Во куќа во Англија се најдени тела на три деца- биле убиени со нож, покажа обдукцијата

Во неделата три мали деца се пронајдени мртви во куќа во Бристол. Обдукцијата покажала дека децата починале од повреди со нож.

Полицијата на местото на настанот пристигнала во 00:40 часот по локално време, по добиена пријава за можен инцидент. Полицајците ги пронашле телата на деветмесечниот Мохамед Баш, тригодишниот Жури Баш и седумгодишниот Фарес Баш.

42-годишната жена е уапсена под сомнение за убиство. Не е соопштено дали таа е во крвно сродство со жртвите. Таа се уште е во болница, каде што се лекува од повреди кои не се опасни по живот, пишува Би-Би-Си.

„Истрагата од страна на Единицата за истраги за големи злосторства е во тек. Се спроведува сеопфатна истрага за да се утврди што доведе до загуба на животи“, рече главниот инспектор Викс Хејворд-Мелен.

„Загубата на толку мали деца, кои имаа цел живот пред себе, е навистина потресна. Специјалните офицери за врска продолжуваат да му даваат поддршка на семејството“, додаде таа.

Порно ѕведата Миа Калифа лансира колекција танги со марихуана (ФОТО)

Не долго откако Миа Калифа првпат ја лансираше својата нова линија на накит и додатоци, Шејтан, таа почна да се појавува на модните недели и да прави бројни договори.

За да ја прослави 420 година, Калифа лансира специјално издание со Шејтан: тангата 420.

Тангата доаѓа во две бои, зелена и црна, а на задната страна има декорација во форма на лист марихуана. Ремените се прилагодливи и погодни за различни големини на телото.

„Треба да ме ангажирате како плус сајз модел за ова“, „Врискам, плачам, купувам“, „Едвај чекам“, „Сакам“, „Ми требаат“, „Ве молам донирајте за оние од нас кои не можеме да си ги дозволиме“, , „Слатко“ се дел од коментарите на објавата на брендот на Инстаграм.

Sheytan е лансиран во јули 2023 година, така што брендот е сè уште млад.

"Никој не ги знае роковите што си ги поставивте за себе! Бидете трпеливи, дури и ако тоа значи да направите нешто подоцна за да го направите производот совршен", рече Миа Калифа, пренесува HypeBae.

БУГАРИЈА: Системската медиумска манипулација кај дел од бугарските медиуми продолжува

Кога човек ќе помисли дека има некаква позитивна промена во бугарскиот мајнд сет кај дел од нивните медиуми визави Македонија, веднаш истите медиуми се демантираат преку нивните лаги и манипулации.

Бугарскиот портал Faktor.bg со самосатисфакционен наслов објави тешка лага која наводно се појавила во последниот извештај на Американскиот Стејт департмент за Македонија за 2023 год во кој се вели:

„Стејт департментот го попари Скопје: во Република Македонија има систематско насилство врз Бугарите“

па продолжуваат со сочна лага за наводен цитат од овој извештај во кој велат:
„Во Република Македонија има систематско расно и етничко насилство и дискриминација врз Бугарите. Така се вели во извештајот на Стејт департментот за човековите права кај нашиот југозападен сосед за 2023 година“

Ова е крајно манипулативен екстракт од делот за „Системско расно ИЛИ етничко насилие и дискриминација“
Во извештајот на Стеј Департментот Бугарите во Македонија се споменуваат само во овој дел и тоа:

„Министерот за правда ги затвори бугарските културни клубови „Цар Борис III“ и „Иван (Ванчо) Михајлов“, повикувајќи се на законот од 2022 година со кој се бара од организациите именувани по фашистички поддржувачи или соработници да си ги сменат имињата. Во февруари, по препорака на Комисијата за антидискриминација, обвинителството во Битола отвори прелиминарна истрага за клубот „Иван (Ванчо) Михајлов“ поради говор на омраза. Претседателот на клубот беше обвинет за поттикнување етничка и расна омраза и нетолеранција и ширење расизам и ксенофобија.

Две лица се обвинети за нанесување тешки телесни повреди на Христијан Пендиков, кој се саморегистрирал како Бугарин, по национална и етничка основа на омраза.“
Во текстот на овој бугарски медиум воопшто не се нотира дека е затворен клубот Ванчо Михајлов а спрема неговиот претседател покренато е обвинение за ширење на расна и етничка нетолеранција како и ксенофобија.“

Како што се наближуваат двојните избори во Македонија на 8ми мај, нервозата кај официјална Софија и дел од нивното медимското миље драстично расте, па затоа се сретнуваат вакви манипулативни и клеветнички текстови во кои не се штеди ниту Америка ниту Македонија.

Линк до извештајот на Американскиот Стејт Департмент за Македонија ( страна од 33-35 )
Веста објавена во бугарски Фактор

Рускиот суд ја одби жалбата на американскиот новинар, кој е во затвор за наводна шпионажа

Рускиот суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против притворот под обвинение за шпионажа.

Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а бил уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.

Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до тајни информации кои требало да ѝ ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот во кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.

Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.

Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но денеска на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклена кутија во судницата и им се смешка на колегите од медиумите.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена руски затвореник, но таков договор се уште не е постигнат.

притисни ентер