Во Лесковац мистериозно исчезнуваат разведени и ситуирани жени, кои имаат ќерки!? - Канал 5

Во Лесковац мистериозно исчезнуваат разведени и ситуирани жени, кои имаат ќерки!?

Жителите на српскиот град Лесковац веќе подолг период живеат во страв од фактот што во ова гратче мистериозно исчезнале четири жени, а работата да биде уште пострашна, околностите на нивното исчезнување се речиси идентични.

Во Лесковац мистериозно исчезнуваат разведени и ситуирани жени, кои имаат ќерки!?
Сите четири исчезнати жени излегле од нивните куќи во рани вечерни часови, повеќето од нив биле на возраст помеѓу 50 и 55 години и ниту една од нив не понела со себе ништо од документацијата. Сите биле со високо образование, разведени, ситуирани и имале ќерки. За сите се зборело дека биле дружељубиви и дека по исчезнувањето нивните мобилни телефони извесно време ѕвонеле, а потоа сигналот се губел.

Серијата на исчезнувањата започнала на 18 март 2012 година, кога се губи секаква трага од докторката Маријана Стојановиќ. Потрагата почнува да ја водат 50 до 100 полицајци на поширокото подрачје на Лесковец. Но, и покрај сите напори, не успеале да откријат ниту една трага. На сличен начин исчезнале и Лилјана Николиќ и Тамара Филиповиќ и Снежана Џорџевиќ.

- Полицијата интензивно трага по нив и не е исклучена ниту една можност, па дури и дека жените се жртви на некој убиец иако во моментов тоа најмалку е веројатно. Многу поверојатно е дека жените се жртви на трговците со на луѓе или со органи, а се проверува и можноста дека некои од исчезнатите се замонашиле – изјавил за српски Курир извор близок до истрагата.

Ќерката на педесетгодишната Снежана, Марија Џорџевиќ која е вработена во Агенцијата за локален економски развој, кажала дека нејзината мајка немала ниту една причина да си замине од дома, но и дека пред да замине имала „чуден“ телефонски повик.

- Бев отсутна 40 минути и кога се вратив нејзе ја немаше. Сите работи и беа во куќата. Ташната, паричникот, личните работи. Само ги немаше нејзините два мобилни телефона. Ми рекоа дека излегла по некој чуден телефонски мистериозен разговор на телефон. Нејзиниот личен телефон беше исклучен, а службениот ѕвонеше до 23 часот, а потоа врската се прекина и од тогаш е недостапна – раскажала низ солзи Марија Џорџевиќ.

И докторката Маријана Стојановиќ(56), вработена во тамошниот Завод за јавно здравје, според кажувањето на нејзината сестра, немала причина своеволно да замини, ниту пак, имала непријатели. Претходно, 20 денови била на боледување.

Лилјана Николиќ дошла од Нови Сад за да работи во една невладина организација. На кобниот ден, околу 17 часот, излегла од куќата и повеќе не се вратила.

Најмладата, 24-годишна Тамара Филиповиќ пак, исчезнала заедно со нејзиното тогаш, 18-месечно бебе. Наводно, имало сведоци дека таа со бебето влегла во возило со странски регистарски таблички.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сидни Свини никогаш по провокативна

Жежок спектакл со  една од најубавите жани во Холивуд, актерката Сидни Свини.

Фото:  Сидни Свини никогаш по провокативна

Русокосата убавица се појави во десега најпровокативното издание.

Сидни Свини ја пречекува празничната сезона во мошне провокативно издание, кое повторно е дел од нејзината најнова колекција.

Актерката Сидни Свини позира облечена само во бела чипкана долна облека за новата кампања на нејзиниот бренд „Syrn“. Фотографиите, инспирирани од зимската магија, беа објавени како дел од серија фотографии на Инстаграм-профилот на нејзиниот бренд.

Сидни позираше пред снежна позадина, седејќи на црвен сатенски огртач со крзнени детали. Таа носи градник со прерамки околу вратот и соодветни гаќички со низок струк и исечоциа. Ова не е прва празнична колекција, но Сидни не сака да губи време.

„Првите снегулки во сезоната-заводничка“, стои во описот на објавата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!

Најфаталната Србинка го запали интернетот! Се појави „жежок“ материјал од атрактивната пејачка Теодора Џеферовиќ  – неверојатно е што прави оваа жена во теретана.

Фото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!

Сексапилната пејачка Теодора Џехверовиќ покажа како го започнува својот ден, а сцената од теретаната го привлече вниманието на нејзините следбеници.

Теодора очигледно не ги пропушта тренинзите, дури и кога станува збор за раните утрински часови.

На својот профил на Инстаграм таа објави видео од теретаната, на кое се гледа како напорно работи на својата форма и се посветува на вежбањето.

Таа носеше кафеав спортски комплет, составен од краток топ и тесен шорц, а вежбите ги изведуваше боса, во бели чорапи, со помош на спортски подлоги.

Покрај објавата, таа накратко напиша „Утринско растегнување“, придружено со емотикон на жена која медитира.

Пејачката уште еднаш покажа дека физичката активност е важен дел од нејзиното секојдневие, а судејќи според видеото, таа го започнува денот со вежбање и грижа за својот изглед и физичка подготвеност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вселенско летало по осум години стигна до Меркур

Вселенското летало „БепиКоломбо“ (BepiColombo) – заедничка европско-јапонска вселенска мисија – пристигна кај Меркур по патување кое траеше повеќе од осум години и сега е подготвено да влезе во неговата орбита, пренесува „Гардијан“. 

Вселенско летало по осум години стигна до Меркур

Мисијата „БепиКоломбо“ ќе стане втората во историјата што ќе орбитира околу оваа планета – најмалата во Сончевиот Систем – при што се планира мапирање на нејзината површина и проучување на нејзината внатрешност.

Целта на оваа мисија, вредна 1,6 милијарди евра, е да се утврди како Меркур се формирал толку блиску до Сонцето, зошто поседува магнетно поле, како и каков е составот на мразот скриен во кратерите на планетата кои се постојано во сенка.

Професорката Ема Банс од Универзитетот во Лестер, која работи на проектот веќе 20 години и е главен истражувач за инструментот „Спектрометар за рендгенско снимање на Меркур“ (MIXS) – дизајниран за анализа на геохемискиот состав на површината на планетата – ја опиша мисијата како „многу сложена и предизвикувачка“, на чија реализација се чекало долго време.

По влегувањето во орбитата на Меркур, MIXS ќе го анализира геохемискиот состав на површината на планетата; сепак, се очекува да поминат неколку месеци пред научниците да можат да започнат со набљудување на Меркур. На почетокот на декември, вселенското летало ќе се раздели на две орбитални единици – една европска и една јапонска – кои ќе маневрираат во посебни поларни орбити околу планетата.

Научните операции се планирани да започнат во април следната година. Европската сонда, „Орбитер за планетата Меркур“ (MPO), ќе ја мапира површината и составот на планетата во висока резолуција, истовремено проучувајќи ја внатрешноста на Меркур за да фрли светлина врз неговото необично големо јадро. Нејзиниот јапонски пандан ќе го мери магнетното поле на планетата и нејзината натриумова егзосфера – исклучително тенок слој од гас и атоми што ја опкружува планетата.

Иако Меркур е само 50 проценти поголем од Месечината, тој има четири пати поголема маса; едно од прашањата што мисијата ќе ги истражува е потеклото на оваа извонредно висока густина. Се очекува вселенските летала да кружат околу Меркур приближно три години, по што ќе останат без гориво, ќе изгубат височина и на крајот ќе удрат во површината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер