3ВМРО-ДПМНЕ: Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард
ЗдравјеВо ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 73 пациентиВкупно се лекуваaт 687 болни, сомнителени и потврдени за КОВИД -19.Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 73 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 687 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 26 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 18 примени пациенти и 16 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 2 нови болни и 9 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина не се примени пациенти. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 67 оздравени пациенти. Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 315 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 139 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 150 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 30 пациенти. На Клиниката за детски болести има 9 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 9 позитивни пациентки. Во Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 40 болни. Вкупно 687 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка. Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до о часот имало 75 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка. Министерство за здравствоКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?Дали Бугарија го даде конечниот одговор за идејата за вклучување европски претставници како посредници во дијалогот меѓу Скопје и Софија? Дали Бугарија го даде својот конечен одговор по предлогот европски претставници да се вклучат како посредници во дијалогот меѓу Скопје и Софија? Оваа дилема се отвори по вчерашната изјава на шефицата на бугарската дипломатија Петрова-Чамова, која како нетипични ги квалификуваше сите предлози да своевидно посредништо меѓу Македонија и Бугарија. Според Претседателот на Институтот за демократија, Марко Трошановски, ваквата изјава е јасен индикатор дека можат „да пропадне во вода“ нашиот обид да се вклулчиу директно Брисел во дијалогот. Вели Бугарија во овој случај има многу по комотна улога и може да ја диктира динамиката и форматот на разговорите. На сличен став е и аналитичарпт Петар Арсовски, кој смета дека и покрај ваквиот став на официјална Софија, напорите за дијалог да продолжат и ова да не предизвика никакво разочарување во Македонија. Инаку, вчера одговорајќи на новинарско прашање, бугарскта министерка за нодворешни работи.. кажа дека Бугарија не гледа потреба од посредник во разговорите со Македонија и дека прашањата поврзани со евроинтегративниот процес веќе се утврдени на европско ниво.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУХМР: Променливо време за викендот, од вторник затоплувањеПроменливо облачно за викендот и во понеделник, а од вторник затоплување – покажуваат прогновите на УХМР. Облачно време со сончеви периоди се очекува денеска утре и во понеделник, кога се очекуваат и локални врнежи од дожд. Од вторник пак следува стабилизирање на времето и пораст на температурите, а нови врнежи од дожд се најавуваат од петок. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
ЗдравјеВременски шокови и во ноември: Просекот на колапси на јавни места ист како во летните месециНаглите температурни промени земаат сериозен данок, па така во ноември просекот на колапси на јавни места останува висок со пет до шест лица дневно. Времето не бира кого ќе кутне, наглите температурни разлики земаат данок во здравје, па колапс на улица повеќе не е слика само за летните горештини, бидејќи и во ноември просекот на колабирања е ист како во август – пет до шест лица губат свест на јавни места во текот на 24 часовната смена на службата за Итна помош. И овој период, атмосферскиот притисок и влажноста на воздухот влијаат врз здравјето, па најчесто на удар се хронично болните, за нив наглите промени знаат да имаат посилни последици, вели д-р Елена Карева Пиловска. Од Итната медицинска помош нотираат дека освен за колапси, имаат повеќе интервенции за случаи на срцев удар, но и повици кога граѓаните се жалат на слабост, вртоглавица, тресење и конфузија, што се симптоми на хипогликемија, или „паѓање на шеќерот“. При нагло заладување се стеснуваат крвни садови што може да доведе до покачен крвен притисок и оптоварување на срцето, објаснуваат лекарите и апелираат дека хронично болните кои секако се почувствителни на промените на време да ја земаат својата терапија, а претходно редовно да го мерат притисокот. Сепак, главната препораката до сите граѓани е да се води поголема грижа за општата состојба, бидејќи само со здрави навики, спортувања и грижа за себе може да се влијае организмот полесно да ги поднесува временските шокови. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28