Во Куманово сè повеќе пациенти со постковид-компликации - Канал 5

Во Куманово сè повеќе пациенти со постковид-компликации

 Зголемен е бројот на пациенти кои бараат помош во кумановската болница за лекување и третман на постковид-последици по здравјето, информираат лекарите од Општата болница Куманово.

Во Куманово сè повеќе пациенти со постковид-компликации

Пациентите кои биле заболени од Ковид, сега се жалат на долготраен замор, болки во мускулите, тахикардија, зголемено ниво на шеќер во крвта, губење здив, проблеми со белите дробови.

Најчесто пациентите кои болнички се лекуваат во јавната здравствена установа поради посериозни компликации се повозрасни лица кои имаат придружни болести. Помладите пациенти, пак, се жалат на опаѓање на косата и долготрајно губење на чувството за мирис и вкус. Некои од прележаните кои и сега имаат последици велат дека се вртат во затворен круг, повторно исплашени за здравјето.

Младата кумановка, Владанка Крстевски, инаку актерка во театарот, за МИА раскажува дека по прележувањето на Ковид долготрајно ѝ опаѓала косата, а извесен период чувствувала замор и блага тапа болка во мускулите. Таа вели дека Ковид го прележала лесно, а посериозни компликации имала во постковид-периодот.

– Точно една година откако прележав Ковид, бев позитивна минатата година во ноември. Првите постковид-симптоми кои ги забележав беа по три-четири месеци од прележувањето, опаѓање на косата, коешто беше забележително. Бидејќи немав силни симптоми за време на прележувањето на ковид, многу поизразени ми беа постковид-симптомите, покрај косата, долг период можеби еден месец имав замор, чувствував и чудна тапа болка во мускулите. Продолжив да пијам витамини и искрено дури во август годинава забележав дека не ми паѓа косата, кога се вакцинирав, што можеби е чудно, но реално така беше. Кога целосно се имунизирав, немав никакви постковид-симптоми подоцна, немав тахикардии, не се заморував повеќе, вели дваесет и деветгодишната Владанка.

Лекарите ѝ препорачале одмор, ѝ предложиле престој во природа веднаш по прележувањето, витаминска терапија, здрава исхрана.

Докторите од кумановската болница велат дека пациентите кои веќе се оздравени сега се жалат на компликации, тахикардија, зголемено ниво на шеќер во крвта, тешкотии при дишење, болка во градите, општа малаксаност, отекување. Пациентите веќе се водат како оздравени и затоа ги лекуваат на интерното одделение.

– Кај некои постои хипоксија (недостиг на количеството на кислород што ги достигнува ткивата на телото) како резултат на силен воспалителен процес што го заф тил белодробието, па развиле фиброзни промени и се зависни од кислород. Таквите пациенти го продолжуваат лекувањето на одделот за интерни болести, некои се упатуваат во терцијарна здравствена заштита, некои на рехабилитација, но лекувањето трае подолго време, појаснува директорката на болницата, д-р Снежана Захариева.

Кумановци кои ја прележале болеста, добар дел од нив и со полесни симптоми, сега се лекуваат за различни состојби. Некои развиле и дијабетес. Доктор Исмаил Бајрами од Центарот за дијабетес Куманово вели дека сега имаат и пациенти кои прележале Ковид, а претходно не се воделе како дијабетичари. Пациентите се на различна возраст, од 30 до 80 години.

– Има показатели дека имаме поголема бројка на дијабетичари, како причина од пандемијата, како причина од инфекцијата со овој вирус. Има многу пациенти кои по завршување во инфективно одделение се јавуваат кај нас. Некои воопшто немале дијабетес, сега имаат последица или појава на дијабетес, има случаи каде што по некое време состојбата се надминува и се враќаат во нормала и немаат потреба за терапија. Меѓутоа кај еден дел останува дијабетесот што мора да се третира цел живот, вели доктор Исмаили.

Доктор Захариева потврдува дека во болницата се лекувале и пациенти кои развиле акутна бубрежна инсуфициенција, некои од нив завршиле и на дијализа како резултат на компромитирана циркулација и покачени деградациони продукти во урината. Кај дел од нив се нормализирала состојбата, но, за жал, има и такви што имаат трајно оштетувања.

– Не е мал бројот и на случаи кои развиле дијабетес, бидејќи е покажано дека шилестиот протеин од коронавирусот ги напаѓа бета-клетките на панкреасот и се јавуваат новооткриени случаи на дијабетес, кај некои постоел латентен, кај некои воопшто не постоело такво нешто и други ендокрини нарушувања, во работата на штитната жлезда, широк е дијапазонот на нарушувањата што можат да се јават како постковид-компликација, рече Захариева.

Лекарите истакнуваат дека е многу важно пациентите по прележувањето да внимаваат на здравјето, да ја следат состојбата, да извршат општи испитувања, лабораторија, да се следат параметрите и сите промени во здравствената состојба.

– Пациентите кои прележале ковид, особено оние кои имаат придружни болести и се во понапредната возраст, да си вршат редовни контроли кај матичните лекари, почнувајќи со обична лабораторија со проверка на Д-димери, бидејќи самата болест доведува до хиперкоагулабилност на крвта зголемена склоност за агрегација на тромбоцити и појава на тромб, па согласно тоа се јавуваат и различни компликации, мозочни удари, инфаркти, проблеми со циркулација во долни екстремитети, проблеми со бубрежна циркулација, наведе Захариева.

Докторите од кумановската болница велат дека не смее да се заборави ниту психолошкото здравје и во акутна и хронична фаза од болеста, кое се карактеризира со анксиозност, нарушен сон, депресија, панични напади.

Ова го потврдува и Крстевски, која раскажува дека самото прележување на Ковид ѝ предизвикало стрес.

– Малку и стресно дваесет дена да седиш во затворен простор, наредниот месец да почнеш да се движиш, а и психичкиот стрес е присутен. Многу од лекарите со кои се консултирав ми рекоа дека многу од постковид-симптомите се и на психичка база, сè се менува во телото, раскажува Владанка.

Некои од последиците се јавуваат непосредно по прележувањето, други се јавуваат по два-три месеци, дел од нив веднаш се надминуваат, некои се долготрајни. Последиците од ковид, сметаат лекарите, не смеат да се занемарат без разлика дури и ако навидум изгледаат безначајно. Тие препорачуваат да се побара лекарска помош за различните состојби, да се следи развојот на индивидуата, да не се остави никој да го занемари сопственото здравје по прележувањето Ковид.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Цеца за фотките во бикини

Балканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. 

Фото: Цеца за фотките во бикини

Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело.

Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците.

Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца.

Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати.

Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Сабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона.

По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови.

Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време.

Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи.

Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Фудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник  2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд.

Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд.

Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините.

Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот.

Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката.

Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва.

Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер