Во Лондон се одржа една од најскапите вечери - Канал 5

Во Лондон се одржа една од најскапите вечери

Како што пренесува британски Гардијан, се чини дека за екстремно богатите веќе не е доволен само еден светски познат готвач со Мишелин ѕвезда за да создаде незаборавно гастрономско искуство.

Во Лондон се одржа една од најскапите вечери

Во последно време, луксузните ресторани и хотели сѐ почесто организираат таканаречени вечери со четири раце, концепт кој вклучува соработка на двајца реномирани готвачи во креирањето оброци со повеќе јадења.

Вчера вечер во еден од хотелите со пет ѕвезди, лоциран на лондонскиот парк Лејн, се одржа прекрасен банкет со четири раце, уникатно кулинарско искуство создадено од револуционерниот француски готвач Ален Дукасе и австриско-американскиот готвач Волфганг Пак. Заедно, овие двајца кулинарски виртуози имаат импресивни 23 Мишелин ѕвезди, а Волфганг Пак е најпознат по тоа што ја подготвува официјалната вечера по Оскарите цели 29 години.

Оброкот од осум јадења вклучувал деликатеси како што се рачно ловени школки и австралиско говедско вагју. Цената на овој екстравагантен оброк е приближно 735 евра по лице, со дополнителни 267 евра за вино кое внимателно ќе го одбере главниот сомелиер.

Со оглед на тоа што услугата и бакшишот не се вклучени, вкупната цена може да надмине 1.160 евра по лице, што ја вбројува оваа вечера меѓу најскапите некогаш послужени во британската престолнина, пишува Гардијан.

Вечерата се одржа во американската бифтекхаус Cut, сместен во внатрешноста на луксузниот хотел Дорчестер. Овој тренд е популарен во Дубаи и Хонг Конг веќе неколку години, а сега стигна и до Лондон.

Сѐ повеќе се шири во другите светски метрополи како Париз, Њујорк и Лас Вегас. Организаторите на настанот нагласуваат дека славните готвачи соработувале за да создадат „гастрономски спој на извонредност“ и им овозможиле на гостите незаборавно кулинарско искуство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Нова инвестиција во спортската и рекреативната инфраструктура на Кавадарци

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев најави нова инвестиција во спортската и рекреативната инфраструктура на Кавадарци.

Јанчев: Нова инвестиција во спортската и рекреативната инфраструктура на Кавадарци

[🏁] Нова инвестиција во спортската и рекреативната инфраструктура на Кавадарци.

По најавата за вовед во работа и поставувањето на камен-темелникот, продолжуваме со реализација на Картинг центарот, инвестиција обезбедена преку вториот повик на Владата. Центарот ќе се простира на 2.700 м², со современа картинг патека и придружни објекти, а вредноста на инвестицијата изнесува 35.247.407 денари.

Нова содржина за младите, љубителите на автомобилизмот и спортот, но и дополнување на туристичката понуда на Кавадарци, стои во објавата на Фејсбук на првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МФ: 2,9 милиони евра нова подршка за инвестиции на домашните компании

2,9 милиони евра нова подршка за инвестиции на домашните компании – парите од унгарскиот заем силен поттик за економијата.

МФ: 2,9 милиони евра нова подршка за инвестиции на домашните компании

Министерството за финансии префрли нов трансфер во износ од 176,5 милиони денари или 2,9 милиони евра од централниот Буџет кон Развојната банка за поддршка на инвестициски проекти во домашните комании.

Со овој трансфер вкупната поддршката на Владата кон домашните компании достигна 14,7 милијарди денари или 239 милиони евра, што е значителен поттик за реализација на приватни инвестиции и поттик за економијата. Во Буџетот за оваа намена се планирани вкупно 250 милиони евра.

Средствата коишто се обезбедени во Буџетот, а се пласираат преку Развојната банка и мрежата на домашни деловни банки до крајните корисници – домашни компании ги обезбеди Владата од унгарската Експорт-импорт банка со цел да поттикне инвестициски циклус во приватниот сектор. Средствата на компаниите се пласираат по поволни услови со каматна стапка од 1,95% и рок на отплата до 15 години со грејс период до 3 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џенифер Лопез го покажува своето тело во бикини и на 57 години

Светската ѕвезда, актерката и пејачка Џенифер Лопез немаше проблем и на 57 годишна возраст да се соблече во секси ретро бикини.

Фото: Џенифер Лопез го покажува своето тело во бикини и на 57 години

Погледнете го изгледот на Џеј Ло што го освои интернетот.

Џенифер Лопез повторно привлече големо внимание кај своите следбеници, овојпат со серија фотографии на кои позираше во ретро бикини и ја покажа својата завидна фигура.

Латино дивата, која во јули го прослави својот 57-ти роденден, на фотографиите блесна во стилот на стариот Холивуд. Таа позираше во бикини во нијанса на скршено бело, кое го искомбинира со чевли со украсни детали и чипкаста марама на главата.

Посебен акцент стави на својот затегнат стомак, а целиот изглед го заокружи со тркалезни очила за сонце и елегантна бела чанта со четвртаст облик.

Лопез објави и полароид-фотографија на која позира во бел фустан со длабоко деколте и заводливи шлицови, што дополнително ја истакна нејзината фигура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер