Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 17 пациенти

​Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 17 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. 

Вкупно 258 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало 9 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 2 примени пациенти и 6 билe примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 42 оздравени пациенти.

Во ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 75 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 86 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 89 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај децата-Козле има 5 пациенти. На Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на Ковид 19 вирусот.

Вкупно 258 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 340 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

Од утрово поради намалениот број на пациенти се затворени ковид центрите на Клиниката за Кардиологија, Клиниката за ОРЛ, Клиниката за Очни Болести и Институтот за Физикална терапија. Од почетокот на неделава без ковид пациенти се и Клиниките за Урологија и Пластична Хирургија кои веќе почаа со редовен хируршки програм. Во петок ќе се затвори и ковид центарот на Клиниката за Трауматологија при ТОАРИЛУЦ и од понеделник Клиниката за ортопедија и Клиниката за трауматологија започнуваат со редовен хируршки програм.

Министерство за здравство

Фото: Нивес повторно провоцира

Хрватската пејачка и манекенка повторно ги остави без здив нејзините фанови.

Таа овој пат е облечена во боите на Хрватска за да им пружи поддршка на фудбалските репрезентативци кои учествуваат во ЕУРО 2020.

- И денес сончање во соодветни бои ... Каде го гледате натпреварот? - напиша Нивес.

„Ма каква Карлеуша, бомба си “, стои во еден од коментарите на фотографијата.

Затворена најголемата онлајн продавница за украдени податоци

„Slilpp“ - најголемата онлајн продавница со украдени податоци, конечно е затворена.

„Slilpp“ постои од 2012 година и се проценува дека сопствениците на оваа страница заработиле милиони долари.

Тие продавале украдени податоци, од обични налози за плаќање преку Интернет до податоци за кредитни картички, тековни сметки во банка и тн.

За девет години се проценува дека е направена штета од 200.000.000 американски долари преку оваа страница.

Продадени се повеќе од 80 милиони податоци за најавување на одреден налог.

Околу 1.500 компании настрадаа од „Slilpp“ .

Интернет експерти предводени од експерти од Соединетите Американски Држави конечно и ставија крај на оваа страница и таа е под контрола на ФБИ.

Фото: Ким Кардашијан има необично Ламборџини

Ким својот автомобил го обложи сто ткаенина која наликува на крзно.

Тешко дека на обожувателите на Ламборџини би им се допаднала оваа идеја, но зад екстравагантниот потег стои добро смислен маркетинг.

Имено, Ким го направи своето Ламборџини Урус во крзно со цел да ја промовира својата продавница „Скимс“.

Ова сигурно не е најчудниот персонализиран автомобил на некои од личностите од светот на шоу-бизнисот што сме го виделе досега, но Ким успеа во тоа што го посакуваше - да го привлече вниманието на обожавателите кон нејзината продавница.

притисни ентер