Во Косовска Митровица синоќа уапсени четворица момчиња од српска националност - Канал 5

Во Косовска Митровица синоќа уапсени четворица момчиња од српска националност

Четворица мажи од српска националност се уапсени доцна синоќа во северниот дел на Косовска Митровица, соопшти полицијата, а причина за тоа биле навреда и напад врз двајца полицајци. 

Во Косовска Митровица синоќа уапсени четворица момчиња од српска националност

Инцидентот се случил околу еден час по полноќ.

Полицијата тврди и дека тројца од нив биле под дејство на алкохол и затоа синоќа не биле во можност да дадат изјава.

Петрит Фејза од косовската полиција за северниот регион, за Коснет изјави дека младите момчиња на градското шеталиште прво навредувале, а потоа нападнале двајца полицајци, по што си заминале.

Еден од полицајците, тврдат од полицијата, се здобил со телесни повреди.

Од ноќеска на интернет кружат видеа од апсењето, а некои граѓани тврдат дека овие млади момчиња биле тепани пред и за време на апсењето.

Косовската полицијата негира дека имало примена на сила, но нагласува дека таа има право да употреби сила доколку лицето кое е предмет на апсење даде отпор или бега.

Уапсените млади момчиња во моментов се наоѓаат во станицата во Јужна Митровица.

Фејза вели дека таму било констатирано дека тројцата биле под дејство на алкохол, и дека им е одреден притвор до 48 часа.

-Бидејќи биле под дејство на алкохол, синоќа не можеа да дадат изјава. Затоа тие се приведени, па нивните изјави за овој настан ќе бидат земени денеска. После тоа ќе се одлучи што понатаму, изјави Фејза за Коснет.

Српската владина канцеларија за Косово и Метохија денеска соопшти дека апсењето и тепањето на тројца Срби во Косовска Митровица ја одразува антисрпската политика на косовскиот премиер Албин Курти и тортурата што секој ден ја трпат и ја доживуваат Србите на северот на Косово, пред очите на целата меѓународна заедница.

„Постојат недвосмислени докази за тоа - снимени болни сцени во кои се гледаат полицајците на Курти како фрлаат српски млади момчиња на земја и ги тепаат и влечат 10 минути, додека тие викаат, а потоа ги приведуваат со вперени долги цевки“, се наведува во соопштението на Канцеларијката.

Оттаму наведуваат дека бил приведен и „Србинот кој го снимал мачењето“ за да се отстранат трагите и доказите за полициската бруталност, „кои, за среќа, биле зачувани“.

„Посебно загрижува тоа што на родителите не им беше дозволено да ги видат децата, ниту пак српскиот медицински тим да ги посети и да ги прегледа, со оглед на тоа што младите беа жртви на докажана полициска бруталност“, соопшти Канцеларијата за Косово и Метохија. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре облачно и постудено време со температура до 18 степени- разведрување за викендот

Утре времето ќе биде променливо облачно и постудено, информира УХМР.

Утре облачно и постудено време со температура до 18 степени- разведрување за викендот

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

4 Попова Шапка, 5 Крушево, Маврови Анови, 9 Берово, Прилеп, 10 Претор, Крива Паланка, Битола, 11 Охрид, 12 Тетово, Зајчев Рид, Виница, Кавадарци, Штип, 13 Демир Капија, Струмица, Велес, Скопје Петровец, 15 Гевгелија.

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа во (l/m2)

8 Кавадарци, 6 Берово, Прилеп, 5 Битола, Демир Капија, 4 Виница, 3 Штип, Гевгелија, Претор, Охрид, 2 Велес, Крушево, 1 Маврови Анови, Крива Паланка.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше променливо облачно и посвежо. Наместа имаше повремени локални врнежи од дожд. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно и постудено. Ќе дува засилен до силен ветер од северен правец, кој наместа ќе надминува брзина од 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.

Во Скопје, променливо облачно и постудено. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 15 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До петок ќе преовладува променливо облачно и постудено време. Денес и во петок ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои на некои од повисоките планини ќе преминат во снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец, кој наместа ќе биде силен со брзина над 60 km/h. За време на викендот ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Итно се повлекуваат возила на Форд- причината е ризик од пожар

Патничкото возило Ford, Transit Custom, Tourneo Custom е предмет на отповикување поради идентификуван ризик за потрошувачите.

Итно се повлекуваат возила на Форд- причината е ризик од пожар

Повлекувањето се однесува на Transit Custom, Tourneo Custom модел или модели, а видот на ризик е: Ризик од пожар.

Овој случај е заведен под отповикување број 130/2026, од 13.10.2026 година. Категоријата на случај е отповикување на производи за потрошувачи.

На потрошувачите кои го поседуваат овој производ им се препорачува да проверат дали нивната копија е покриена со повлекувањето и да ги следат упатствата на производителот, дистрибутерот на Форд или надлежните органи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Распишана централна и меѓународна потерница по Михаилова Ива

Министерството за внатрешни работи распиша потерница по Михаилова Ива (23) од Кочани, од татко Симеон и мајка Христина двајцата од Кочани. 

Распишана централна и меѓународна потерница по Михаилова Ива

Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на Основен суд Кочани за кривично дело по член 300 став 4 и член 297 став 3 од Кривичниот законик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер