Во Крива Паланка изложба на великаните на македонската современа уметност - Канал 5

Во Крива Паланка изложба на великаните на македонската современа уметност

Збирка со 37 дела на великаните на македонската современа уметност од синоќа се изложени во уметничката галерија на Градски музеј Крива Паланка.

Во Крива Паланка изложба на великаните на македонската современа уметност
Колекцијата е сопственост на националната установа Музеј – Куманово кои првпат по долг временски период се изложени пред пошироката јавност. Изложени се дела на Никола Мартиновски, Ана Темкова, Томислав Крмов, Трајче Јанчески, Теофил Шулајкоски, Драгутин Аврамовски, Димитар Малиданов, Пецо Видимче, Глигор Чемерски, Симон Шемов, Ристо Калчевски и Нове Франговски.

Изложбата, според директорот на Градски музеј Крива Паланка Драган Величковски, е дел од програмата на „Паланечко културно лето 2015“ и е резултат на успешната соработка со НУ Музеј Куманово.

- Ова е една ретка можност ние како установа да бидеме домаќини на изложба со дела од национален интерес. Граѓаните на Крива Паланка но и сите туристи кои периодов се бројни во градот ќе имаат можност да ги погледнат делата на великаните на македонската уметност, изјави Величковски.

Директорката на НУ Музеј-Куманово, Анита Цветановска информира дека изложбата е проект од редовната годишна програма од национален интерес поддржан од Министерството з акултура на република Македонија.

- Станува збор за 37 дела од депото на уметничката галерија Куманово, непроценлива збирка на великаните на македонската современа уметност. Особена чест ми е што е дел од манифестацијата „Паланечко културно лето“ и што ја продолжуваме соработката со кривопаланечкиот музеј, изјави Цветановска.

Драгана Спасковска, кустос, историчар на уметност од НУ Музеј – Куманово појасни дека станува збор за антологиска колекција создавана во тек на 5 децении постоење на Музеј – Куманово.

- Содржи автори значајни за современото макеоднско национално и културно битисување кое ги надминува локалните рамки. Изложбата прикажува автори од замите почетоци на ликовната усметност, поаѓајќи од предвоената генерација автори, преку првата и втора генерација повоени автори се до средината на осумдесетите години на дваесеттиот век, Иако делата не ги прикажуваат авторите во нивната јазреза творечка фаза, ги рефлектираат уметничките корени кои с етемел кој го трасирал патот на идниет генерации ликовни уметници до денес, рече Спасковска.

Според Ѓорѓи Костовски, историчар на уметност од Градски Музеј Крива Паланк, куриозитет за паланчани и љубителите на уметност од регионот е да се видат делата на овие познати уметници кои даваат ново светло за некои нови уметнички проблесоци.

Делата ќе бидат изложени во следните 20 дена, а ЛУ Градски музеј Крива Паланка во претстојниот период ќе организира изложбите на дела од Националата уметничка галерија и самостојната изложба на Димитар Стојчевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Што промени светската музичка ѕвезда,  Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа  вака супер на 57 години.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело.

Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање.

Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога.

Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена.

Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Најпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. 

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот.

На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално.

https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed

„Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото.

Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

Еврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви.

Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција.

Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер