КултураВо Крива Паланка се одржа „Осоговска староградска вечер“На плоштадот „Карпошово востание“ во Крива Паланка се одржа фестивалот на староградски песни и серенади, „Осоговска староградска вечер“.„Распеани паланчани“ ја отворија вечерта со три песни од кривопаланечкиот крај, а во продолжение на фестивалската програма настапија „Распеани пензионери“ од Берово, „Камелија“ од Свети Николе, „Еделвајс“ од Ќустендил, „Распеани радовишани“ од Радовиш и „Градски хор “ од Штип. -Втора година по ред ја отвораме летната културна програма во Крива Паланак со овој фестивал кој на граѓаните им овозможува да уживаат во староградската музика и да се запознаат со една поинаква култура на живеење, рече градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски. Овој фестивал се реализира како проект на Националната установа центар за култура Крива Паланка. - Идејата за фестивалот е на членовите на староградското друштво „Распеани паланчани“ кои функционираат во рамки на установата и по бројните настапи каде одлично ја претставија општината и нашата староградска култура, изразија желба да основаме настан-фестивал каде ќе ги угостиме сите друштва со кои соработуваат. Прокетот беше поддржан од страна на Министерството за култура и е дел од годинашната Национална програма за култура, рече директорот на Националната установа центар за култура Крива Паланка, Александар Рангелов. Ансамблите и хоровите кои настапија ги потсетија присутните на автентичните акорди и ноти, стихови и мелодија карактеристични за урбаниот живот во повеќе македонски градови, но и во соседството. - Горда сум што можам да ја пренесам културата на живеење, мелосот, енергијата на друштвениот живот во Крива Паланка пред 3-4 децении. „Pаспеани паланчани“ беше формирано во 1973 година, па имаше застој во работењето околу 2 децении, за да веќе седум години активно функционира и обединува многу музикални лица од разни генерации, изјави Валентина Лековска, една од првите членки на „Распеани паланчани“./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотЈП „Лајка“ со над 75% зголемен обем на заловувања и ветеринарни третмани во 2026 годинаБележиме значителен раст на оперативните резултати во 2026 година, со најизразено зголемување во периодот од април до октомври, кога бројот на заловени и третирани кучиња е зголемен за над 75%.Бележиме значителен раст на оперативните резултати во 2026 година, со најизразено зголемување во периодот од април до октомври, кога бројот на заловени и третирани кучиња е зголемен за над 75% во споредба со истиот период минатата година. Во првите десет месеци од 2026 година, претпријатието има реализирано вкупно 1.285 заловувања, 1.084 ветеринарни третмани и 310 вдомувања. Во споредба со истиот период во 2025 година, тоа претставува зголемување од 52% кај заловувањата, 50% кај ветеринарните третмани и 8% кај вдомувањата. Изразено во бројки, оваа година се заловени 440 повеќе кучиња, третирани се 362 повеќе, а нов дом добиле 23 кучиња повеќе во однос на минатата година. Особено значаен раст е забележан во периодот од април до октомври, кога се реализирани 1.014 заловувања и 852 ветеринарни третмани, наспроти 580 заловувања и 483 третмани во истиот период минатата година. Овие резултати укажуваат на значително зголемен интензитет на теренската работа и поголем опфат на бездомните кучиња на територијата на Град Скопје. Една од поважните промени во работењето на ЈП „Лајка“ е повторното воведување на стратешко заловување по општини, со кое, покрај редовното постапување по пријави од граѓаните, се спроведуваат и однапред планирани теренски активности. Наместо интервенциите да се засноваат исклучиво на поединечни пријави, екипите систематски обработуваат цели подрачја, населба по населба и локација по локација, со цел поголем број бездомни кучиња да бидат опфатени со програмата за хуман третман. Заловените бездомни кучиња поминуваат низ ветеринарен третман кој вклучува стерилизација или кастрација, вакцинација против беснило, тестирање за лајшманиоза, микрочипирање и третман против внатрешни и надворешни паразити, по што понатаму се постапува согласно предвидените процедури. И покрај зголемениот обем на работа, сакаме да посочиме дека долгорочното справување со проблемот на бездомните кучиња не зависи единствено од активностите на претпријатието, туку и од одговорноста на сопствениците на домашни миленици.Затоа упатуваме апел до сите сопственици да ги микрочипираат и регистрираат своите кучиња, согласно законските обврски. Микрочипирањето не е само законска обврска, туку и начин за сигурна идентификација на сопственикот, особено во ситуации кога кучето ќе се изгуби или ќе биде затекнато на јавна површина. Одговорното сопствеништво, спречувањето на неконтролираното размножување и ненапуштањето на милениците се неопходни за долгорочно намалување на бројот на бездомни кучиња. Резултатите од 2026 година покажуваат значителен напредок во обемот на работењето на ЈП „Лајка“, но и ја нагласуваат потребата од континуирана работа, институционална соработка и поголема одговорност на сопствениците, со заедничка цел - похуман и поодржлив пристап кон проблемот со бездомните кучиња во Скопје.Тагови: ЈП Лајка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалФИФПРО тимот на годината без освојувачот на Златната топка Хари КејнДобитникот на „Златната топка“ капитенот на Англија, Хари Кејн, изненадувачки го нема во тимот на годината!Легендарниот Лео Меси повтормно е меѓу најдобрите 11-сетмина. Добитникот на „Златната топка“, Хари Кејн, на изненадување на сите, не се најде во идеалниот тим на годината според ФИФПРО (FIFPRO). Од друга страна, Лионел Меси по рекорден 18-ти пат е дел од најдобрите 11 во изборот на професионалните фудбалери. Овогодинешниот добитник на „Златната топка“ (Ballon d'Or), капитенот на англиската репрезентација Хари Кејн, изненадувачки не се најде во идеалниот тим според изборот на ФИФПРО (FIFPRO). Во гласањето учествуваа фудбалери од 73 земји, а Лионел Меси се најде меѓу најдобрите 11 по рекорден 18-ти пат. Аргентинецот повторно е избран во најдобриот тим, откако во 2023 година не беше дел од него. Во нападот, покрај него, се најдоа Ерлинг Халанд, Килијан Мбапе и Ламин Јамал. Во идеалниот тим за сезоната 2025/26 се наоѓаат четворица шпански репрезентативци кои летово ја освоија светската шампионска титула: Родри, Пау Кубарси, Давид Раја и Ламин Јамал. Неочекуван е и изборот на голманот. Голманот на Арсенал која за време на Светското првенство му беше резерва на Унаи Симон е избран за прв голман во идеалниот тим, иако шпанската единивца, беше прогласена за најдобар голман на годината во изборот на списанието „Франс фудбал“. FIFPRO Светски тим (World 11) за сезоната 2025/26. ГОЛМАН: Давид Раја (Арсенал, Шпанија) ОДБРАНА: Пау Кубарси (Барселона, Шпанија), Ашраф Хакими (Пари Сен Жермен, Мароко), Нуно Мендеш (Пари Сен Жермен, Португалија) СРЕДЕН РЕД: Џуд Белингам (Реал Мадрид, Англија), Родри (Манчестер Сити/Барселона, Шпанија), Витиња (Пари Сен Жермен, Португалија) НАПАД: Ерлинг Халанд (Манчестер Сити, Норвешка), Килијан Мбапе (Реал Мадрид, Франција), Лионел Меси (Интер Мајами, Аргентина), Ламин Јамал (Барселона, Шпанија).Тагови: ФИФА Хари Кејн Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Шпагети во сосВо вторник (03.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Игор АндреевскиСостојки за денешниот рецепт: 500 гр. шпагети 200 гр. мелено месо 2 главици кромид 2 чешниња лук 400 мл. доматен сос масло сол, бибер и др. зачини малку свежо нане или магдонос Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter