Во Македонија и 16 годишни девојки имаат компликации предизвикани од ХПВ вирусот - Канал 5

Во Македонија и 16 годишни девојки имаат компликации предизвикани од ХПВ вирусот

Се почесто 16 годишни тинејџерки се пацинетки на Клиниката за гинекологија и акушерство со потврден ХПВ вирус. 

Во Македонија и 16 годишни девојки имаат компликации предизвикани од ХПВ вирусот

Гинеколозите велат дека ХПВ вирусот забележува тренд на зголемување и е вирус кој се пренесува по сексуален пат. Единствен начин за превенција е вакцина против ХПВ, заштитен сексуален однос и редовни прегледи.

По информацијата дека само десет од 100 деветооделенци биле вакцинирани протв ХПВ во градски средини е навистина загрижувачко бидјеќи од грлото на рак на матка се умира. И родителите не треба да се иформираат од социјалните мрежи.

Најнзиок опфат со ХПВ вакцинација е во општините Аеродром, Карпош и Центар каде процентот стигнува и до 30%. Гинеколозите велат дека задолжителната ХПВ вакцинација е воведена од 2009 и дека се уште е во редовниот и задолжителен календар каде се вакцинираат и момчиња.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Црвен крст на град Скопје: Традиционална крводарителска акција по повод 26 Јули

Во текот на летните месеци, бројот на крводарувања бележи намалување. 

Црвен крст на град Скопје: Традиционална крводарителска акција по повод 26 Јули

Годишните одмори, патувањата, високите температури и променетиот ритам на секојдневието се дел од причините поради кои граѓаните поретко се одлучуваат да даруваат крв.

Во исто време, потребата од крв не се намалува. Секојдневно, крвта е неопходна за хируршки интервенции, лекување на пациенти со тешки заболувања, лица повредени во сообраќајни незгоди, породувања, како и во други итни медицински состојби.

На здравствениот систем во нашата држава му се потребни околу 150 единици крв дневно за непречено обезбедување на потребите на пациентите.

Токму затоа, Црвен крст на град Скопје, на 27 јули, организира традиционална крводарителска акција, во знак на сеќавање на катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година, но и во чест на солидарноста, хуманоста и несебичноста што граѓаните ја покажаа во најтешките моменти.

Крводарителската акција ќе се реализира во Домот на АРМ – Скопје, во понеделник, 27.07.2026 година, во периодот од 09:00 до 18:00 часот.

На акцијата, покрај крводарителите од Скопје, ќе им се придружат и доброволни крводарители од Куманово, Свети Николе, Штип, Велес, Кочани и Крива Паланка, со што уште еднаш ќе се испрати силна порака дека хуманоста и солидарноста не познаваат граници.

Една единица крв може да спаси и до три животи.

Ова лето, одвојте малку време и дарувајте крв.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Авионска несреќа близу Сиетл, по падот авионот се запалил

Лекарите се борат за животот на лице кое се здоби со тешки повреди при падот на авион на компанијата „Кенмор ер“ (Kenmore Air) во близина на Сиетл.

Авионска несреќа близу Сиетл, по падот авионот се запалил

Според властите, сите 11 патници биле спасени од авионот, а четири лица биле повредени.

Авионот, кој бил на пат кон пристаништето Роч на островите Сан Хуан, се урна во морето во четврток вечерта во близина на островот Сиуша, по што авионот се запалил.

Според „Кенмор ер“ (Kenmore Air) и Крајбрежната стража, авионот полетал од Сиетл околу 17:15 часот и принудно слетал во заливот Шелоу Беј, по што се запалил.

На снимките и фотографиите од местото на несреќата се гледаат делови од авионот расфрлани по карпите и во водата, додека од остатоците се издига голем столб од црн чад.

Четири лица се повредени, од кои едно е во критична состојба. Две лица се пренесени во медицински установи во Белингем, додека две се пренесени на островот Оркас на медицинска проценка.

Канцеларијата на шерифот на округот Сан Хуан соопшти дека повредите вклучуваат „повреди на главата, скршеници и расекотини“. Островот Сиуша е мал остров северно од островот Оркас и се наоѓа на околу 6,5 километри јужно од поморската граница меѓу САД и Канада.

Иако превезуваат релативно мал број патници, хидроавионите се суштински дел од летните небеса над Сиетл; стотици од нив секојдневно полетуваат и слетуваат на езерата Јунион и Вашингтон, упатувајќи се кон островите во Салишкото Море или изведувајќи панорамски летови.

Во моментот на несреќата, низ областа минувале невремиња со грмотевици, при што ударите на ветерот достигнувале брзина од 12 до 20 милји на час, а видливоста изнесувала околу 10 милји, изјави Харисон Радемахер, метеоролог од Националната метеоролошка служба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Импресивен концерт на Камерниот оркестар на НОБ и маестра Чадловска

За мене „Охридско лето“ е секогаш посебна свеченост. Овој фестивал го доживувам како свој, како да сум дома и секогаш ми е огромна чест кога доаѓам тука.

Импресивен концерт на Камерниот оркестар на НОБ и маестра Чадловска

По неколкуте успешни гостувања на одлични солисти и ансамбли со различна жанровска програма за кои публиката покажа голем интерес, синоќа репертоарот на класична музика на 66. „Охридско лето“ повторно беше исполнет со импресивен настап на Камерниот оркестар на Националната Опера и Балет под диригентската палка на Бисера Чадловска и сопранот Наде Талевска која беше солист на вечерта.

Професионализмот и големиот креативен потенцијал на уметниците ги одразуваше не само нивните индивидуални квалитети, туку и префинетоста во заедничкото музицирање што беше видливо уште при првата композиција од репертоарот, меланхоличната мелодија „Хризантеми“ од Џакомо Пучини.

Диригентката Бисера Чадловска, како и секогаш, и овојпат покажа голема уметничка зрелост, креативност и енергичност.

-За мене „Охридско лето“ е секогаш посебна свеченост. Овој фестивал го доживувам како свој, како да сум дома и секогаш ми е огромна чест кога доаѓам тука. Изведовме неколку композитори, Џакомо Пучини, Бенџамин Бритн, Џовани Батиста Перголези, но и македонски автори како Ристо Аврамовски, Драган Шуплевски и Дамир Имери. Програмата беше специјално креирана за фестивалот „Охридско лето“, рече маестра Чадловска, која од 2022 до 2024 година беше и музички селектор на „Охридско лето“, а во 2021 година ја диригираше програмата на свеченото отворање на 61. издание на фестивалот.

Маестра Чадловска редовно диригира со Симфонискиот и Оперскиот оркестар во Националната опера и балет, но, како што кажа, првпат со Камерниот оркестар на најголемата национална установа од областа на културата во земјава.

Камерниот оркестар на Националната опера и балет е формиран во 2010 година и е составен од истакнати музичари и солисти на Оркестарот на НОБ. Во своето постоење настапувал на бројни сцени надвор од Македонија, а во својот репертоар секогаш отстапува голем простор за македонските композитори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер