Во Македонија има 183 амбулантни возила, најстарото поминало 1,35 милиони километри - Канал 5

Во Македонија има 183 амбулантни возила, најстарото поминало 1,35 милиони километри

Во земјава има вкупно 183 амбулантни возила, со просечна старост од 11 години.

Во Македонија има 183 амбулантни возила, најстарото поминало 1,35 милиони километри

Половина од здравствените установи немаат амбулантни возила. Според последната анализа на Центарот за граѓански комуникации, во земјава има само 183 амбулантни возила. Најмногу има во Скопје, 30, како и во Битола и Охрид по 12. Најголемиот процент се донации од Министерството за здравство, дел се купени од сопствен буџет на установата, некои пак од ги добиле од донации. Просечната старост им е по 11 години, најстарите две комбиња се постари од 30 години, а имаат поминато огромна километража.

Најупотребуваното возило има поминато над 1 милион 360 илјади километри, но она што е уште позастрашувачко е дека ако се направи група пресметка, околу 11 илјади граѓани се опслужуваат со едно албулантно возило.

Ако се направи споредба со возилата за службени потреби, за министерствата или општините - разликата е драстична. Тие располагаат со 2645 возила, што значи 15 пати повеќе превозни средства отколку за потребите на брзата помош.

Во летните периоди ситуацијата е отежителна. Итната помош е со полни раце работа бидејќи има панциенти кои колабираат поради топлотниот бран кој ја зафати земјава. Деновиве температурите достигнуваат и до 40 степени. Лекарите советуваат - да не се излегува надвор кога е најтопло, особено во периодот од 11 до 17 часот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лукровски оствари средба со поглаварот на ИВЗ

Градоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски денес оствари средба со поглаварот на Исламската верска заедница, Шакир Фетаху

Лукровски оствари средба со поглаварот на ИВЗ

На средбата беше разговарано за предизвиците со кои се соочува општеството, значењето на меѓусебната почит и почитувањето на различностите, како и за важната улога што ја имаат верските заедници во градењето соживот, разбирање и доверба меѓу граѓаните.

Соговорниците ја истакнаа важноста на верувањето и духовните вредности за народот, како и потребата од продолжување на меѓусебната соработка во интерес на сите граѓани.

Во знак на благодарност и почит за досегашниот ангажман и придонес, на градоначалникот Сотир Лукровски му беше врачена благодарница.

ОПШТИНА КАРПОШ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сите возила на Град Скопје и јавните претпријатија под GPS контрола – помали трошоци, поголеми заштеди

Град Скопје воведува систем на целосна контрола и мониторинг на службените возила со цел намалување на непотребните трошоци, спречување злоупотреби и поефикасно управување со јавните средства.

Сите возила на Град Скопје и јавните претпријатија под GPS контрола – помали трошоци, поголеми заштеди

Сите службени возила со кои располагаат Град Скопје и јавните претпријатија се опремени со GPS уреди и се следат преку современ мониторинг центар. Системот овозможува во реално време да се следи локацијата на возилата, нивната маршрута и брзина, времето поминато во движење, како и потрошувачката на гориво.

Дополнително, со специјални сонди се следи и нивото на горивото, со што се овозможува навремено откривање на нелогични трошоци и подобра контрола врз користењето на службените возила.

„Секое возило, секој километар и секој литар гориво мора да има оправдување. Градскиот буџет е сопственост на граѓаните и со него мора да се управува домаќински, одговорно и транспарентно“, порачаа од Град Скопје.

Домаќинското управување веќе дава конкретни резултати. ЈСП Скопје во првите шест месеци бележи заштеда од околу половина милион евра за гориво, со дополнително вклучени 50 возила, во споредба со првите шест месеци од истиот период минатата година.

Град Скопје посочува дека ова е само еден дел од мерките насочени кон рационално користење на јавните средства.

Вооедно, градоначалникот користи сопствено возило и горивото го плаќа од сопствени средства, додека службеното возило кое во минатото го користеле градоначалниците е ставено на располагање за потребите на Град Скопје.

Секој денар што ќе се заштеди од непотребно трошење да биде насочен кон подобрување на услугите и условите за живот на скопјани: улици, паркови, јавен превоз, училишта, култура и други приоритети.

Град Скопје продолжува со воведување ред, контрола и домаќинско работење, со јасен принцип дека јавните средства мора да се користат исклучиво во интерес на граѓаните.

Град Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Девојка на светска фудбалска ѕвезда во проѕирно од главата до петиците

Атрактивната Ешлин Кастро објави провокативни фотографии во фустан од тантела и доби многубројни комплименти за својот изглед.

Фото: Девојка на светска фудбалска ѕвезда во проѕирно од главата до петиците

Девојката на ѕвездата на Реал Мадрид и Англија, Џуд Белингем, манекенката и инфлуенсерка Ешлин Кастро – со која тој е во врска две години – позираше во провокативно издание на последната фотографија објавена на Инстаграм и предизвика бројни реакции, главно позитивни.

„Во последно време – само тантела“, напиша атрактивната Американка, која на фотографијата носи црн фустан од тантела, целосно проѕирен, што ги истакнува нејзините атрибути – особено во неколкуте пози во кои таа се покажа вешто и заводливо.

Фустанот имаше тенки прерамки, а таа го надополни изгледот со впечатлив накит и фризура со крената коса во пунџа; набрзо потоа, објавата беше преплавена со коментари за нејзиниот изглед.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер