Во манастирот во Рајчица одбележан партонот на светиот солунски чудотворец Григориј Палама - Канал 5

Во манастирот во Рајчица одбележан партонот на светиот солунски чудотворец Григориј Палама

По тој повод, во параклисот на манастирот за поклонение беа изложени и моштите на светиот Агатангел Битолски кои се чуваат во Бигорскиот манастир.

Во манастирот во Рајчица одбележан партонот на светиот солунски чудотворец Григориј Палама

Светата Обител на манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ во село Рајчица и оваа година во присуство на голем број верници, од сите делови на државава, заедно го прослави празникот на големиот поборник за верата Христова и небесен застапник Свети Григориј Палама, кој годинава се совпадна со празникот и на Светиот Агатангел Битолски.

По тој повод, во параклисот на манастирот за поклонение беа изложени и моштите на светиот Агатангел Битолски кои се чуваат во Бигорскиот манастир.

-Благословот на Светиот Солунски Чудотворец Григориј Палама, што изобилно на нас го излева Втората недела од чесниот пост, традиционално привлекува многу богокопнежливи души во рајскиот дворец на Победоносецот. Оваа година не беше ништо поинаку. Молитвениот призив го слушнаа во срцето и од сите страни пристигнаа во светилиштето бројни поклоници на овој Божествен слуга, кои со голема нетрпеливост и со неопислива радост се нурнаа во благолепието на празничното чествување на Рајчичкиот патрон, рече сестра Ефимија.

Покрај празничната вечерна и утрената богослужба, беше одржана и Божествената Архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше Неговото преосвештенство, епископот Антаниски г. Партениј, заедно со јеромонасите од светата бигорска Обител.

Фото: Бигорски манастир

-Токму во неделните денови на Великиот Пост Црквата ни ги предочува корифеите на верата, подвижниците и проповедниците на Православието, за да ни покаже дека единствената цел на нашето суштествување – обожението, се постигнува со труд и со подвиг…Но, треба да знаеме дека не е доволен само подвигот, туку и правилното верување и исповедање, проследено со правомислие за богооткриената вистина... Сите ние како Христијани сме должни да ја чуваме чистотата на спасоносната вера. Најнапред преку личното очистување и обожување, а потоа и со збор и со исповедание. Во членот од ‘Символот на верата’, кој сите го кажуваме на секоја Света Литургија, во делот кој се однесува на Црквата велиме: ‘Во едната, света, соборна и апостолска Црква’. Еве ја дефиницијата, еве го името на Црквата во која сите ние православните треба да веруваме. Една, оти Црквата е единствена, неразделна, сплотена, едно Тело Христово; Света, затоа што Свет е нејзиниот Создател и извор на осветување; Соборна, оти Црквата е собор, заедница, универзална за сите луѓе, а не само за одредени народи или групи; Апостолска, бидејќи е востановена и потврдена со крвта на светите Апостоли. И сега, покрај сето ова, праведно ли е да ѝ даваме друго име на Црквата? Праведно ли е да ја разделуваме по какви било критериуми од овој свет? Штом е една и соборна, може ли истовремено да биде албанска, или бугарска, или грчка, или руска, или српска, или македонска, или каква-годе друга? Какво безумство и колку голем грев правиме кога едната Црква ја разделуваме на некакви национализирани парчиња! За жал, и многумина од нас кои сме во Црквата честопати ги мешаме Божествените со земските нешта. Не смееме да ѝ го менуваме карактерот на Црквата Божја, која е единствена, вселенска и универзална, насекаде иста. Може само условно да се каже дека таа е административно поделена, заради полесно извршување на пастирските потреби. Но, во никој случај не може да се каже дека таа е разделена на национална основа, бидејќи тоа е голем грев! Етнофилетизмот во Црквата е осуден како ерес и ние не смееме да се приклонуваме кон него, за да не би го изгубиле сопственото спасение… Соборноста на Црквата ја гледаме уште на самите почетоци, кога Светите Апостоли свикале Апостолски собор во Ерусалим, на кој се советувале и донеле решенија за функционирањето на раната Црква, рече меѓу другото во својата беседа владиката Партениј.

Исто така порача „да бидеме внимателни и да не дозволиме да бидеме заведени од некои овоземски нешта и интереси, кои сакаат да го извалкаат чистото учење за вистинскиот карактер на Црквата, национализирајќи ја и ограничувајќи ја едната, света, соборна и апостолска Црква“.

-Не смееме во некое одредено подрачје да даваме ексклузивитет на некоја нација врз Црквата! Или да ја претвораме Црквата во инструмент за опслужување само на одреден народ или држава! Деновиве слушнав како во една соседна помесна Црква, го изменуваат дури и тропарот на Чесниот Крст, така што на местото каде што се вели „дарувај им победи на православните Христијани“, таму го изземаат зборот Христијани и го додаваат името на нацијата. Зарем Црквата е составена од само една нација? Па добро, можеби некој ќе се спротивстави, тврдејќи дека ете во тоа место живеат етнички чисти луѓе (ако воопшто ги има такви), кои ѝ припаѓаат само на една нација. Меѓутоа, што ако во таа прилика на богослужба во храмот дошле и некои други верници, припадници на други нации? Според логиката на првите за нив не треба да важи молитвата и благословот, а може да бидат сметани дури и за непријатели. Тоа е крајно погрешно, тоа е ерес. Тоа што на богослужба ќе се помолиме за сите православни браќа и сестри ширум светот, без разлика на кој етникум припаѓаат, не нè прави помали Македонци. Сите православни Христијани сме еден народ, избран род, царско свештенство, свет народ. Не смееме Црквата да ја разболуваме со национализам. Ако в Црква почнеме да ставаме што било пред Христа, ќе Го налутиме Господ. Токму поради таквите појави страдаме ние православните денес. Многумина архиереи, свештеници, теолози го знаат сето ова, но не преземаат ништо. Се чудам во каква ли замаеност живеат, штом не ја исповедаат правилно верата наша. Проповедањето на вистината е за доброто на сите, за сите да имаме благослов. А кога се трудам да го љубам ближниот свој и да им помагам на сите околу мене, тогаш всушност му помагам на мојот народ. И ќе бидам добар Македонец, вистински патриот, само доколку сум дејствителен Христијанин, доколку на дело им служам на ближните свои. И да, Црквата му припаѓа на еден народ во толкава мера во која што тој народ ги живее нејзините свети тајни. Тогаш таа му дава на тој народ вистинска постојба и опстојба и во световна смисла“, порача Неговото преосвештенство, епископот Антаниски г. Партениј.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Цеца за фотките во бикини

Балканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. 

Фото: Цеца за фотките во бикини

Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело.

Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците.

Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца.

Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати.

Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Сабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона.

По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови.

Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време.

Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи.

Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Фудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник  2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд.

Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд.

Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините.

Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот.

Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката.

Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва.

Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер