Во Македонија се живее пет години помалку отколку во ЕУ, жените подологовечни од мажите - Канал 5

Во Македонија се живее пет години помалку отколку во ЕУ, жените подологовечни од мажите

 Очекуваниот животен век при раѓање во Европската Унија изнесува 81,5 години, додека во Македонија 76,6 години. 

Во Македонија се живее пет години помалку отколку во ЕУ, жените подологовечни од мажите

Оваа бројка се разликува од регион до регион, па така највисок очекува животен век има шпанскиот регион Комунидад де Мадрид, со 85,7 години, додека најмал има во Северозападен регион во Бугарија со 73,9 години.

Жените на ниво на ЕУ се очекува да живеат 5,2 години подолго од мажите, додека во Македонија 4,4 години. Овој јаз значително варираш меѓу земјите од ЕУ, па така во Латвија, се очекува жените да живеат 9,8 години подолго од мажите, додека најмал родов јаз има во Холандија - 2,8 години.

Според поатоците на Еуростат, во 2024 година, очекуваниот животен век при раѓање во ЕУ е 81,5 години, што укажува на зголемување од 0,1 година во однос на 2023 година. Очекуваниот животен век се намали во 2020 година (80,4 години) и 2021 година (80,1 години) поради пандемијата COVID-19, но оттогаш се опоравува и достигна вредности повисоки отколку во 2019 година (81,3 години).

За жените, очекуваниот животен век при раѓање во ЕУ бил 84,1 години во 2024 година, додека за мажите бил 78,9 години.

На регионално ниво, четири региони имаат очекуван животен век од 85 години или повеќе: шпанскиот регион Комунидад де Мадрид, со 85,7 години, и италијанските региони Провинција Автонома ди Тренто и Провинција Автонома ди Болцано/Бозен и регионот на шведската престолнина Стокхолм, сите со 85,0 години.

Спротивно, меѓу 5-те региони на ЕУ со најнизок очекуван животен век при раѓање, 3 беа во Бугарија: Северозападен (73,9 години), Северен централен (74,9 години) и Североизточен (75,4 години). Другите 2 беа Мајоте во Франција (74,5 години) и Ешак-Маѓароржаг во Унгарија (75,1 години).

Во 2024 година, очекуваниот животен век при раѓање за жените во ЕУ достигна 84,1 години (зголемување за 0,1 година во споредба со 2023 година), додека за мажите беше 78,9 години (+0,2 години). Ова укажува дека се очекува жените да живеат 5,2 години подолго од мажите.

Овој јаз значително варираш меѓу земјите од ЕУ. Во Латвија, се очекува жените да живеат 9,8 години подолго од мажите, по што следуваат Литванија (8,6 години) и Естонија (8,4 години). Најмали родови јазови има во Холандија (2,8 години), Шведска (3,1 година) и Ирска (3,4 години).

Еуростат нема податоци за проценка на животниот век на населението во Македонија за 2024 година, додека според податоците од Статистичкиот годишник за 2025 година на Државниот завод за статистика, очекуваниот животен век за периодот 2022-2024 е 76,63 години, со тоа што животниот век на жените е 78,86 години, а на мажите за 4,4 години помал 74,48 години.

Очекуваната должина на животот при раѓање бележи раст од 1,3 години, споредено со периодот 2021-2023 година кога изнесувал 75,32 години и 2,2 години споредено со периодот 2020-2022 година.

Во 2021 е заблежан пад на очекуваниот животен век во земјава за три години и пет месеци во спроредба со 2018 кога изнесувал 76,7 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Скопје посебен сообраќаен режим на посета доаѓа претседателката на парламентот на Косово

Претседателката на парламентот на Косово, Албуљена Хаџиу, денеска доаѓа во Скопје. За време на посетата таа ќе престојува во македонското собрание, каде што ќе се сретне со собранискиот спикер.

Во Скопје посебен сообраќаен режим на посета доаѓа претседателката на парламентот на Косово

Според информациите на прес-службата на собранието, Хаџиу ќе биде пречекана со високи државни и воени почести, по што ќе оствари тет-а-тет средба со претседателот на парламентот Африм Гаши.

Ќе се потпише и во книгата на впечатоци.поради посетата на делегацијата од Косово, денеска во главниот град ќе има посебен сообраќаен режим во централното градско подрачје. МВР апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈО: Поднесени обвиненија за поткуп и злоупотреби при даночните контроли на “Пулс” и поврзаните фирми

Основното јавно обвинителство Кочани поднесе обвинителен акт против три лица и обвинителен предлог против шест лица за дејствија на поткуп, злоупотреба на службена положба, оддавање службена тајна и фалсификување..

ЈО: Поднесени обвиненија за поткуп и злоупотреби при даночните контроли на “Пулс” и поврзаните фирми

Основното јавно обвинителство Кочани поднесе обвинителен акт против три лица и обвинителен предлог против шест лица за дејствија на поткуп, злоупотреба на службена положба, оддавање службена тајна и фалсификување, во врска со контролите на Управата за јавни приходи во дискотеката “Пулс” во Кочани и во други поврзани фирми.

Обвинителен акт за кривично дело – Примање поткуп од член 357 од Кривичниот законик е поднесен против двајца даночни контролори, од кои еден е обвинет за две вакви дејствија. Тие од третото лице, обвинето за – Давање поткуп од член 358 од Кривичниот законик, побарале и примиле очила и рачен часовник со цел да го информираат за ненајавени вонредни контроли во фирмите каде тој бил одговорно лице.

Иако биле свесни дека согласно закон не смеат да оддаваат информации кои ги осознале во врска со даночна постапка, првиот обвинет сепак го информирал третиот обвинет преку вибер пораки за дејствијата на УЈП и МВР во врска со наведените фирми, правејќи со тоа и продолжено кривично дело – Оддавање службена тајна од член 360 од Кривичниот законик.

Двајцата даночни контролори се обвинети и за – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик, бидејќи при извршена контрола во правниот субјект во кој одговорно лице бил третиот обвинет, на 06.03.2024 година утврдиле даночни неправилности и нерегистриран промет, но во записникот не ја внеле откриената незаконитост. Со ова на буџетот му нанеле шета од 98.400 денари кои останале како ненаплатена глоба кај прекршителот.

Со цел да ги покрие незаконитостите утврдени при контролата, вториот обвинет сторил и кривично дело – Фалсификување службена исправа од член 361 од Кривичниот законик, односно го фалсификувал службениот извештај за контролата.

Против дополнителни четворица даночни контролори и инспектори до Судот е поднесен обвинителен предлог за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување. Од нив, еден е обвинет и за – Фалсификување исправа. Дополнително, една вработена во Државниот пазарен инспекторат сторила дело – Оддавање на службена тајна, откривајќи информации кога акциските контроли ќе се реализираат. Обвинетите контролори и инспектори од УЈП вршеле даночни контроли кај правни субјекти во кои како реален сопственик се јавува шестиот обвинет, татко на лицето претходно обвинето за давање поткуп. Меѓутоа, констатираните неправилности не ги евидентирале и фалсификувале извештаи за извршените надзори. Со тоа на фирмите не им се наплаќале законски предвидените глоби. Во дејствијата на злоупотреба им помогнал и самиот реален сопственик, кој е шести обвинет во случајов.

Кривичната пријава за дејствија на Злоупотреба на службената положба опфаќаше уште четири лица, од кои за 2 е запрена постапката поради застареност, додека за 2 се утврди дека немаат дејствија на наведеното дело или на друго дело кое се гони по службена должност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хари Кејн е добитникот на „Златната топка“ за најдобар фудбалер во светот.

Капитенот на Англија, ѕвездата на Баерн Минхен, неверојатниот стрелец Хари Кејн, ја освои престижната „Златна топка“ како најдобар фудбалкер на светот за 2026 година,трофеј кој традиционално го доделува „Франс фудбал“. 

Хари Кејн е добитникот на „Златната топка“ за најдобар фудбалер во светот.

Кејн ја прими наградата на свеченост организирана во Лондон – првпат во 70-годишната традиција овој настан да се одржи надвор од Франција. Хари Кејн ги победи Килијан Мбапе и Ламин Јамал.

Иако немаше престижен трофеј, како оној од Светското првенство или Лигата на шампионите, Кејн победи благодарение на фантастичната серија голови. Капитенот на Англија постигна 73 гола на клупски и меѓународни натпревари во текот на сезоната 2025/26.

Тој е најдобар стрелец во Бундеслигата трета година по ред, а воедно и најефикасен клупски стрелец во Европа. Кејн ја предводеше Англија до нејзиниот најдобар пласман на Светско првенство уште од освојувањето на титулата во 1966 година.

„Гордиот Албион“ го освои третото место на неодамнешното Светско првенство во Северна Америка. Претходно вечерта, англискиот фудбалер ја доби наградата за најдобар напаѓач во светот.

Во женска конкуренција, по третпат во кариерата, најдобра е Алексија Путелјас, членка на „Лондон Сити“ и на шпанската репрезентација, со што се израмни со својата сонародничка Аитана Бонмати.

Селекторот на светскиот шампион Шпанија, Луис де ла Фуенте, беше прогласен за најдобар тренер, додека во женскиот фудбал за најдобар беше прогласен тренерот на Барселона, Пере Ромеу.

„Пари Сен Жермен“ во машка и Барселона во женска конкуренција беа прогласени за најдобри екипи.

Јамал ја освои наградата за најдобар млад фудбалер по третпат по ред, додека наградата за најдобра млада фудбалерка ѝ припадна на Вики Лопез од Барселона.

Свечената церемонија се одржа во Лондон, во познатиот театар „Паладиум“, при што организаторите му оддадоа почит на Стенли Метјуз, легендарниот англиски фудбалер кој во 1956 година стана првиот добитник на „Златната топка“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер