација за добро владеење“, во организација на ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“ на ВМРО-ДПМНЕ, во соработка со Фондацијата „Конрад Аденауер“.По вчерашното отворање на семинарот со поздравно обраќање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата, Христијан Мицкоски, кој говореше на тема „Лидерство, визија и одговорност“, денеска програмата продолжи со предавања посветени на стратешката и ефективната политичка комуникација. Директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ и член на ИК на партијата, Луке Галески, говореше на тема „Стратешка комуникација: од политички приоритети до јасни пораки“, при што се осврна на континуираната комуникациска стратегија на ВМРО-ДПМНЕ, нејзината конзистентност и начинот на кој политичките приоритети се преточуваат во јасни и разбирливи пораки за граѓаните. Стратешкиот пристап во комуникацијата е еден од факторите што придонесуваат политиките и резултатите на Владата да допрат до граѓаните, а довербата што ја ужива ВМРО-ДПМНЕ е потврдена и низ најголем број од релевантните истражувања на јавното мислење. Силниот политички момент за ВМРО-ДПМНЕ е дополнителна потврда дека граѓаните препознаваат јасна политика, стабилно лидерство и доследност во исполнувањето на преземените обврски. Свое излагање имаше и Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и портпарол на Владата, на тема „Ефективна комуникација со јавноста во современото медиумско опкружување“. Таа се осврна на потребата политичката комуникација да не биде само пренесување на информации, туку вистинско поврзување на политиките со реалните потреби, проблеми и очекувања на граѓаните. Галески и Митева потенцираа дека клучот на успешната политичка комуникација е граѓаните навремено и јасно да ја слушнат и разберат реалноста, резултатите, одлуките и конкретните политики кои влијаат врз нивниот секојдневен живот. Ова е особено важно во услови кога опозицијата континуирано се обидува преку манипулации, извртување на факти и креирање на лажни наративи да создаде искривена слика за состојбите во државата. Наспроти тоа, ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на комуникација која се темели на факти, резултати и одговорност. Политиката мора да биде разбирлива за граѓаните, а комуникацијата мора да биде во функција на нивното информирање, а не на нивно манипулирање. Тридневниот семинар е насочен кон размена на знаења, искуства и идеи поврзани со современото лидерство, стратешката комуникација и доброто владеење, имајќи предвид дека успешните политики и подобрите решенија за граѓаните бараат и одговорно управување и способност тие политики јасно, навремено и ефективно да се комуницираат со јавноста. ВМРО-ДПМНЕ продолжува со вложувањата во континуираното усовршување и надградување на своите членови и носители на јавна одговорност, затоа што силна политичка организација значи обединета, подготвена и компетентна структура која знае што сака да постигне, има јасна визија и знае како таа визија да ја преточи во резултати за граѓаните.Тагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеБесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во ЖелезничарВо здравствениот дом Железничар денеска ќе има бесплатни тестирања за рак на простата. Бесплатниот скрининг е наменет за мажи над 45 години и ќе се спроведува во рамки на кампањата „Мовембер“ односно ноември - месец за подигнување на свеста за машкото здравје. Бесплатните прегледи ќе се одвиваат од 13 часот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПредлог буџет за 2027 година на собраниска комисија 08:31По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаПредлог буџет за 2027 година на собраниска комисија Во Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска на дневен ред е предлогот на буџетот на Македонија за 2027 година, во второ читање. Поднесени се над 100 амандмани. Согласно проекциите, вкупните приходи на буџетот се планирани на ниво од 395,4 милијарди денари, расходите на ниво од 440,4 милијарди денари, додека буџетскиот дефицит е проектиран во износ од 45 милијарди денари или на ниво од 3,5% од планираниот БДП. Отстапувањето од фискалното правило е резултат на очекуваниот фискален ефект од потребата за исполнување на обврските од членството во нато алијансата за капитални вложувања во одбраната, со утврден износ од 2% од БДП-то. Проекциите на даночните приходи се планирани на ниво од 223 милијарди денари, со што тие учествуваат со 17,4% во БДП-то. Воедно износот на проектираните приходи е намален за 1,5 милјарди денари поради обврската за враќање на солидарниот данок кој се прибираше во 2023 година, а врз основа на законско решение за кое уставниот суд заклучи дека тоа било неуставно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоПроменливо облачно со сончеви периоди и температура до диури 25 степениВремето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 13, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 24 степени. МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С) 7 Попова Шапка, 9 Крушево, Лазарополе, 10 Гевгелија, 11 Скопје – Петровец, Струмица, 12 Скопје – Зајчев Рид, Охрид, Претор, Кавадарци, Тетово, Битола, 14 Прилеп, Куманово, Берово, 15 Велес, 16 Штип, Крива Паланка, Виница, Демир Капија. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2) 9 Лазарополе, 5 Пожаране, 3 Битола, 2 Претор, 1 Попова Шапка, Крушево, Куманово. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Под влијание на серија од влажни бранови следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Утре ќе преовладува релативно топло време со температури кои ќе бидат значително над просекот за овој период од годината и ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање, особено во северните делови.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПредлог буџет за 2027 година на собраниска комисија 08:31По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20