Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 17 пациенти - Канал 5

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 17 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 17 нови пациент поради компликации од корона вирусот. 

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 17 пациенти

Вкупно 343 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало еден прием.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало исто така еден примен пациент и 13 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 2 пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 3 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 29 пациенти, на Клиниката за неврологија 37 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 54 пациент со симтоми на корона вирусот.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 80 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 111 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 26 пациенти. На ГАК има 6 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.

Вкупно 343 пациенти потврдени и сомнителени за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 30 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Отворена е и модуларната болница во склоп на Инфективната клиника со дополнителен број кревети.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Министерство за здравство

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Извонреден концерт за пијано и виолончело донесе Грчката вечер на „Охридско лето“

Со рафинирана техника, експресивна интерпретација и силно сценско присуство, грчката пијанистка Теодосија Нтоку синоќа ја воодушеви публиката на „Охридско лето“ настапувајќи  заедно со италијанскиот виртуоз на виолончело Масимо Полидори.

Извонреден концерт за пијано и виолончело донесе Грчката вечер на „Охридско лето“

Концертот беше организиран во рамки на Грчката вечер на фестивалот што традиционално се одржува години наназад на фестивалската програма со поддршка од Амбасадата на Република Грција во Скопје.

-Фестивалот „Охридско лето“ е еден од најценетите и широко познати фестивали во Република Северна Македонија и пошироко. Како амбасада, во текот на изминатите години со фестивалот заеднички работиме на организацијата на грчките вечери и ги носиме најдобрите уметници, рече грчката амбасадорка во земјава Софија Филипиду.

Публиката уживаше во изведбата на композиции од Сергеј Рахманинов, Антонин Дворжак, Едвард Елгар, Петар Илич-Чајковски, од Астор Пјацола и Габриел Форе.

Промовирана од страна на легендарната пијанистка Марта Аргерич, со која заеднички го издава албумот со дела од Бетовен за дискографската куќа „Ворнер класикс“, пијанистката Теодосија Нтоку плени со нејзиниот богат звук и интелигентно формирање на музичката мисла, а тоа го покажа и на вчерашниот концерт во црквата „Света Софија“. Критичарот на магазинот „Грамофон“ во критиката за нивниот албум ќе напише „јасно е зошто Аргерич ја привлекува музицирањето на Нтоку, тоа поседува слобода и не се плаши од ризици“.

Виолончелистот Полидори е роден во семејство на музичари и запoчнува да учи музика во родниот град Торино, каде и дебитира со оркестарот исполнувајќи ги Рококо варијациите од Чајковски со Камерниот оркестар на Софија. По дипломирањето со највисоки оценки во Италија, продолжува да се усовршува во Женева, во класата на Даниел Гросгурин, каде ја добива наградата Гран при за виртуозност исполнувајќи го Концертот за виолончело од Роберт Шуман. Тој е меѓународно признат водач на групата виолончела на оркестарот на „Ла Скала“ во Милано, позиција која ја добива на 30-годишна возраст откако тогашниот уметнички директор на оркестарот, Рикардо Мути, ги препознава неговите квалитети. Покрај тоа, Полидори е основач на триото „Јоханес“ и на Гудачкиот квартет на „Ла Скала“ заедно со концерт-мајсторот и истакнат виолинист Франческо Манара, ансамбли со кои постигнува светски успеси и настапува во „Карнеги Хол“, а со кои ги добива наградите „Осака“, наградата „Премио Трио“ во Трст и наградата на Асоцијацијата на музичките критичари на Аргентина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Талогот на СДС, Венко Филипче опкружен со наркомани и насилници со правосилни пресуди, кои ги хушка да прават инциденти, ги нарекува „деца на Македонија"

​Талогот во СДС не знае да стои, да размисли што прави, зошто партијата ја доведоа до ова дереџе, скраја да е да им текне да даваат предлози за доброто на државата и граѓаните или пак да учествуваат во аргументирани дебати.

ВМРО-ДПМНЕ: Талогот на СДС, Венко Филипче опкружен со наркомани и насилници со правосилни пресуди, кои ги хушка да прават инциденти, ги нарекува „деца на Македонија"

Тие од се во државата прават скандали за да печалат политички поени да го трујат народот, а кога немаат случај, тие си креираат.

Таков беше и случајот од пред неколку дена во Ново Село, каде што предавникот Филипче се обиде насила да создаде инцидент и политички спектакл, за сега кои беа со него, осудени наркомани и насилници, да ги претстави како „деца на Македонија“.

Лицата со кои Филипче се појави во Ново Село не се невини жртви како што сака да ги претстави, не се деца, а најмалку невини. За дел од нив постојат правосилни судски одлуки за кривични дела поврзани со насилство и наркотични средства.

Едниот од нив, Христијан Ефтимов е внук на Вице Заев и менаџер во „Тотал Инженеринг“. Ефтимов, заедно со Илија Стојанов, е правосилно осуден на условна казна затвор во траење од една година и шест месеци за крвнички тепање луѓе на плоштадот во Струмица.

Илија Стојанов, пак, покрај насилство, има и правосилна условна пресуда за кривично дело по член 215 став 1 од Кривичниот законик, поврзано со неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

И ова не е сè. Во паничното обраќање на Филипче од Ново Село, до него стоеше и Зоран Трифуновски, организациски секретар на СДС, кој според јавно достапните информации станува збор за лице кое се гонело за обид за убиство и има богато досие за насилство и тепачки.

Меѓу другото, Трифуновски бил вработен во МВР, во обезбедувањето на Шеќеринска, и важи за близок човек на Зоран Заев, а во 2023 година, СДС го назначи за директор на МЖ Инфраструктура.

Венко Филипче со насилници и лица корисници на наркотични средства и опојни дроги сакаше да предизвика инцидент во Ново Село, за да настрадаат недолжни луѓе и граѓани. Исто како што пушташе насилници и провокатори во Ташмаруништа.

Наместо да се дистанцира од лица со ваков багаж, насилници и лица корисници на наркотични средства и опојни дроги, талогот од СДС сакаше да предизвика инцидент во Ново Село, како што тоа го направи и во Ташмаруништа. Недолжни луѓе да настрадаат, за талогот од СДС и Венко Филипче политички да профитираат.

Токму такви насилници и корисници на дрога, како што се Ефтимов, Стојанов, Трифуновски, Филипче ги носи со себе и се обидува да ги претстави како симбол на младоста и иднината на Македонија.

Ваквите ликови ниту можат да бидат „децата на Македонија“, ниту можат да се продаваат како новото лице на СДС.

Тие единствено можат да бидат и се талогот во македонското општество, кои се фатиле за позиции и со сите сили се обидуваат да ги задржат, додека за вистинската, чесна и образована младина не отстапуваат место.

На таквите лица не им е местото ниту во политиката, ниту во високите општествени кругови каде шират тези за да им ја убијат надежта на граѓаните.

Сите тие кои цел живот се на државни и партиски позиции, кои освен за своите џебови, за државата не направија ништо, заедно со народот ќе ги поразиме.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ристовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои

Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со делегација на Владата на Република Македонија, денеска на Карпалак оддаде почит на десеттемина македонски бранители кои пред 25 години го положија својот живот бранејќи ја татковината.

Ристовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои

Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.

Десет имиња кои Македонија нема право да ги заборави.

Нивната жртва е вградена во темелите на нашата држава. Тие застанаа во нејзина одбрана тогаш кога беше најтешко и за Македонија го дадоа најскапоценото што човек може да го даде – сопствениот живот.

Карпалак не е само место на нашата колективна болка. Карпалак е место на кое се потсетуваме што значат храброста, должноста, честа и љубовта кон татковината.

Наша обврска е нивните имиња да ги чуваме од заборав, нивната жртва да ја почитуваме, а на идните генерации да им ја пренесеме вистината за луѓето кои застанаа во одбрана на Македонија.

По повод 25-годишнината од нивното загинување, пред нивната жртва денеска се поклонуваме со длабока почит и благодарност.

Вечна слава на хероите од Карпалак.

Никогаш заборавени.

Да живее Македонија!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер