ВМРО-ДПМНЕ: Мандатот на Филипче е симбол на пропуштени реформи, скандали и нефункционален здравствен систем
2ВМРО-ДПМНЕ: Мандатот на Филипче е симбол на пропуштени реформи, скандали и нефункционален здравствен систем
ЗдравјеВо крводарителска акција во Дебар собрани 42 крвни единици Општинската организација на Црвениот крст-Дебар, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, денеска спроведе крводарителска акција, во која се собрани 42 крвни единици.– Ова е седма по ред и последна во ова календарска година. Екипата беше сместена во просторите на Општа болница со проширена дејност. За да ја даруваат нивната драгоцена течност, што живот значи, се пријавија педесетина, а крв даруваа 42 лица. Акцијата може да се оцени како една од многуте успешни, посебно што повеќето од крводарителите беа млади, вели Исни Телќиу, секретар на дебарскиот Црвен крст. Според него, кога станува збор за доброволното крводарување, дебрани и понатаму се меѓу најхуманите во државава. За годинава, додаде тој, годишниот план изнесува 744, а до сега прибрани се над 600 крвни единици. Бројот, додава, очекуваме да биде повисок, имајќи предвид дека до крајот на годинава има повеќе од дваесет дена а дебрани секогаш се јавуваат да даруваат крв кога за тоа има потреба, вон организирани акции.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСАД започнаа нови напади врз Иран, Трамп предупредува на одмазда за смртта на војницитеАмериканската војска соопшти дека започнала уште една рунда напади врз Иран за „понатамошно деградирање“ на неговите способности за напад врз бродови во Ормутскиот теснец.Нападите - 10-та последователна ноќ - доаѓаат откако американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе го казни Иран за смртта на американските војници.трамп претходно изјави дека Иран бил погоден „многу силно“ претходната ноќ „во чест“ на тројцата американски војници убиени неодамна - двајца во Јордан и еден во Ирак. Како одговор на најновиот бран, Иран соопшти дека погодил два танкери за нафта во водниот пат, како и американски воени средства во Бахреин и Кувајт, објави државната новинска агенција ИРНА. Претседателот Масуд Пезешкијан рече дека Иран сега води „целосна војна“ со САД. Во исто време, Техеран соопшти дека дипломатските пораки сè уште се разменуваат меѓу двете страни преку посредници, и покрај пропаѓањето на прекинот на огнот.Тагови: САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Мандатот на Филипче е симбол на пропуштени реформи, скандали и нефункционален здравствен системДодека Венко Филипче се обидува да се претстави како авторитет за здравствениот систем, граѓаните многу добро паметат што остави зад себе додека беше министер.Наместо реформи и подобро здравство, неговиот мандат беше обележан со низа скандали, афери и неодговорени прашања. Од случајот со набавката на вакцините преку посредник, фирма која претходно се занимавала со трговија со тропско овошје, до аферата „Крвави тендери“ за набавка на тестови и реагенси вредна десетици милиони евра, јавноста никогаш не доби убедливи одговори за сите дилеми што се отворија. Во исто време, здравствениот систем тонеше во проблеми. Листите на чекање се зголемуваа, пациентите со месеци чекаа за прегледи и интервенции, недостигот од медицински кадар стануваше се поизразен, а јавните здравствени установи се соочуваа со недостаток на опрема, материјали и основни услови за работа. Граѓаните не можат да го заборават ниту трагичниот пожар во модуларната болница во Тетово, во кој животот го загубија 14 лица. Наместо преземање политичка и морална одговорност, Филипче остави многу прашања без одговор и чувство дека никој не понесе вистинска одговорност за една од најголемите трагедии во македонското здравство. Во време на ковид-пандемијата, Македонија беше меѓу земјите со висока смртност по глава на жител, а граѓаните се соочуваа со неизвесност, недостаток на доверба и бројни предизвици во функционирањето на здравствениот систем. Затоа, сметаме дека човек чиј мандат остана запаметен по афери, скандали и сериозни пропусти нема кредибилитет денес да држи лекции за тоа како треба да изгледа македонското здравство. За разлика од СДС и Филипче, целта на ВМРО-ДПМНЕ е здравствен систем што ќе биде ефикасен, транспарентен и посветен на пациентите, со инвестиции во медицинскиот кадар, современа опрема, подобри услови за лекување и целосна одговорност за секоја донесена одлука. Граѓаните заслужуваат здравство што ќе работи во нивен интерес, а не здравство кое ќе се памети по афери и пропуштени можности. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОбвинителство: Истрага против три лица, водата во Гостивар е многу загадена08:47Уапсена е директорката на гостиварски Комуналец, Артана Асани и двајца раководители- гостиварци бараат одговорност17:50Приведена директорката на Комуналец од Гостивар и уште двајца раководители 15:27Уапсена е директорката на ЈП„Комуналец“ од Гостивар и двајца нејзини соработници (ВИДЕО)13:52Се чекаат резултатите од Институтот за јавно здравје за утврдување на причинителот за епидемијата во Гостивар 10:53
Уапсена е директорката на гостиварски Комуналец, Артана Асани и двајца раководители- гостиварци бараат одговорност17:50
Се чекаат резултатите од Институтот за јавно здравје за утврдување на причинителот за епидемијата во Гостивар 10:53
МакедонијаСДСМ: Како сега Мицкоски нема „чувство“ кој ја затру водата во Гостивар?ВМРО-ОКГ сега знае што значат истрага и доверливост на информациите.Ова доаѓа од партија која секојдневно ја користи доверливоста како изговор за да го заштити својот криминал. Кога Мицкоски сака да му се закани на политичкиот противник, тогаш има „чувство“ и јавно наредува истраги од собраниската говорница и преку медиуми. Кога треба да се утврди одговорност за труењето на граѓаните во Гостивар, тогаш одеднаш нема „чувство“ и сè е „доверливо“ и „во тек на истрага“. Пет дена информацијата за труењето се криеше од јавноста. Пет дена институциите под контрола на ВМРО-ОКГ молчеа и не презмаа ништо. Сега, кога се откри дека се криело, ВМРО се обидува да ја претвори темата во „доверливост на информациите“, наместо да ја превземе одговорноста. Зошто Обвинителството ги криеше податоците од анализата на водата? Кого штитеше сега? Кој ја затру вода која заврши во водоводот? Ако ВМРО-ОКГ навистина верува во доверливост и истрага, тогаш нека објасни зошто министерот за здравство и здравствените инспекции молчеа пет дена. Нека објасни зошто резултатите од анализите сè се криеа од граѓаните. ВМРО-ОКГ има „чувство“ само кога треба да напаѓа. Кога треба да одговара за својата неспособност и прикривање - тогаш одеднаш сè е „истрага“ и „доверливо“. Граѓаните на Гостивар не сакаат изговори. Сакаат одговорност. И таа одговорност не може да се крие зад зборовите „доверливост“ и „истрага“. Скопје, 21.07.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter