КултураВо македонскиот КИЦ во Загреб заврши Фестивалот на современата македонска книжевностСо средбата со водечките хрватски писателки за деца Сања Пилиќ и Силвија Шесто, синоќа, во Македонскиот културно-информативен центар во Загреб, заврши тридневниот Фестивал на современата македонска книжевност. Разговорот со нив го водеше Нове Цветаноски, директор и главен уредник на Друштвото за издавачка дејност Македоника литера од Скопје, при што беа претставени македонските изданија на нивните книги за тинејџери - романите „За мајките сè најдобро“ од Сања Пилиќ и „Ванда“ од Силвија Шесто, кои Македоника литера ги објави непосредно пред одржувањето на Фестивалот. И двете книги со децении се задолжителна лектира во основното образованиево Хрватска, а двете авторки долг период се застапени со по неколку свои книги во списокот за задолжителна лектира и се најчитаните и најнаградуваните хрватски автори за деца. На Фестивалот, кој годинава се одржа првпат и се очекува да стане традиционален, беа одржани уште неколку настани кои привлекоа големо внимание кај хрватската книжевна јавност и кај македонската заедница во Загреб. Меѓу другото, се одржа трибина на тема „Македонско-хрватските книжевни врски низ призмата на книжевниот превод“, на која учествуваа претставници од Македонија и универзитетски професори по книжевност од Загреб, афирмирани хрватски автори и реномирани уредници и издавачи, на која се разви интересна и продуктивна дискусија за македонско-хрватската соработка во областа на книжевниот превод. На Фестивалот беа претставени и хрватските преводи на книгата со раскази „Сезона на глуварките“ на Блаже Миневски, книгата со раскази „Чувар на тајните“ на Ранко Младеноски, како и книгата со раскази на македонски јазик „Ви раскажував ли?“ од Борјана Прошев Оливер. Беше претставена и книгата на акад. Горан Калоѓера „Поглед отстрана. Рацин (1909 – 1943)“ и фототипното издание на Бели мугри“ од Кочо Рацин, двете во издание на Македоника литера. За време на саемот беше поставена и изложба на книги на македонски јазик на хрватски автори издадени од Македоника литера со близу 50 наслови, како и книги на современи македонски автори објавени исто така од Македоника литера и на книги на учесниците. Фестивалот се одвиваше во мошне конструктивна и продуктивна атмосфера и на кој беа овозможени многу контакти меѓу издавачи, уредници, автори и преведувачи и беа иницирани нови проекти за соработка, првенствено во областа на книжевниот превод од двете литератури. Всушност, замислата и целта на овој фестивал е да ја афирмира и уште повеќе да ја поттикнува македонско-хрватската соработка во книжевноста, издаваштвото и воопшто во културата. Директорката на македонскиот КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска вели: „Идејата која нѐ поттикна да востановиме овој Фестивал е едноставна, но пред сѐ, длабока – книжевноста е простор на културни контакти, а преводот е културниот мост кој ги овозможува тие контакти. Секоја преведена книга отвора нов свет, носи нов поглед и го шири нашето разбирање и познавање на другиот, но и на себе. Фестивалот, со својата успешна и добро смислена и реализирана програма, привлече големо внимание кај хрватската книжевна и издавачка јавност и покрај динамичната книжевна сцена во Загреб, а македонскиот Културно-информативен центар уште еднаш потврди дека претставува вистинска и интензивна сцена за македонската култура во главниот град на Република Хрватска“. Македонски културно информативен центар во ЗагребКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГори во Могила и Долнени, три пожари се изгаснатиДо 13:00 часот на територијата на Македонија се евидентирани вкупно седум пожари на отворен простор, од кои два се активни, два се ставени под контрола, а три се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.Активни се пожарите во селото Могила, Општина Могила, каде што гори ниска вегетација, како и кај селото Ропотово во Општина Долнени, каде што е зафатено стрниште. Под контрола се пожарите на депонијата во Делчево и кај селото Грешница во општина Македонски Брод, каде што гори ниска вегетација, деградирана шума и грмушки. Во меѓувреме, изгаснати се пожарите на територија на општините Василево, Гостивар и Петровец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„Талир 2“ е пред Апелација, случајот за Груевски застарува за три неделиЖалбата на Обвинителството на ослободителната пресуда за Груевски за „Талир“2, стигнала во Апелација.Од Кривичниот суд велат дека списите за предметот вчера се доставени до апелацискиот суд.. Пресудата на 31 јули била доставена до сите странки, а на 5 август Обвинителството ја обжалило. По приемот на жалбата од страна на сите странки, предметот е доставен до Апелациониот суд скопје за понатамошно постапување, велат од кривичниот суд. Сепак, случајот против Груевски за обвинителството е веќе изгубен затоа што за три недели застарува. Евентуално можно е да предизвика евентуална промена околу конфискацијата на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ, вредна 14 милиони евра и останатиот имот од 2 милиони, ко беше замрзнат со предметот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: По навредите на Мицкоски и неговиот „талог“, навредите од ВМРО, сега навреди и од СтоилковиќНародот го гледа вистинското лице на криминалната власт на Мицкоски.Навреди, сеење омраза и поделби меѓу граѓаните и меѓу македонскиот народ. Мицкоски дури и на Илинден, наместо национално обединување, го отвори говорот со зборот „талог“. Подолго време тече оркестрирана кампања на омраза и навреди по директива на началникот на Мицкоски - Драган Павловиќ Латас. Навредите на Мицкоски: талог на општеството, мочуриште, медиокритети, мекотели, глодари… и сѐ друго што го говори за македонскиот народ - сега оди во уште полоша форма. Ниво на сеење омраза и бес. Криминалната организација ВМРО и екипата на Вучиќ, откако им го откривме планот со медиумите и Стоилковиќ, удрија со нејнечист речник. Зборовите што ги користат не можеме сите да ги изговориме поради нашата култура. Само неколку ќе споменам: • кловновска дружина • комуњарско коњиште • духовен изрод • евтин хохштаплер • смешен кловн со две леви нозе Ова е дел од јазикот што го користат иако има многу пониски зборови, полни со најпримитивни навреди и омраза. И вакви текстови Иван Стоилковиќ го промовира на својот Фејсбук-профил. Тој е министер во Владата на Христијан Мицкоски! Ваквите зборови доведоа до напад на деца во Ново Село - само затоа што носеа транспарент на вистината, а тоа е дека водата е загадена во Гостивар. Сите овие методи се видени во Германија во триесеттите години од минатиот век. Фашистички методи во 21 век во Македонија. Српскиот свет на Вучиќ влегува на мала и на голема врата. Ова е лицето на криминалната власт која ја држи земјата во изолација. Која нема резултати и повеќе нејзините лаги не поминуваат. Прочитани се! Македонија нема ова да го дозволи. Наскоро доаѓа времето на вистината и правдата! Македонија ќе победи! Прес конференција на СДСМ, Наташа Поповиќ, членка на Извршниот одбор СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook