Во Куманово промовиран етнолошкиот филм „Албатинот раскажува“ - Канал 5

Во Куманово промовиран етнолошкиот филм „Албатинот раскажува“

Етнолошкиот филм „Албатинот раскажува“, чиј автор е етнологот Валентина Илиевска од Музејот од Кумановo, синоќа беше промовиран во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“. Филмот го прикажува албатскиот занает кој веќе е во изумирање.

Во Куманово промовиран етнолошкиот филм „Албатинот раскажува“
„Албатинот раскажува“ е снимен во селата од шопско-полјанската област во Кумановско во текот на јули годинава, по претходни извршени истражувања.

- Етнолошко-документарниот филм го прикажува занаетот во изумирање, но истовремено ја прикажува социјалната страна, народното творештво, умешноста на занаетчија, длабочината на различните слоеви кои се испреплетуваат, а кои гледачите самите можат да ги препознаат, вели етнологот кустос Валентина Илиевска.

Авторката Илиевска најави дека филмот ќе биде прикажан на фестивалот на етнолошки филмови во Кратово.

Светозар Додевски, алабатин од село Врачовце вели дека филмот ќе го сочува од заборав овој занает кој речиси целосно е изумрен.

Етнолошкиот филм „Албатинот раскажува“, истакна промоторт, др.Владимир Боцев од Музејот на Македонија, прикажува личност, човечка сторија, кратка приказна, но и фрагменти од занатетот кој бил повод за снимање на филмот. Објасни дека за етнолозите е мошне значајно не само да се прикаже еден процес, туку и самиот човек, кој мисли за неговиот занает, како тој се однесува и како влије врз неговиот живот.

- Авторката со овој филм настапува сама, што е моше важно за нас етнолозите, затоа што чуствуваме слобода да ја изразиме нашата гледна точка како етнолози, што ја прави разликата меѓу документарниот и етнолошкиот филм, рече Боцев.

Филмот е поддржан од Министерството за култура, а е во продукција на Кумановскиот музеј.

- Освен што ќе биде прикажан во земјава, филмот ќе биде прикажан и фестивали во странство, информира директорката на Кумановскиот музеј Анита Цветановска. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, шест возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода девет возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. 

Лишени од слобода девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, шест возеле без положен возачки испит

Од нив, шест лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: А.С.(46), М.Р.(26) и З.С.(26) сите од Скопје, А.М.(27) од с.Никиштани, скопско, Г.Т.(56) од с.Подлес, општина Градско и А.К.(28) од с.Дреново, кавадаречко, кој бил и под дејство на алкохол.

Двајца возачи управувале возило под дејство на алкохол: Г.Ј.(49) од Кочани и М.С.(35) од Куманово. Додека, пак, Д.С.(21) од Крива Паланка управувал возило и покрај тоа имал активна мерка забрана за управување со моторно возило.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Потврдена средба на Трамп, Си Џинпинг и Путин в четврток во Кина

Белата куќа потврди. Следната недела во четврток во кинескиот град Шенжен ќе се одржи состанок на Доналд Трамп, Си Џинпинг и Владимир Путин, на маргините на Самитот на Азиско-пацифичката економска соработка -АПЕК.

Потврдена средба на Трамп, Си Џинпинг и Путин в четврток во Кина

Портпаролката на Белата куќа, Оливија Велс, изјави дека една од главните теми на разговорите ќе биде намалувањето на нуклеарното оружје. Претседателот јасно стави до знаење дека ќе се занимава со прашањето за намалување на нуклеарното оружје во светот. Американски претставник, кој зборувал под услов на анонимност, открил дека Трамп планира на средбата да го отвори и прашањето за Иран, а темата за Украина најверојатно нема да биде дел од трилатералните разговори, бидејќи сад водат одделни дипломатски процеси со Киев и Москва, во кои Кина не учествува. Американскиот претседател ќе отпатува во азија во понеделник, а според најавите, најпрво ќе ги посети филипините, по што ќе замине за шенжен, каде ќе се одржи самитот на АПЕК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Куба се подготвува за можен американски воен напад

Куба се подготвува за можен американски воен напад по изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кои беа протолкувани како закана за воена интервенција. 

Куба се подготвува за можен американски воен напад

Ова го изјави кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел, кој порача дека земјата е подготвена да се брани од секоја странска агресија.

„Одлучни сме да го одбиеме секој обид за странска воена агресија врз нашата земја“, рече Канел. Неговата изјава следува откако Трамп прашан дали би размислил за воена интервенција со цел да ја „ослободи“ Куба, за американски медиуми рече: „Сакам да ја решам Куба пред да си заминам“. Тој додаде дека САД внимателно ја следат ситуацијата на островот, оценувајќи дека земјата е во многу лоша состојба и дека практично е пропадната држава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер