Избори во Босна и Херцеговина: Република Српска останува цврсто во партијата предводена од Милорад Додик
1Избори во Босна и Херцеговина: Република Српска останува цврсто во партијата предводена од Милорад Додик
3Пензискиот систем е неодржлив поради намалување на придонесите,зголемување на пензиите и демографијата
Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари
2Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари
ЗдравјеВо ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 44 пациентиВо изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 44 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 469 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 21 прием и тоа еден пациент бил хоспитализиран на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, тројца во ковид центарот на Клиниката за Неврологија, шестмина болни се хоспитализрани на Клиниката за дерматовенерологија, еден на Клиниката за гастроентерохепатологија, тројца пациенти на Клиниката за нефрологија и седум во новиот центар на Клиниката за уво, нос и грло. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 16 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника се примени 7 нови болни во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 23 оздравени пациенти. Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 20 пациенти, на Клиниката за неврологија 35 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 42 пациенти со симтоми на корона вирусот, на Клиниката за Гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 23 лица, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 25 пациенти, а на Клиниката за очни болести 12 пациенти. Во ковид центарот на Клиниката за уво, нос и грло има 16 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 107 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 155 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 34 пациенти, од кои 9 деца и 25 возрасен. Вкупно 469 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка. И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 60 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка. Министерство за здравствоКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
БалканИзбори во Босна и Херцеговина: Република Српска останува цврсто во партијата предводена од Милорад ДодикВо тричленото претседателство на Босна и Херцеговина ќе има две познати лица, но и еден значаен нов член, а во ентитетите остануваат на власт досегашните партии.Ова го покажуваат последните информации за резултатите од општите избори во земјата, на кои се бираше власта на државно, ентитетско и на кантонално ниво, пишуваат босанските медиуми..За изборите беа регистрирани повеќе од 3,4 милиони гласачи, кои избираа членови на државното претседателство, државниот парламент, претседател и парламент на Република Српска, парламентот на федерацијата и собранијата на десетте кантони во федерацијата. Најследената трка беше онаа за тричленото претседателство на Босна и Херцеговина.Претседателството ги претставува трите конститутивни народи – Бошњаците, Србите и Хрватите – со по еден член избран од секоја од трите изборни единици. Според изборните резултати, Република Српска останува цврсто во партијата предводена од Милорад Додик.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПратеникот Талевски на Меѓународна конференција во Грузија за јакнење на меѓурелигискиот дијалогНастанот, кој заеднички го организираа ИПС на православието и Парламентот на Грузија, овозможи платформа за дијалог за улогата на христијанството, вредностите во контекст на денешните предизвици,.Пратеникот и шеф на Делегацијата на Собранието во Интерпарламентарното Собрание на православието, Миле Талевски, кој воедно е и член на Меѓународниот секретаријат на оваа организација, учествуваше на Меѓународната конференција на тема „Цивилизациските основи на Европа - 1700 години од христијанството во Грузија“, што по повод 1700-годишнината од прифаќањето на христијанството во Грузија, се одржа од 2 до 4 октомври 2026 година во Тбилиси. Настанот, кој заеднички го организираа ИПС на православието и Парламентот на Грузија, овозможи платформа за дијалог за улогата на христијанството, вредностите во контекст на денешните предизвици, како и за придонесот на православието во зачувувањето на заедничкото духовно и културно наследство во Европа. На Конференцијата присуствуваа парламентарци од повеќе парламенти од Европа, од Европскиот парламент, претставници на европски и меѓународни институции, верски заедници како и академската заедница, со цел размена на мислења за европското културно и духовно наследство, христијанските вредности и нивното место во современите демократски општества. Поздравно обраќање на Конференцијата имаше претседателот на Грузија, Михаил Кавелашвили, кој истакна дека Грузија низ вековите била физички мост меѓу Истокот и Западот, но и жив пример на културна разновидност и хармонично единство на различни народи и традиции. Пред присутните се обрати и грузискиот премиер, Иракли Кобахидзе, кој оцени дека Грузија преку своето христијанско наследство е историски и цивилизациски дел од Европа, а нејзиниот европски пат го поврза со зачувувањето на традицијата, духовниот идентитет и христијанските вредности. Воведно обраќање имаше и претседателот на Парламентот на Грузија, Шалва Папуашвили, кој нагласи дека само преку дијалог и соработка, како и преку размена на искуства и ставови за значењето на културното и духовното наследство на Европа, може да се зајакне меѓурелигискиот и меѓукултурниот дијалог, како и улогата на парламентите во унапредувањето на демократските и инклузивни општества, особено во контекст на член 17 од Договорот за функционирање на ЕУ и дијалогот меѓу ЕУ и верските заедници. На Меѓународната конференција се обрати и патријархот на Грузиската патријаршија, Шио Муџири. Во рамки на Конференцијата се одржаа две тематски сесии. Првата беше посветена на христијанските вредности во Европа во време на кризи, со посебен осврт на член 17 од Договорот за функционирање на Европската Унија и дијалогот меѓу европските институции и религиозните заедници. Фокусот на втората сесија, пак, беше посветен на семејството и традиционалните вредности во креирањето на јавните политики, како и на современите демографски, економски и општествени предизвици. Единствен беше ставот на учесниците на Конференцијата дека иднината на Европа не треба да се гради само врз политички и економски основи, туку и врз заеднички вредности. Христијанското наследство претставува значаен историски извор на европските идеи за достоинство, правда, љубов, солидарност и одговорност. Посебно беше нагласено дека културната, верската и националната различност може да биде основа за дијалог и меѓусебно разбирање, а не за поделби. На крајот на Конференцијата беше усвоена и Декларација за цивилизациските темели на Европа и 1700 години христијанство во Грузија, која ги содржи главните пораки и заклучоци од дискусиите. Во рамките на активностите на пролетниот состанок на ИПС на православието се одржа и презентација на Томот за „Аја Софија - црквите на мудроста Господова низ светот” на грузијски јазик. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПензискиот систем е неодржлив поради намалување на придонесите,зголемување на пензиите и демографијата Фискалниот совет ја презентираше одржливоста на пензискиот систем, со особен осврт на вториот столб. Според Благица Петрески од Фајнаенс Тинк, перманетното намалување на придонесите во фондот,зголемување на пензиите и демографијата која го опфаќа засиленото иселување на работоспособното население придонесуваат за неодржливост на пензискиот фонд. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter