Најмалку шестмина загинати и 28 повредени во напад на православна црква во Јордан, пукале за време на погреб
2Најмалку шестмина загинати и 28 повредени во напад на православна црква во Јордан, пукале за време на погреб
Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
1Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
МакедонијаВо Кривичен денеска треба да биде објавена пресудата против три лица за дивите депонии во ВардариштеВо Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде објавена пресудата против три лица за кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“, со што создале диви депонии на дел од локацијата во Вардариште. Обвинетите Мајсут Мемиши, Алмир Асани и Флорин Арифи на минатото рочиште признаа вина за стореното дело – загрозување на животната средина и природа со складирање и создавање диви депонии на улицата „Зендел Џемаил“ во Скопје. Нивната одбрана, смета дека нема докази дека пожарите на депонијата биле на местото каде што бил фрлан отпадот на обвинетите. За делото што им се става на товар на обвинетите предвидената казна затвор е од три месеци до три години. Основното јавно обвинителство Скопје на 11 септември поднесе обвинение против три лица за кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 1 од Кривичниот законик. -Тројцата обвинети, на ул.„Зендел Џемаил“ во Скопје, од 2020 година до 02.09.2025 година вршеле дејност – откуп на старо железо, метални производи, стари акумулатори и други обоени метали на импровизирани пунктови – отпади, без означена фирма, без да регистрираат правно лице и без да поседуваат соодветна дозвола за вршење дејност за управување со отпад. Согласно обезбедените докази, тие вршеле оставање, фрлање и непрописно транспортирање на отпадот, со што создале диви депонии, кои биле констатирани при настанат пожар на дел од локацијата. Со ваквите незаконити дејствија обвинетите влијаеле врз квалитетот на почвата и воздухот и предизвикале опасност по животот и здравјето на луѓето, стои во обвинението. Во врска со причините за настанување на пожарот на Вардариште, од ОЈО Скопје тогаш информираа дека се издадени повеќе наредби со цел откривање и на други сторители на кривични дела, како и дека во финална фаза се и вештачењата во однос на сомненијата за загрозување на животната средина со отпадни материи во постапката која се води против сопственичката и неформалниот сопственик на правно лице од Шуто Оризари, кои подолг временски период, спротивно на законските одредби од Законот за управување со отпад и спротивно на прописите за заштита на животната средина, складирале поголемо количество отпадно железо, електронски отпад, делови од стари автомобили, шасии од стари отпадни возила и друго на локација за која немале соодветна дозвола за управување со отпад, а на која на 9 јули беше предизвикан неконтролиран пожар на целата маса од складираниот отпаден материјал, а поради обемот и опасноста пожарот не можеше веднаш да биде ставен под контрола.Тагови: Вардариште Кривичен суд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
МакедонијаСиљановска-Давкова во Будимпешта се сретна со претставници на македонската дијаспораПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која престојува во Будимпешта по повод одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција од 1956, утрово се сретна со претставници на македонската дијаспора.На средбата присуствуваа истакнати лица од областа на бизнисот, науката, образованието, информатичките технологии, како и студенти. Тие ја запознаа претседателката со нивната улога и ангажман во општествениот живот на Унгарија, како и со актуелната состојба во земјата. Соговорниците изразија желба за јакнење на македонско-унгарските односи. Дадоа предлози за промоција на државата пред унгарската јавност и подобро меѓусебно културно запознавање, посебно акцентирајќи ги можностите за развој на туризмот. Тие укажаа на потребата од отворање на културни центри во обете држави. За Сиљановска-Давкова, континуираната комуникација со дијаспората, преку македонските дипломатски претставништва е особено важна за соработката и афирмацијата на татковината. Претседателката изрази задоволство од етаблираноста и препознатливоста на малубројната македонска дијаспора во унгарското општество. Таа укажа на важноста на културната дипломатија и ја поздрави нивната посветеност и активност врзана за негувањето на македонскиот јазик, култура и традиција, соопштуваат од Кабинетот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНајмалку шестмина загинати и 28 повредени во напад на православна црква во Јордан, пукале за време на погреб Најмалку шест лица беа убиени, а 28 ранети во денешниот напад врз грчка православна црква во Јордан, изјави портпарол на јорданската влада.Нападот се случил во Карак, на околу 180 километри од јорданската престолнина Аман, објави Ројтерс. Порано во текот на денот, арапските медиуми објавија дека седум лица се убиени, а 10 се ранети, од кои некои се во критична состојба. Некои сведоци рекоа дека возило пристигнало на местото на настанот и напаѓачите излегле, пукале континуирано пет минути, а потоа избегале. Калид Буркан, кој присуствувал на погребот, изјави за Ројтерс дека на погребот се собрале неколку десетици луѓе и дека двајца мажи, едниот вооружен со пушка, а другиот со пиштол, отвориле оган врз нив и пукале неколку минути. Никој сè уште не ја презел одговорноста за нападот, а јорданските власти не кажале кој стои зад него. Ваквите напади се исклучително ретки во Јордан, кој е релативно стабилна земја, но се соочува со зголемени ирански напади оваа година откако САД и Израел започнаа напади врз Иран во февруари. Христијаните сочинуваат малцинство од населението на Јордан, иако земјата е дом на неколку библиски места кои привлекуваат христијански аџии од целиот свет. Во времето на нападот, во и околу црквата имало помеѓу 150 и 200 луѓе, рече Буркан, додавајќи дека повеќето од жртвите биле на возраст помеѓу 50 и 70 години.Тагови: Јордан Црква Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОбвинителството отвори постапка за измами на граѓани со т.н. “кубански вакцини”Основното јавно обвинителство Велес, постапувајќи во оформен предмет против едно лице за кривични дела – Измама од член 247 и Надрилекарство од член 209 од Кривичниот законик, обезбеди наредби за претреси на повеќе локации.Се постапува за обезбедување докази во однос на сознанијата дека осомничениот, со намера да прибави противправна имотна корист, довел во заблуда повеќе лица, лажно нудејќи им “кубански вакцини” против рак. При претрес на работното место на осомничениот во Велес, пронајдени се докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Одземени се и електронски уреди, а се преземаат и други дејствија на проверки. Надлежниот јавен обвинител врши распити на оштетени и други лица кои би можеле да имаат сознанија важни за целосно испитување на настанот. Основното јавно обвинителство Велес до судот достави и предлог за определување на мерки на претпазливост – одземање на патната исправа и обврска на осомничениот да се јавува во Судот. Лицето во моментов е хоспитализирани во медицинска установа, каде му е врачено решението за определување на мерките. Како што пристигнуваат дополнителни информации и сознанија, Јавното обвинителство и МВР продолжуваат да преземаат дејствија за обезбедување докази, соопштуваат од Обвинителството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook