Во мај годишен раст од 12,2 проценти на вкупните депозити и од 12,1 процент на вкупната кредитна поддршка - Канал 5

Во мај годишен раст од 12,2 проценти на вкупните депозити и од 12,1 процент на вкупната кредитна поддршка

Вкупните кредити бележат раст од 12,1 процент на годишна основа, а вкупните депозити раст од 12,2 проценти, покажуваат податоците на Народната банка. 

Во мај годишен раст од 12,2 проценти на вкупните депозити и од 12,1 процент на вкупната кредитна поддршка

Во мај, вкупните кредити се зголемени за 1,1 процент на месечно ниво, поради зголеменото кредитирање на двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“, а вкупните депозити бележат раст од 1,4 проценти на месечно ниво којшто се должи на повисоките депозити во двата сектора со поизразен придонес на депозитите кај корпоративниот сектор.

САД повторно испраќа оружје во Украина по еднонеделна пауза

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп ја продолжи испораката на одредени видови оружје за Украина, само една седмица по наредбата на Пентагон за привремено запирање на дел од испораките.

САД повторно испраќа оружје во Украина по еднонеделна пауза

Според двајца неименувани функционери од Белата куќа, новата испорака вклучува 155-милиметарски муниции и прецизно наведувани ракети. Тие не прецизираа колку оружје е испратено ниту дали веќе е пристигнато на целта. Не е јасно дали оваа пратка претставува долгорочна промена на американската политика.

Прекинот на испораките, наредена од секретарот за одбрана Пит Хегсет, се должи на загриженоста за намалени резерви во американските армиски магацини. Мешутоа, според извештај на Ци-Ен-Ен за тоа не знаел ни Трамп.

Прекинот на испораките се однесуваше и на ракетите „Патриот“, чија судбина сè уште не е разјаснета. Се работи за муниција вредна околу четири милиони долари, која неодамна имаше клучна улога во одбраната на американската база во Катар за време на нападот од Иран, како одмазда за американски напад врз ирански нуклеарни објекти.

Трамп во понеделникот изјави дека САД ќе продолжат со испораката на одбранбено оружје за Украина. Тој избегна да одговори на прашањето кој наредил пауза, но рече: „Ќе знам ако се донесе одлука. Најверојатно, јас би ја дал таа наредба, но сè уште не сум го направил тоа“.

Трамп, наводно, лично изразил незадоволство за тоа што прекинот бил лошо координиран со Белата куќа. Пентагон, пак, негира дека Хегсет делувал без претходна консултација со претседателот.

Од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година, САД ѝ испратија на Украина воена помош вредна повеќе од 67 милијарди долари.

Дебекл на Реал М: во полуфиналето на клупскиот Мундијал, ПСЖ противник на Челзи во финалето

Европскиот шампион ПСЖ и англискиот гигант Челзи  ќе одлучуваат за освојувачот на историската прва титула од Светското клупско фудбалско првенство. првенство

Дебекл на Реал М: во полуфиналето на клупскиот Мундијал, ПСЖ противник на Челзи во финалето

Актуелниот европски првак ПСЖ ќе му биде противник на Челзи во финалето на Светското клупско првенство, кое се одржува во Соединетите Американски Држави.

Францускиот тим синоќа во второто полуфинале го декласираше големиот Реал Мадрид со 4-0 (3-0), во натпревар на кој хрватскиот ветеран Лука Модриќ последен пат настапи за Кралскиот клуб.

Двоен стрелец во триумфот на ПСЖ беше Фабијан Руиз (6 и 24 минута), а по еден постигнаа Дембеле (9) и Рамос (88).

Ден претходно, Челзи го победи бразилски Флуминенсе со 2-0, со головите на Жоао Педро.

Финалето на Светското клупско првенство ќе се игра в недела со почеток во 21 часот по средноевропско време.

Нормализиран сообраќајот кон ГП Блаце, од клучките Орман до Мирковци и на експресениот пат Ранковце-Крива Паланка

 Сообраќајот на потегот од клучка Орман до клучка Мирковци е пуштен за редовен сообраќај, исто така и на потегот Скопје-ГП за ГР Блаце.

Нормализиран сообраќајот кон ГП Блаце, од клучките Орман до Мирковци и на експресениот пат Ранковце-Крива Паланка

Како што информира изутринава АМСМ, нормализиран е и сообраќајот на експресениот пат Ранковце-Крива Паланка во двата правца.

Сообраќајот на овие патишта беше во прекин поради пожарите.

притисни ентер