Во Луксор е откриена уште една кралска гробница (ФОТО) - Канал 5

Во Луксор е откриена уште една кралска гробница (ФОТО)

Нова гробница, веројатно на сопругата на крал од 18-та династија, на која фараоните Ахнатон и Тутанкамон и припаѓале пред 3.500 години, е пронајдена во Луксор, објавија египетските власти.

Во Луксор е откриена уште една кралска гробница (ФОТО)

Кралската гробница ја открија египетски и британски научници на западниот брег на Нил, каде се наоѓа познатата Долина на кралевите, а ископувањата продолжуваат, изјави археологот Мостафа Вазири, генерален секретар на Врховниот совет за египетски антиквитети.

Но, веќе „првите елементи откриени во гробницата укажуваат дека таа датира од 18-тата династија“, што се смета за врв и најнапреден период на древниот Египет, рече Вазири. Пирс Литерленд од Универзитетот во Кембриџ, водач на тимот британски научници во таа мисија, смета дека новооткриената гробница е изградена за „сопругата или принцезата на кралот“.

Внатрешноста на оваа гробница е во „лоша состојба“ бидејќи „многубројни делови и натписи беа уништени од поплавите кои ги наполнија подземните простории со наслаги од песок и варовник“, вели египетскиот археолог Мохсен Камел.

Во последните месеци, Египет претстави неколку големи откритија, особено во некрополата Сакара јужно од Каиро. Оваа земја со 104 милиони жители е во тешка економска криза и смета на нови археолошки откритија кои ќе помогнат во обновувањето на туризмот, важна економска активност која претрпе тежок удар поради пандемијата на Ковид-19.

Тој сектор, кој вработува два милиони луѓе и произведува повеќе од 10 отсто од БДП, всушност не закрепна од Арапската пролет во 2011 година. Каиро со месеци ветуваше отворање на „Големиот египетски музеј“ во Гиза, но датумот на отворањето се уште не е објавен.

Многумина предвидуваа дека тоа ќе се случи во 2022 година, на 200-годишнината од откривањето на каменот од Розета, благодарение на што Жан-Франсоа Шамполион го дешифрираше писмото на древниот Египет и стогодишнината од откривањето на гробницата на момчето фараон Тутанкамон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Дончиќ ја зема таблата од рацете на тренерот и ја нацрта акцијата за кош

Нов фанастичен меч на еден од најдобрите светски кошакари Лука Дончиќ во НБА. 

Видео: Дончиќ ја зема таблата од рацете на тренерот и ја нацрта акцијата за кош

Утрово Лука Дончиќ и Лос Анџелес Лејкерс го победија Феникс со 131–123. Словенечкиот кошаркар постигна 43 поени, предводејќи ги уште еднаш Лејкерс до нивната 12-та победа во сезоната, во вкупно 14 одиграни натпревари.

За време на натпреварот, Дончиќ повлече необичен потег. На еден тајмаут Лука ја зема таблата од рацете на еден од помошните тренери, Линдзи Хардинг и сам ја нацрта акцијата што сакаше Лејкерс да ја одиграат во следниот напад.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зајкова: Да не ви паднало на памет да ги штитите!

„Да не ви паднало на памет да ги штитите!!! Итно да се постапи и да одговара за обид за убиство, а сите што му давале инструкции во неговата паника (согласно сведочењата неговиот татко и мислам беше тетка) да одговараат за помагање….

Зајкова: Да не ви паднало на памет да ги штитите!

По последниот случај на насилство врз жена, во кој девојка претепана и без свест беше оставена на улица пред маркет во Охрид, а според пишувањата на медиумите, членови на семејството на насилникот се обиделе да ја „заташкаат“ работата, со објава на социјалните мрежи се огласи и претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова.

„Да не ви паднало на памет да ги штитите!!! Итно да се постапи и да одговара за обид за убиство, а сите што му давале инструкции во неговата паника (согласно сведочењата неговиот татко и мислам беше тетка) да одговараат за помагање…. Не ме интересира што функции имаат неговите, ниту од која партија се! Девојката можеше да заврши како следна жртва на фемицид! “, пишува Зајкова во својата објава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

Тројца млади спортисти ја претставуваа државата во атлетика, пливање и триатлон. Ева Митевска го освои осмото место на 100 метри, Петар Цеков заврши на 21. место во пливање, а Марио Брезовски на 24. место во триатлон.

Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

Со посветеност, борбеност и достоинствено претставување на државата, македонските спортисти го завршија своето учество на Младинските олимписки игри Дакар 2026, оставајќи зад себе спортски достигнувања и искуство што претставуваат важен чекор во нивниот понатамошен развој.

Младинските олимписки игри кои се одржаа во Сенегал обединија 2.655 спортисти на возраст од 14 до 18 години од 204 национални олимписки комитети. Натпреварувањата се одржаа во 25 спортови, а за секој спорт беа одредени квалификациски критериуми за учество од страна на соодветните меѓународни федерации и Меѓународниот олимписки комитет.

Дакар 2026 беше историски момент за олимпиското движење, бидејќи за првпат еден олимписки настан се одржа на африканскиот континент.

Македонија учествуваше со седумчлена делегација составена од тројца спортисти, тројцата нивни тренери и шеф на делегацијата, кои ја претставуваа државата во атлетика, пливање и триатлон.

Највисок пласман оствари Ева Митевска во атлетската дисциплина 100 метри, освојувајќи го осмото место во финалната трка и вбројувајќи се меѓу осумте најдобри млади спринтерки на Игрите. Особено значајно е што во финалето Ева истрча 12,28 секунди, подобрувајќи го својот најдобар резултат. Овој настап е потврда за нејзиниот напредок и способноста да го даде најдоброто токму на најважната трка.

Во пливање, Петар Цеков настапи во дисциплината 400 метри слободно, со време од 4:10,60 минути, освојувајќи 4. место во својата група и 21. место во генералниот пласман. Неговата главна дисциплина, 800 метри слободно, која претставуваше негов најсилен адут, беше откажана поради високата температура на водата во базенот. Одлуката беше донесена од организаторите во интерес на безбедноста и здравјето на натпреварувачите.

Марио Брезовски е првиот македонски триатлонец кој се квалификувал на едни Младински олимписки игри. Тој настапи во спринт триатлон (750 метри пливање, 20 километри велосипедизам и 5 километри трчање) и го заврши натпреварувањето на 24. место со време од 59:06 минути. Особено впечатлив беше неговиот пливачки дел, во кој Марио излезе прв од водата, пред сите останати натпреварувачи. Неговиот настап беше обележан со висока конкурентност и борбеност, потврдувајќи го потенцијалот што го носи.

„Младите спортисти навистина ме воодушевија со својата посветеност, дисциплина, одговорност и односот кон обврските во текот на целиот престој. За мене, како шеф на делегацијата, беше особено задоволство да ги следам не само нивните тренинзи и настапи, туку и начинот на кој се претставуваа надвор од спортските терени. Ова беше многу повеќе од натпреварување, беше можност да растат како спортисти и личности. Настапите во Дакар треба да се вреднуваат не само низ призмата на конечните пласмани, туку и преку постигнатите лични резултати, конкурентноста, спортскиот напредок и искуството стекнато во меѓународна конкуренција. Финалето и најдобриот резултат на Ева, настапот на Петар во изменети околности и историското учество на Марио се три различни, но подеднакво важни приказни за младинскиот спорт во Македонија“, истакна Елена Зисовска Апостолска, шефица на македонската делегација.

Зад настапите на македонските спортисти стоеше и посветен тренерски тим, составен од Горан Стаменов, тренер по пливање, Данчо Ѓорѓијевски, тренер по триатлон и Божурка Ѓошевска, тренерка по атлетика, чија стручна работа и поддршка беа важен дел од подготовките и настапите на спортистите.

Македонскиот олимписки комитет им честита на спортистите, нивните тренери и националните спортски федерации за вложениот труд, посветеноста и достоинственото претставување на државата.

Младинските олимписки игри се завршени, но за овие млади спортисти тие се само една важна станица на патот кон нови спортски предизвици. Македонија беше дел од историјата, а иднината на македонскиот спорт продолжува да се гради токму преку ваквите генерации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер