Во куќа во БиХ се најдени 31 дете со хрватски пасоши, меѓу нив и бебиња - Канал 5

Во куќа во БиХ се најдени 31 дете со хрватски пасоши, меѓу нив и бебиња

Необичен случај е забележан во Брчко кога полицијата заедно со надлежните служби пронашла 31 дете во куќа.

Во куќа во БиХ се најдени 31 дете со хрватски пасоши, меѓу нив и бебиња

Кај децата биле пронајдени хрватски пасоши, а три лица се уапсени под сомнение дека извршиле повеќе кривични дела меѓу кои и трговија со луѓе, дознава Klix.ba.

Како што соопштија од окружната полиција Брчко, преземајќи активности од нивна надлежност, полициски службеници вчера, под надзор на Окружното обвинителство Брчко на БиХ и во соработка со Пододделот за социјална заштита и Црвениот крст, пронашле поголем број деца и ги однеле на безбедно место.

„Како дел од досегашните активности, уапсени се три лица осомничени за сторени кривични дела трговија со луѓе, трговија со деца и запуштање или злоупотреба на дете. Истрагата за споменатиот инцидент е во тек. Имајќи ги предвид законските одредби за постапките во кривичните предмети против сторителите на кривични дела против деца и малолетници, како и универзалните права на детето, како и за понатамошното постапување полни последици и заштита на интересите на детето“, велат од полицијата на Брчко.

Како што неофицијално е потврдено за Klix.ba, властите пронашле дури 31 дете во куќа во областа Брчко, од кои некои се помлади од една година.

Изворот на порталот посочува дека кај децата биле пронајдени пасоши од Република Хрватска, а нив ги чувала одредена жена, најверојатно италијанска државјанка. Каков бил планот на криминалната група во контекст на децата сега е предмет на истрага.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности на РЦУК Свети Николе за заштита од пожари

Активностите се реализираат согласно заклучоците од координативниот состанок на надлежните институции за заштита од пожари.

Превентивни активности на РЦУК Свети Николе за заштита од пожари

Во насока на намалување на ризикот од пожари на отворен простор, тим составен од претставници на Подрачното одделение на Регионалниот центар за управување со кризи (ПО на РЦУК) Свети Николе, ОВР – Полициска станица Свети Николе, ТППЕ Свети Николе и ПШС „Шумарство“ Свети Николе спроведува заедничка координативна превентивна акција за заштита од пожари на територијата на општините Свети Николе и Лозово.

Во рамките на акцијата се посетуваат населени места, каде на средбите со граѓаните се укажува на опасностите и последиците од предизвикување пожари, а се дистрибуира и промотивно-едукативен материјал со препораки за превенција. Паралелно, се вршат контроли во шумските подрачја со цел да се утврди дали се почитува забраната за движење во шумите.

Активностите се реализираат согласно заклучоците од координативниот состанок на надлежните институции за заштита од пожари, во соработка со општините Свети Николе и Лозово, со цел подигнување на јавната свест и намалување на ризикот од појава на пожари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Девет пријави за семејно насилство

Седум лица лишени од слобода, едно пренесено во здравствена установа, вкупно девет пријави за семејно насилство

Девет пријави за семејно насилство

На 12.07.2026 во 21:15 часот во валандовско село, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово лишија од слобода 26-годишен жител на тоа село. Според пријавеното, тој околу 17:30 часот во семејниот дом физички го нападнал неговиот 51-годишен татко. Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 12.07.2026 во 20:45 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода С.С.(18) од Радовиш. Според пријавеното тој околу 19:00 часот во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговата мајка. Известен е јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 12.07.2026 во 15:30 часот во СВР Скопје на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Т.М.(54) од Скопје, по претходна пријава дека во домот со остар предмет упатувал закани кон неговата 48-годишна сопруга и нивните деца. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 12.07.2026 во 17:00 часот, во СВР Охрид од слобода се лишени А.Д.(59) од Струга и Ж.С.(62) од Охрид. Тие претходно, во домот на нивните родители, предизвикале вербална расправија, по што Ж.С. физички нападнала членови на семејството. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 12.07.2026 во 01:45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода М.С.(30) од Штип, постапувајќи по претходна пријава од неговата 24-годишна девојка од штипско, дека околу 00:05 часот физички ја нападнал. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

На 12.07.2026 во ОВР Македонски Брод е пријавено дека во село во општина Македонски Брод, М.М.(45) физички ја нападнал неговата 50-годишна сестра. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.

На 12.07.2026 во 18:45 часот во СВР Битола Т.Ч.(59) и Л.Ч.(52), двајцата од Битола пријавија дека од страна на И.Ч., кој е брат на Т.Ч., им биле упатувани закани. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 12.07.2026 во 22:30 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Н.А.(38) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава од неговиот татко дека во домот агресивно се однесувал и фрлал предмети. По документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 12.07.2026 во СВР Куманово, 55-годишна жена од Куманово пријави дека подолг временски период таа и нејзините деца биле физички и психички малтретирани од нејзиниот сопруг П.Ц., кој често бил под дејство на алкохол. П.Ц. е спроведен во Психијатриската болница Демир Хисар и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во виничко, лишени од слобода две лица, пронајдени дрога и пушка, поднесена кривична пријава и одреден притвор

На 11.07.2026 во 23:20 часот во с.Јакимово, виничко, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница во содејство со полициски службеници од ОВР Виница ги лишија од слобода К.С.(28) и М.С.(31), двајцата од с.Јакимовo.

Претрес во виничко, лишени од слобода две лица, пронајдени дрога и пушка, поднесена кривична пријава и одреден притвор

При преземање марки и активности по претходно изготвен план, полициските службеници се обиделе да сопрат патничко возило „фолксваген“ со винички регистарски ознаки, кое К.С го управувал, а М.С. бил сопатник, при што од возилото бил фрлен кокаин. На 12.07.2026 во 07:10 часот во с.Јакимово, виничко, полициски службеници од НККР Виница, врз основа на наредба од Основен суд Виница, извршиле претрес во домот и простории што ги користеле К.С. и М.С., при што биле пронајдени и одземени кокаин, канабис, дробилка со остатоци од канабис, пушка „валтер“ со калибар 4,5 мм, пари и други предмети кои потекнуваат од кривично дело. Против лицата е поднесена кривична пријава за постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, по што се спроведени пред на судија на претходна постапка во Основен суд Кочани, кој им изрекол мерка притвор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер