ВМРО-ДПМНЕ: „Детето“ како што вели Филипче, денес со изјавата призна дека во случајот во Ново Село учествувале осуденици и насилници
2ВМРО-ДПМНЕ: „Детето“ како што вели Филипче, денес со изјавата призна дека во случајот во Ново Село учествувале осуденици и насилници
3„И Здравје и работа“: Рударството паѓа, инвестициите стојат – државата мора да го ослободи развојниот потенцијал на Македонија
ЗдравјеВо ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 49 пациентиВкупно се лекуваaт 297 болни, сомнителни и потврдени за КОВИД -19.Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 49 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 297 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 17 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 10 нови приеми на пациенти и 10 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 12 пациенти. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 26 оздравени пациенти. Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 24 пациенти, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 40 пациенти со симтоми на корона вирусот. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 80 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 93 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 24 пациенти. На ГАК има 6 хоспитализирани ковид позитивни пациентки. Вкупно 297 пациенти потврдени и сомнителени за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка. Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 53 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна поддршка. Министерство за здравствоКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПоповиќ: За Гостивар има папка со факти - Савески кога ќе се врати од екскурзија да постапи веднашМинистерот Клековски конечно прозборе, призна дека во водата во Гостивар имало „многу различни бактерии и вируси“. А премиерот Мицкоски ги уверуваше граѓаните дека водата е технички исправна. Како Владата ги уверуваше граѓаните дека водата е исправна и може да се користи како „техничка“? Никогаш не беше објавена анализа, кој потпишал, кој дозволил. Поминаа 4 недели и никој не одговара за труењето со вода во Гостивар. Граѓаните чекаат. А Обвинителството сè уште молчи. До кога? Да не е обвинителот Савевски на екскурзија исто така? Еве 10 факти за обвинителот Савевски за постапува: 1.Загадувањето на водата во Гостивар започнало на 25 јуни. 2.Првите случаи со симптоми на труење биле регистрирани на 13 јули по што и по 200 нови случаи дневно. 3.Пет дена никој не реагирал и не презел ништо. Првите препораки биле објавени на 18 јули! 4.А три дена пред да се објави дека водата е загадена Центарот за јавно здравје Тетово издал извештај дека водата е безбедна за пиење. Значи 22 дена граѓаните на Гостивар се труеле со загадена вода со фекалии. Резултатот, 4.700 граѓани отруени. 5.На 23 јули, премиерот Мицкоски најавува „техничка вода“ за користење, а до крајот на таа недела и вода за пиење. Потоа Тошковски рече дека се врши хиперхлорирање на водата и стана експерт за анализа на вода. 6.Четири дена по најавата на Мицкоски, на 27 јули, Тошковски јавно ќе соопшти дека „Гостивар доби техничка вода“ која може да се користи за капење, но не и за пиење. 7.Никогаш не беше објавен документ, анализа на водата, кој одобрил, кој потпишал, дека водатата може да се користи како техничка. 8.На 3 август, значи после цела недела од изјавата на Тошковски, Стојанче Ангелов ќе објави дека во водата во Гостивар има бактерија. Па како им кажаа на луѓето дека може да ја користат водата техничка за капење и миење ако има бактерија? Тотален хаос и распад. 9.Вчера, на 7 август Клековски ќе соопшти дека во водата во Гостивар имало „многу различни бактерии и вируси“. Клековски минатата недела најавуваше дека водата наскоро ќе биде за пиење. Сега е полна со бактерии. Не една - туку многу различни. 10.Илјадници луѓе се отруени. Речиси 5.000 луѓе завршија по болници. Еве ги фактите. Се му е спремно на Савевски, па кога ќе се врати од ексрузија еве го чека, нека постапува. Прес конференција на СДСМ, Наташа Поповиќ, членка на Извршниот одборТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: „Детето“ како што вели Филипче, денес со изјавата призна дека во случајот во Ново Село учествувале осуденици и насилнициСДС и оние кои моментално ја претставуваат партијата и во случајот со Ново Село покажуваат тотална дезориентираност, едноставно не знаат каде тераат.Денес нивниот претставник од Ново Село, кој Венко Филипче го нарекува дете или воопшто учесниците во случајот во Ново Село во панична прес-конференција ги нарече деца, јавно призна дека е насилник и осуденик. Тој практично со неговата изјава денес од Ново Село потврди дека кажувањата на ВМРО-ДПМНЕ се точни, односно дека станува збор за правосилно осудени лица на условна казна затвор за насилство и за кривично дело поседување дрога и наркотични средства. Децата како што вели Филипче, се практично роднини на лицето кое него го направи претседател на СДС, Зоран Заев, роднини кои учествувале во незаконски дејствија. Ова е уште една потврда дека ова не се децата, туку дека е талогот на Македонија. Ова е срамот на Македонија. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија„И Здравје и работа“: Рударството паѓа, инвестициите стојат – државата мора да го ослободи развојниот потенцијал на МакедонијаНајновите податоци на Државниот завод за статистика се уште едно сериозно предупредување дека македонското рударство не смее повеќе да биде оставено на маргините на економскиот развој.Додека вкупното индустриско производство во јуни 2026 година пораснало за 6,5% во однос на истиот месец лани, производството во секторот „Рударство и вадење камен“ бележи пад од 3,8%. Од „И здравје и работа“ сметаат дека овие бројки треба да бидат повик за сериозно преиспитување на односот на институциите кон рударскиот сектор. Македонија има минерални ресурси, има стручни кадри и има заинтересирани инвеститори. Она што недостига е навремено институционално дејствување и создавање услови инвестициите да се реализираат во согласност со законите и највисоките стандарди за заштита на животната средина. Повеќе од четири децении во земјата не е реализирана голема инвестиција во металичното рударство, а постојните капацитети постепено се соочуваат со исцрпување на ресурсите. Во исто време, глобалната побарувачка за бакар расте, а цената на овој метал надмина 14.000 долари за тон, што дополнително ја зголемува стратешката и економската вредност на домашните ресурси. Во такви услови, проектот за рудникот за бакар „Иловица–Штука“ претставува една од најзначајните инвестициони можности за македонската економија. Според податоците објавени во медиумите, почетната инвестиција се проценува на околу 340 милиони евра, со потенцијал за значаен придонес кон БДП и извозот. Од „И здравје и работа“ порачуваат дека државата не смее да дозволи Македонија да остане само набљудувач на глобалниот натпревар за критични минерали. „Не бараме привилегии за ниту еден инвеститор. Бараме институциите да си ја завршат својата работа – да ги применат законите, да ги проверат сите еколошки и технички услови и, доколку тие се исполнети, да овозможат инвестициите да се реализираат,“ велат од иницијативата. Од иницијативата истакнуваат дека заштитата на животната средина и економскиот развој не смеат да се поставуваат како спротивставени цели. Современото рударство мора да се реализира со строги еколошки стандарди, континуиран мониторинг и целосна институционална контрола. „И здравје и работа“ упатува повик до Владата и надлежните институции да не дозволат стравот, шпекулациите или јавниот притисок да го заменат законското и стручното одлучување. Македонија не смее да ги пропушта инвестициите во момент кога светот се соочува со зголемена побарувачка за бакар и други критични минерали. Доколку проектите ги исполнуваат сите законски, технички и еколошки услови, државата има обврска да создаде услови тие да се реализираат. Падот од 3,8% во рударството не треба да биде само статистички податок. Треба да биде сигнал дека е време за нов инвестициски циклус, нови работни места и активирање на ресурсите со кои Македонија располага. Време е државата да ги ослободи инвестициите, да го искористи својот минерален потенцијал и да обезбеди развој – со знаење, со закон и со максимална заштита на животната средина. Тагови: И здравје и работа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter