Во кумановската општа болница од денеска вработени 24 специјализанти - Канал 5

Во кумановската општа болница од денеска вработени 24 специјализанти

Општата болница во Куманово вработи 24 специјализанти, соопштија денеска од здравствената установа. 

Во кумановската општа болница од денеска вработени 24 специјализанти

Како што информираа надлежните од болницата, вработени се специјализанти во речиси сите оддели, хирургија, ортопедија, педијатрија, гастроентерохепатологија, гинекологија и акушерство, дерматовенерологија, ендокринологија, пулмологија и алергологија, кардиологија, интерна медицина, пластична и реконструктивна хирургија, оториноларингологија, офталмологија, уролошка хирургија, психијатрија и ортопедија.

- Очекуваме да се намали недостигот од кадар во здравствената установа, граѓаните да добијат ефикасна здравствена грижа. Имаме уште четири места, бидејќи како установа добивме можност за вработување на 28 специјализанти, што е најголема бројка во Македонија, изјави директорот на Општа болница - Куманово, Сашо Стошевски.

Огласот за вработување на специјализанти беше распишан на 1 април, заврши на денот на здравството - 7 април, следеше период на тестирање на специјализантите на факултетот во Штип, интервјуа.

Општа болница покрива територија на шест општини од североистокот и обезбедува секундарна здравствена заштита за Липково, Старо Нагоричане, Крива Паланка, Кратово и Ранковце со приближно 200.000 граѓани. Во близина се три гранични премини, меѓу нив „Табановце“ како најфреквентен и затоа, како што беше посочено, надлежните ќе преземат мерки за подобрување на функционирањето за итните случаи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вардар против Мт Мелсунген на домашен терен ја завршува сезоната во ЕХФ Лигата на шампионите

Македонскиот ракометен шампион Вардар вечерва од 18-45 часот во Јане Сандански  ја затвара сезоната на европската сцена. противник на црвено црните е силниот германски преставник Мт Мелсунген.

Вардар против Мт Мелсунген на домашен терен ја завршува сезоната во ЕХФ Лигата на шампионите

Црвено-црните пред домашната публика ја затвораат европската сезона.

РК Вардар 1961 денес, 28 октомври, од 18:45 часот, во СЦ „Јане Сандански“ го пречекува германскиот МТ Мелсунген во натпреварот од шестото, последно коло од групната фаза на ЕХФ Лигата на шампионите.

Црвено-црните ќе се борат за втора победа во европската елита, со желба сезоната да ја заокружат со триумф пред своите навивачи. Поддршката од трибините ќе биде дополнителен мотив за Вардарци да го дадат максимумот и да се обидат да му се реваншираат на германскиот тим за поразот од 33:31 на првиот меѓусебен дуел во Касел, кога Вардар до самиот крај беше во игра за позитивен резултат.

Како горд партнер и силен поддржувач на РК Вардар 1961, Видеолотарија Касинос Австрија е повторно со црвено-црните и во овој нивен европски предизвик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција

Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција.Вкупно 187 обвинители со право на глас ќе избираат меѓу петмина кандидати.

Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција

Во трката се Фатон Азизи, Трајче Пеливанов, Лидија Раичевиќ, Искра Хаџи Василева и Јован Цветановски.

Гласањето е тајно и ќе трае од 8 до 16 часот. По завршувањето, резултатите ќе бидат сумирани на јавна седница.

Кандидатите во своите програми најавија борба против корупцијата и перењето пари.Меѓу приоритетите се и зајакнување на истражните капацитети и финансиските истраги.

Се најавуваат и поголема ефикасност и независност на Обвинителството. Изборот се спроведува поради истекот на мандатот на актуелниот шеф Ислам Абази.

Тој беше избран на функцијата во октомври 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избори

Американскиот претседател Доналд Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро.Одлуката доаѓа по неговиот пораз на претседателските избори во Бразил, пренесува Си-Ен -Ен.

Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избори

Според американски извори, визи добиле членовите на неговото семејство.Болсонаро, според медиумските извештаи, веќе пристигнал во Соединетите држави.не е познато каде слетал, ниту дали директно разговарал со Трамп.

Во Бразил тој е под истрага за сомневања за корупција и перење пари.Врховниот суд му наредил да ги предаде пасошите во рок од 24 часа.Болсонаро претходно негираше дека има намера да избега од земјата.Трамп изјави дека би го одобрил неговото доаѓање, критикувајќи го изборниот процес.

На изборите Болсонаро загуби од левичарскиот претседател Луис Да Силва кој освои повеќе гласови во вториот круг од гласањето.

Заминувањето на Болсонаро предизвика политички реакции и шпекулации за неговата иднина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер