Во Крива Паланка изложба од Лесновската ликовна колонија 2023 - Канал 5

Во Крива Паланка изложба од Лесновската ликовна колонија 2023

 Во Национална установа Центар за култура Крива Паланка денес беше отворена изложбата дела од годинашната Лесновска ликовна колонија, 31. по ред на која симболично, создадени се 31 дело од вкупно 17 автори-учесници.

Во Крива Паланка изложба од Лесновската ликовна колонија 2023

-Ова е прво претставување на делата кои беа создадени во периодот од 28 јуни до 2 јули годинава, од страна на учесниците од Србија, Данска, Бугарија и од нашата држава. Лесновската ликовна колонија настанала далечната 1992 година како една идеја што низ годините не престанала да се реализира и денес важи за една од најпрестижните и најреномираните во нашата држава. Уметниците се сместуваат во капацитетите на село Лесново кадешто се наоѓа и еден од најубавите и најпознати манастири во Македониај и пошироко, па уметниците ја црпат инспирацијата и од манастирот и од прекрасната околина, рече директорката на Дом на културата „Злетовски рудар”, Пробиштип, Сандра Мијалковска.

Проектот ,,Meѓународна Лесновска Ликовна колонија 2023” е избран на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2023 година, од областа на визуелните уметности, архитектурата и дизајнот.

Главен покровител на „Лесновската Ликовна колонија” е општина Пробиштип, а организатор е Дом на културата „Злетовски рудар” од Пробиштип.

На годинашната колонија меѓу бројните реномирани автори-учесници учествуваше и кривопаланчеката уметница, Христина Стојчевска, која остави две маестрални дела во збирката на колонијата и истите се дел од изложбата поставена во Крива Паланка.

Сите љубители на уметноста можат да уживаат во делата од постановката во следните десет дена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно со повремени сончеви периоди

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. 

Утре променливо облачно со повремени сончеви периоди

По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Најпрво во западните делови, а попладне и кон крајот на денот насекаде ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди, попладне и кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од утре под влијание на јужно воздушно струење, температурите ќе бидат во постепен пораст и повторно над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивно-едукативна активност на Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работи

Во рамки на активностите од страна на полициските службеници на возачите им беа поделени едукативни материјали (летоци) со пораки кон возачите - "Вози одговорно" и придонеси за намалување на бројот на жртви во сообраќајот!

Превентивно-едукативна активност на Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работи

Денеска (15.11.2026), во временскиот период од 11:00 до 12:00 часот, на наплатна станица Петровец, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи во соработка со РСБСП поради одбележување на ,,Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгодиʼʼ беше реализирана превентивно-едукативна активност насочена кон зголемување на сообраќајната култура и безбедноста на возачите под мотото "Заедно со одговорно однесување во сообраќајот да придонесеме за патишта без жртвиʼʼ!

Во рамки на активностите од страна на полициските службеници на возачите им беа поделени едукативни материјали (летоци) со пораки кон возачите - "Вози одговорно" и придонеси за намалување на бројот на жртви во сообраќајот!

Исто така, на возачите им беше укажано дека од денеска 15-ти ноември стапува на сила законската обврска за поседување задолжителна зимска опрема и да ја прилагодуваат брзината и начинот на возење на условите на патот, заради нивната лична безбедност и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силен земјотрес ги погоди Филипините

Земјотрес со магнитуда од 5,5 степени по Рихтер денес го погоди крајбрежјето на Филипините, соопшти Американскиот геолошки завод (USGS).

Силен земјотрес ги погоди Филипините

„Магнитуда од 5,5 - девет километри источно од Јунион, Филипини“, се вели во соопштението на агенцијата.

Земјотресот е регистриран во 21:41 часот по локално време, а епицентарот на земјотресот бил на длабочина од приближно десет километри.

Засега нема информации за можни жртви или штети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер