ЕСЕ: За 84 отсто здравствените работници корупцијата е делумно или многу распространета во секторот во кој работат
1Алиу: Брзата помош во Скопје ќе стане посебна институција, пристигнуваат 100 нови амбулантски возила
2ЕСЕ: За 84 отсто здравствените работници корупцијата е делумно или многу распространета во секторот во кој работат
ЗдравјеВо македонските болници се згрижени 90 пациенти, дел од нив ќе се трансферираат во странствоНови 20 пациенти се хоспитализирани, меѓу кои и три пожарникари, по страшната трагедија во кочанската дискотека, во која животот го загубија 59 лица.Со тоа, бројката на хоспитализирани во земјава се искачи на 89 лица, а најголем дел од нив се примени на Клиниката за пластична хирургија, КАРИЛ и ГОБ „8 Септември“ – вкупно 49 пациенти. Состојбата засега е стабилна, а медицинските тимови тврдат дека се подготвени за евентуални влошувања, кои, како што велат, се можни во вакви случаи кога пациентите имаат изгореници од 2 и 3 степан, како и вдишување на пламен и густ чад. Денеска се очекува да продолжи транспортот уште на 20-тина пациенти, кои ќе се испраќаат на подалечни дестинации како Полска, Шведска, Холандија, Италија, Норвешка, Словенија. Капацитетите на болниците во соседството се речиси исполнети, истакна првиот човек на ФЗОМ, Сашо Клековски. Хоспитализираните во ГОБ „8 Септември“ ги посети и премиерот Христијан Мицкоски. По бурните реакции во земјава и Србија, за посетата на повредените од српскиот претседател Вучиќ кој во болница се појави придружуван од 20-на медиумски екипи, фотографи и камери, премиерот Мицкоски тврди дека нема намера да прави „пи-ар“, а неговата посета на повредените е во обид да помогне со почитување на сите протоколи. Инаку, помош на лекарските тимови од земјава има од Србија, Чешка и Израел, додека тим од Велика Британија денеска ќе пристигне во Македонија, за да помогне во подготвување на следната фаза – рехабилитација на повредените.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКонтурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва18:18Контурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва 15:00Гори дива депонија во Шуто Оризари11:53Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски08:54Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски08:54
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00
СветСуперјахтата на Путин забележана кај ДанскаКонвој од три руски бродови пловеше покрај Данска претходно оваа недела, вклучувајќи ја и суперјахтата Грејсфул, за која се верува дека му припаѓа на рускиот претседател Владимир Путин.Суперјахтата влезе во данските територијални води во недела навечер и помина во близина на островот Анхолт во понеделник наутро, објави данскиот медиум „DR“. Грејсфул наводно била придружувана од разурнувач и патролен брод. Преминувањето привлече внимание затоа што, според „DR“, суперјахтата Грејсфул го исклучила својот „AIS“ предавател на 30 август 2022 година, по почетокот на руската инвазија на Украина. Ein ungewöhnlicher russischer Schiffskonvoi sorgt derzeit vor der dänischen Küste für enorme Aufmerksamkeit. Mittendrin befindet sich die Luxusjacht "Graceful", die als persönliche Jacht von Kreml-Chef Wladimir Putin gilt. https://t.co/bSNymOcAok — oe24.at (@oe24at) June 29, 2026 Оттогаш, бродот е практично „под радарот“, иако оттогаш е забележан во близина на Санкт Петербург. Откако конвојот беше забележан во близина на Данска, тој беше под постојан надзор. „Вооружените сили редовно ги следат бродовите, вклучително и бродовите на странски држави, кои минуваат низ данските теснеци и територијални води, користејќи соодветни можности“, соопшти Данската одбранбена команда. Според претходните извештаи на списанието „Форбс“, суперјахтата „Грејсфул“ е долга околу 80 метри и се проценува дека вреди околу 100 милиони евра. Извор: Б92Тагови: Владимир Путин Данска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре сончево и топло со мала до умерена облачностВремето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа појава на краткотрајно невреме со град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 35 степени. Под влијание на серија влажни воздушни бранови во четврток и во петок времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, наместа со повремени врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град. Температурите ќе бидат во опаѓање. Во деновите од викендот ќе се задржи посвежо време и ќе дува умерен до засилен северен ветер.Тагови: Сончево и топло Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило12 возеле без возачка дозвола, од кои еден малолетник, a двајца под дејство на алкохол.Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 12 возачи кои управувале возило без возачка дозвола, од кои еден малолетник и двајца возачи кои возеле под дејство на алкохол. Три лица во Битола, две лица во Прилеп (еден малолетник), две лица во Скопје и по едно лице во Ропотово, Кичево, гостиварско, Гостивар и Ресен. На возачот во Ресен му биле измерени и 0,92 промили алкохол во крвта. Под дејство на алкохол, исто така, возеле по едно лице во Кратово и Македонска Каменица. Возачот во Кратово претходно предизвикал сообраќајна незгода, односно со возилото кое го управувал удрил во паркирано товарно возило. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно возење Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter