Во март 17 пожари на отворено на територијата на Крива Паланка - Канал 5

Во март 17 пожари на отворено на територијата на Крива Паланка

Апел од надлежните, граѓаните да не палат стрништа.

Во март 17 пожари на отворено на територијата на Крива Паланка

Состојбата со пожари на отворено во Крива Паланка, со 17 пожари за само 20 дена, беше повод надлежните да упатат апел до граѓаните за најстрога забрана за палење стрништа и земјоделски отпад.

По денешниот координативен состанок на градоначалникот со надлежните служби и инспекциското одделение од општината, на кој се разговараше за состојбата со хидранстска мрежа на подрачјето на општината и состојбата за противпожарна заштита, меѓу другото се проговори и за состојбата со пожари во општината, по што беше упатено известување за изрична забрана за палење стрништа и друг отпад при чистење ливади, земјоделски поседи и дворови во екот на претстојните пролетни расчистувања.

-Според информациите од Територијална противпожарна единица, периодов има зачестена појава пожари на отворен простор во нашата општина, кои во најголем дел се предизвикани од невнимание на несовесни граѓани, при чистење на земјоделските површини, при што пожарот излегува од контрола, се опожаруваат поголеми површини, се причинува материјална штета, како по природата, животната средина и биодиверзитетот, така и по имотот на граѓаните. За таа цел, денес упатувам еден апел граѓаните да не палат стрништа, рече градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

Командирот на ТППЕ, Крива Паланка, Иле Коцевски, околу 13 часот и 30 минути информира дека и денес е примена дојава за пожар, вкупно 17-ти месецов, во атарот на село Мартиница, м.в. Љубина чешма, исто така предизвикан од палење стрништа при чистење ливада и зафатил поголема површина.

-Уште еднаш ќе апелирам граѓаните да се однесуваат крајно совесно, да не палат стрништа и да не предизвикуваат пожари. Согласно важечките закони за ваквите негативни појави предвидени се големи казни. Глобата за предизвикување на пожар изнесува до 3000 евра во денарска противвредност, како и покренување на постапка за сторено кривично дело, рече Коцевски.

Согласно Законот за земјоделско земјиште, Законот за шуми, Законот за ловство, Законот за заштита и спасување, Законот за отпад, Законот за амбиентален воздух, Законот за заштита на животната средина и природата, Законот за облигационите односи и многу други закони и подзаконски акти, предвидени се одредби дека секој граѓанин е должен да се однесува соодветно во животната средина, да преземе мерки за заштита од пожари на земјоделското земјиште, на шумите, на ловиштата, да ја заштити животната средина и природата, како и да го заштити амбиенталниот воздух од загадување. Доколку било кој се однесува спротивно на наведените закони и намерно или од крајно невнимание предизвика пожар со што ќе причини штета на физички или правни лица, должен е покрај глобата што ќе ја плати во прекршочната постапка, да ја надомести и предизвиканата штета.

-Палењето на земјоделските површини го зголемува загадувањето на воздухот, води до локални и регионални промени во квалитетот на воздух, а тоа директно влијае врз еколошката карта на целиот регион. Дополнително се зголемува опасноста од шумски пожари, додава Коцевски.

Трамп изјави дека „100 проценти ќе има трговски договор“ со ЕУ

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази „100 проценти“ увереност во постигнувањето „трговски договор“ во тековниот царински спор со Европската унија, за време на денешната средба со италијанската премиерка Џорџа Мелони во Белата куќа.

Трамп изјави дека „100 проценти ќе има трговски договор“ со ЕУ

- О, ќе има трговски договор, 100 отсто, рече Трамп.

Тој одговараше на новинарско прашање што ќе се случи ако нема договор на крајот од 90-дневната пауза што ја одреди – и реагираше речиси со потсмев, пренесе ДПА.

- Што, мислите дека нема да има … се разбира дека ќе има трговски договор. Многумина сакаат да склучат договор, многу, многу. И ние ќе направиме трговски договор. Целосно го очекувам, но тоа ќе биде фер договор, рече Трамп.

Минатата недела, по значителните турбуленции на берзите и финансиските пазари, Трамп неочекувано одлучи да им одобри на многу земји, вклучително и на ЕУ, 90-дневна пауза од одредени царини.

Овие царини се казнени и се засноваат на трговскиот дефицит на соодветните земји, а исклучок е Кина.

Со оваа одлука, Трамп привремено стави дел од својот обемен царински пакет во мирување. ЕУ, исто така, соопшти дека ќе ги суспендира планираните одмазднички царини за американските производи на 90 дена.

Фото: ЕПА

Ван Дајк останува во Ливерпул до 2027

Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дијк денеска го продолжи договорот со англискиот клуб до 2027 година.

Ван Дајк останува во Ливерпул до 2027

„Многу сум среќен и горд. Има толку многу емоции кои ми поминуваат низ главата токму кога зборувам за тоа. Се чувствувам горд и радосен. Тоа е неверојатно. Патувањето што го имав досега во мојата кариера и можам да го продолжам за уште две години во овој клуб е неверојатно и многу сум среќен“, изјави Ван Дајк.

Холандскиот фудбалер му се приклучи на Ливерпул во јануари 2018 година од Саутемптон за тогаш рекордна сума од 75 милиони фунти за дефанзивец.

Досега Ван Дајк одигра 314 натпревари и постигна 27 голови за Ливерпул, со кој меѓу другото ја освои Лигата на шампиони во 2019 година и Премиер лигата во 2020 година.

ММФ не предвидува рецесија годинава и покрај царините на Трамп

Трамп воведе царини од најмалку 10 отсто за сите стоки што влегуваат во САД почнувајќи од 5 април, и до 145 отсто за кинески стоки, покрај постојните царини воведени пред тој да се врати во Белата куќа.

ММФ не предвидува рецесија годинава и покрај царините на Трамп

Царинските мерки на американскиот претседател Доналд Трамп ќе влијаат на глобалната економија и ќе предизвикаат големо забавување на економскиот раст годинава, но без транзиција во рецесија, изјави денеска извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева.

И покрај несигурноста предизвикана од трговската политика, „нашите проекции за раст се во голема мера намалени, но не укажуваат на рецесија“, рече Георгиева во својот традиционален воведен говор пред пролетните состаноци на ММФ и Светската банка.

Состаноците почнуваат следната недела, кога меѓународните финансиски институции ќе ги претстават своите ажурирани прогнози за светската економија.

Трамп воведе царини од најмалку 10 отсто за сите стоки што влегуваат во САД почнувајќи од 5 април, и до 145 отсто за кинески стоки, покрај постојните царини воведени пред тој да се врати во Белата куќа.

притисни ентер