ЗдравјеВо ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 30 пациентиВкупно се лекуваат 497 болни, сомнителен и потврден за КОВИД-19.Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 30 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 497 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 15 приеми и тоа еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за нефрологија, тројца на Институтот за ТБЦ, тројца пациенти на Клиниката за дерматовенерологија. На ОРЛ се примени шест нови болни, а на Очната клиника двајца. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало шест нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани девет болни. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 13 оздравени пациенти. Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 27 пациенти, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 50 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 25 пациенти, на Клиниката за очни болести 20 пациенти, а на ОРЛ 24 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 26 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 107 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 145 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 43 пациенти. Вкупно 497 пациенти потврден и сомнителн за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка. И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 30 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка. Министерство за здравствоКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: Нервозата кај Филипче расте, талогот од СДС си го покажа вистинското лицеНервозата кај Филипче расте, а талогот од СДС го покажа вистинското лице.СДС долго време тоне во жива кал, па нивното раководство не бира начин како да дојде до политички поен повеќе, а сега тоа го прават преку глумење на жртви со случајот во Ново Село. Филипче фатен во паника откако се покажаа вистинските лица на “децата” кои токму тој ги прати да направат инцидент во Ново Село. За Ефтимов и Стојанов не било никаков проблем да отидат на местото каде ќе биде претседателот Мицкоски, и да се обидат да направат инцидент и потоа да се претстават како жртви. Тие се искусни насилници и тепачи, а доказот е тоа што и двајцата се условно осудени на година и пол затвор, затоа што крвнички тепаа туристи во Струмица. Затоа Филипче ги одбрал токму нив. Внуци на Заеви, тепачи, насилници и наркомани. Таа е матрицата на СДС, а таа никако не смее да биде иднината на Македонија. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРКЕ: Драстичен пад на горивата, дизелот поевтинува за 8, бензинот за 4 денари Од полноќ нови цени на горивата. Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,81% во однос на одлуката од 4.8.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 6,186%, кај дизелот за 10,435%, кај екстра лесното масло за 8,138% и кај мазутот намалувањето е за 7,151%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 1,0313%. Од 11.8.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 87,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 89,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 91,50 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 92,50 (денари/литар) Мазут М-1 НС 43,538 (денари/килограм) Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 4,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 8,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 6,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 2,881 ден/кг. и сега ќе изнесува 43,538 ден/кг. Ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 11.8.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.Тагови: бензините Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Нова патека и нов ски лифт на МихајловоГрадоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, во телевизиско гостување најави значајни инвестиции во развојот на ски-центарот Михајлово.-Нова патека и нов ски лифт во зимскиот ски-центарот Михајлово, најави првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter