Во Македонија се одбележува Светскиот ден на поезијата - Канал 5

Во Македонија се одбележува Светскиот ден на поезијата

Светскиот ден на поезијата-21 Март денеска во Македонија ќе го одбележат повеќе институции, Македонскиот ПЕН центар, Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје, издавачки куќи, поети...

Во Македонија се одбележува Светскиот ден на поезијата


Во НУБ „Св. Климент Охридски“ ќе се одржи традиционалното поетско пладне на кое свои стихови ќе читаат повеќе поети: Матеја Матевски, Влада Урошевиќ, Радован Павловски, Богомил Ѓузел, Илхами Емин, Ферид Мухиќ, Катица Ќулавкова, Михаил Ренџов, Веле Смилевски и други. Поетското послание од Македонија годинава ќе го упати поетот Раде Силјан.

Со овој настан, Македонскиот ПЕН центар ќе ги одбележи и јубилеите на своите членови Матеја Матевски, Влада Урошевиќ, Али Алиу, Богомил Ѓузел, Трајан Петровски и Паскал Гилевски.

Во Културниот центар „Феникс“ ќе се одржи Вечер на новата македонска поезија. Воведна реч за поезијата, односно на тема „Арс поетика“ ќе има Јовица Тасевски - Етернијан, а потоа ќе настапат поголем број автори - претставници на најновиот поетски бран во Република Македонија.

На поетската вечера, учесниците и гостите ќе бидат послужени со леб, сол, пипер и вино. Со оваа вечер ќе почне циклусот од четири книжевни и културолошки манифестации кои ќе се одржуваат еднаш месечно во „Феникс“, а ќе бидат посветени на поезијата, есејот, прозата и критиката.

Поетската вечер ќе биде збогатена со изложба на поетски книги од македонски автори, изданија на „Феникс“, кои ќе се продаваат по симболични цени од 50 до 150 денари.

Светскиот ден на поезијата денеска ќе се одбележи и во Универзитетската библиотека во Битола.

Клуб Матица со викенд на вино и поезија ќе го одбележи Светскиот ден на поезијата. Во Градскиот трговски центар во Скопје поетесите Александра Велинова, Ирена Ристевска и македонскиот поет и писател Ѓорги Барбаровски, како и актерката Весна Петрушевска ќе се приклучат во одбележувањето на Светскиот ден на поезијата. Тие ќе им потпишуваат книги на посетителите на овој настан.

В сабота во Прилеп ќе бидат писателката Ивана Канго и Раде Силјан, како и пејачката Дани Димитровска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Цеца за фотките во бикини

Балканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. 

Фото: Цеца за фотките во бикини

Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело.

Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците.

Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца.

Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати.

Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Сабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона.

По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови.

Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време.

Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи.

Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Фудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник  2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд.

Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд.

Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините.

Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот.

Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката.

Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва.

Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер