3Скандалозната изјава на првиот човек на ФИФА: Џани Инфантино ја шокираше планетата пред почетокот на Светското првенство!
СветВо Кувајт уапсени 24 лица осомничени за финансирање терористички ентитети Дваесет и четири луѓе се уапсени во Кувајт поради „финансирање терористички ентитети“, објави Министерството за внатрешни работи.„Безбедносните сили спроведоа операција со која се спречи криминален заговор насочен кон поткопување на безбедноста на земјата и финансирање терористички субјекти и организации“, се вели во пораката од министерството објавена на социјалната мрежа X. „Државната безбедносна агенција уапси 24 кувајтски државјани со пари поврзани со забранети активности“, се додава во соопштението. Министерството наведе нелегални активности што вклучуваат собирање средства под религиозни изговори. Не се дадени детали за организаторите и вклучените земји. Во март Кувајт уапси шест лица осомничени за врски со либанскиот Хезболах како дел од истрагата за заговори за атентат во таа земја. Проиранското исламистичко движење негира какво било присуство во Кувајт.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Собрание ќе се одржи јавна расправа по предлог на законот за оружјето09:02Мицкоски порачува дека и со уставни измени Бугарија повторно ќе не блокира 15:00Ангелов: Локализиран е пожарот што избувна по удар на гром во близина на Штип08:24Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15Попладнево во Софија средба Сиљановска - Јотова15:00
Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15
СветТрамп уште еднаш најави договор со Иран за ставање крај на војнатаИран веднаш демантираше: досега не е финализиран никаков текст, објави иранската новинска агенција ФАРС, блиска до моќната револуционерна гарда, повикувајќи се на извор поврзан со преговарачкиот тим.Трамп уште еднаш најави рамковен договор со Иран за ставање крај на војната. „тукушто постигнавме одличен договор за војната со Иран“изјави американскиот преседател додавајќи дека документите требало да бидат готови и можеби веќе овој викенд да се потпишат во Европа. Иран веднаш демантираше: досега не е финализиран никаков текст, објави иранската новинска агенција ФАРС, блиска до моќната револуционерна гарда, повикувајќи се на извор поврзан со преговарачкиот тим. Високи ирански политичари засега не се изјаснија за тврдењата на Трамп. Американскиот претседател и претходно повеќепати тврдеше дека договор со Иран е блиску. Овој пат Трамп, одговарајќи на новинарски прашања, изјави дека според неговото разбирање иранскиот врховен лидер Моџтаба Хаменеи веќе се согласил на договор. Тој вклучува, меѓу другото, итно отворање на Ормускиот теснец, како и прекин на американската поморска блокада на иранските пристаништа. Напиша Трамп на својата платформа Трут соушал..Само неколку часа претходно, Трамп ги откажа новите напади врз иран кои беа најавени за синоќа. На Трут соушал тој се закани дека американската војска ќе ја погоди земјата „многу силно“ и ќе го преземе островот Харк, клучен за иранската нафтена индустрија. Откажувањето на нападите Трамп го образложи со разговори кои стигнале до највисокото ниво на иранското раководство. Деталите биле одобрени од сите вклучени страни, односно од САД, Израел, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Катар, Турција, Пакистан, Бахреин, Кувајт, Јордан, Египет и други држави. За евентуално потпишување договор викендов, потпретседателот Џеј Ди венс би можел да отпатува во Европа.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Собрание ќе се одржи јавна расправа по предлог на законот за оружјето09:02Мицкоски порачува дека и со уставни измени Бугарија повторно ќе не блокира 15:00Ангелов: Локализиран е пожарот што избувна по удар на гром во близина на Штип08:24Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15Попладнево во Софија средба Сиљановска - Јотова15:00
Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15
МакедонијаПознати спортисти со поддршка за Плазма Спортските игри за младиАгим Ибраими и Тасески ги поздравија СИМ: Спортот ги гради младите.„Денот на спортот“ во рамките на Плазма Спортските игри за млади во својата прва сезона беше одбележан во 11 градови: Скопје, Куманово, Штип, Кочани, Струмица, Велес, Кавадарци, Прилеп, Битола и Тетово. Решителноста на Владата на Република Македонија и премиерот Христијан Мицкоски да поддржат проект кој овозможува бесплатен спорт за секое дете е уште една потврда дека во нашата држава на прво место се младите и иднината. Нема поубава награда од искрените детски насмевки. СИМ ги учи младите дека спортот е најважната алатка во градењето вистински вредности: толеранција, фер-плеј и создавање пријателства за цел живот. На едно место ги споивме легендите кои се запишани во историјата на македонскиот спорт и иднината која допрва треба да ги наследи. Желбата Плазма Спортските игри за млади да се одржат во Македонија ја поздравија врвни спортисти. Игрите оваа година слават 30-годишен јубилеј во Хрватска, а се одржуваат и во Србија, Словенија и Босна и Херцеговина. „Честитки до организаторите за овој прекрасен спортски настан. Многу е важно да ги поттикнеме децата да го засакаат спортот и да се обидеме да ги оттргнеме од мобилните телефони. Токму на оваа возраст сите сме ги направиле првите спортски чекори, па затоа е одлично што во Македонија за првпат се одржуваат Плазма спортските игри за млади. Се надевам дека овој голем настан ќе прерасне во традиција“, порача од Тетово поранешниот фудбалски репрезентативец Агим Ибраими, кој зад себе има блескава кариера и е вистински пример за професионалец. Во Охрид порака испрати членот на ГРК Охрид, Иван Тасески, кој со својот тим ја освои шампионската титула во ЕХФ Европскиот куп. „Пофалби за организацијата. Многу е важно децата да ги оттргнеме од долгото време поминато пред компјутери и мобилни телефони и да ги поттикнеме да се дружат, да се забавуваат и да се натпреваруваат. И јас токму на оваа возраст го засакав спортот. Почнав со атлетика три години, потоа продолжив со бокс исто толку, а потоа се вљубив во ракометот, каде што сум веќе 15 години.“ Регионалните натпревари во СИМ продолжуваат, а се очекуваат победниците кои ќе настапат на Државното првенство, од каде најдобрите ќе обезбедат пласман на големото финале кое ќе се одржи во Сплит од 17 до 22 август. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Други спортовиМакедонски карате херој во Бразилија – Вукашин Јовановиќ светски шампионМакедонскиот репрезентативец Вукашин Јовановиќ (-67 кг) оствари историски успех, освојувајќи го златниот медал на Светското универзитетско првенство во боречки спортови што се одржува во Бразилија.Во финалниот меч, Јовановиќ се соочи со белгискиот натпреварувач Амин Абделмалки и по израмнета и тактички зрела борба славеше со резултат 2-2 (3-2 по судиско изјаснување), освојувајќи ја титулата Светски универзитетски шампион. Патот до златото го трасираше со серија убедливи настапи. Во групната фаза ги победи Мартин Асерето од Чиле со 7-0 и Сирапат Чимвонг од Тајланд со 3-0, додека против Иранецот Хосеин Вафа ремизираше 5-5. Како второпласиран во групата се пласираше во елиминациската рунда, каде што со убедливи 8-0 го совлада Кабело Заморан Шоте од Шпанија. Во полуфиналето повторно се сретна со Вафа и оствари победа од 8-4 за пласман во финалето. Златниот медал на Јовановиќ е четврто одличје за Македонија на шампионатот во Бразилија и најголем успех на македонската експедиција. Претходно, Стефан Стојановиќ освои бронза во категоријата над 84 килограми, машката кумите репрезентација стигна до сребрен медал, а женската кумите селекција освои бронза. Со овој резултат, македонските каратисти уште еднаш ја потврдија својата конкурентност на највисоко светско ниво во универзитетскиот спорт. На Светското универзитетско првенство во боречки спортови настапуваат повеќе од 1.500 студенти-спортисти од 46 земји, што го вбројува меѓу најпрестижните и најсилни универзитетски спортски настани во светот. Резултати на Вукашин Јовановиќ (-67 кг) Групна фаза: Вукашин Јовановиќ – Мартин Асерето (Чиле) 7-0 Вукашин Јовановиќ – Сирапат Чимвонг (Тајланд) 3-0 Вукашин Јовановиќ – Хосеин Вафа (Иран) 5-5 Осминафинале: Вукашин Јовановиќ – Кабело Заморан Шоте (Шпанија) 8-0 Полуфинале: Вукашин Јовановиќ – Хосеин Вафа (Иран) 8-4 Финале: Вукашин Јовановиќ – Амин Абделмалки (Белгија) 2-2 (3-2)Тагови: карате Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Собрание ќе се одржи јавна расправа по предлог на законот за оружјето09:02Мицкоски порачува дека и со уставни измени Бугарија повторно ќе не блокира 15:00Ангелов: Локализиран е пожарот што избувна по удар на гром во близина на Штип08:24Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15Попладнево во Софија средба Сиљановска - Јотова15:00
Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15