„Розов пикник појадок“ во Градскиот парк- организторите побараа подобра превенција и скрининг за жените
2„Розов пикник појадок“ во Градскиот парк- организторите побараа подобра превенција и скрининг за жените
БалканВо Косово затворени сите институции поврзани со Србија Косовскиот министер за внатрешни работи Џелал Свечља денеска потврди дека сите „паралелни институции поврзани со Србија“ во земјата се затворени, јави Анадолија.Денеска се затворени „паралелните општини на Србија“ во Липјан, Обилиќ, Приштина, Косово Поле, Вучитрн, Ново Брдо, Каменица, Витина, Ораховац, Скандерај, како и илегалната пошта и даночната канцеларија. „Со заедничка акција на МПБ и ПК, како и МИНТ и МАПЛ, се завршува ерата на српските општини и паралелните криминални институции во Република Косово, напиша Свечља на Фејсбук. - Како што ветивме, нема да дозволиме никаква паралелна, а особено криминална активност на Србија што би го загрозила Уставот и правниот поредок во нашата земја, додаде тој. Во градовите и населените места каде што живее српската заедница на Косово, делуваа општини, компании, градинки, основни и средни училишта и јавни универзитети, кои беа директно финансирани од српската Влада, а кои според косовските закони беа третирани како незаконски. Наведените институции во изминатиот период постепено беа затворани, а косовската Влада во неколку наврати потенцираше дека со укинувањето на „паралелните српски институции“ настојува да воспостави ред и закон, особено на северот на Косово, каде што Србите се мнозинско население. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЕсенска дератизација во Општина АеродромЕсенска дератизација деновиве се спроведува на целата територија на Општина Аеродром, со цел уништување на глодачите и заштита на здравјето на населението.Опфатени се 3.000 шахти, во кои се поставуваат 9.000 мамци, како и во сите основни училишта и градинки на територијата на општината. Есенската и пролетната дератизација се важна превентивна мерка за заштита на населението од појава и ширење на болести што ги пренесуваат глодачите и се спроведуваат во соработка со Центарот за јавно здравје - Скопје. Општина АеродромТагови: Општина Аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДимитриевски од Гостивар: Со Бугарија ќе разговараме, но од македонскиот идентитет не отстапуваме!Продолжува отчетот пред граѓаните.По средбите и разговорите низ Македонија, денес Движењето ЗНАМ – За наша Македонија го продолжи отчетот под мотото “Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија” во Гостивар, каде пред граѓаните беа презентирани резултатите од досегашната работа. Пред гостиварчани, претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски говореше за конкретните резултати од капиталните проекти, зголемувањето на платите и економскиот стандард, но и за едно од најважните прашања за македонската држава, европската интеграција. Во однос на капиталните инвестиции, Димитриевски посочи дека отчетот најдобро се мери преку конкретните проекти што се реализираат низ општините и кои директно го подобруваат секојдневието на граѓаните. „Кога зборуваме за резултати, зборуваме за нешто што граѓаните можат да го видат и почувствуваат. Во изминатиот период поддржани се повеќе од 1.200 проекти во општините, од кои дел веќе се завршени, а дел се во реализација. Тоа се улици, водоводи, канализации, училишта, спортски објекти и друга инфраструктура. Но, зад секој од овие проекти стои нешто многу поважно, подобар услов за живот, подобра услуга и нова можност за развој на секоја општина.“ порача Димитриевски. Димитриевски во своето обраќање се осврна и на мерките за подобрување на животниот стандард, нагласувајќи дека растот на економијата мора да се почувствува директно кај граѓаните. „Работиме на зголемување на платите во јавниот сектор, од административните службеници, преку вработените во образованието и здравството, до припадниците на безбедносниот сектор. Со потпишаните колективни договори и постепеното зголемување на платите, вложуваме во луѓето и во вреднувањето на нивниот труд. Подобриот стандард мора да биде резултат што граѓаните ќе го почувствуваат“ порача Димитриевски. Говорејќи за европската интеграција и односите со Република Бугарија, Димитриевски порача дека Македонија има јасна европска определба, но и јасно поставени црвени линии кога станува збор за македонскиот идентитет, јазик и култура, нагласувајќи дека ставот што ЗНАМ го застапува од своето основање денес е и став на Владата и државна позиција на Македонија. Тој нагласи дека ЗНАМ ја поддржува иницијативата за средба и разговор со бугарската страна, но дека Македонија повеќе нема да дозволи билатералните прашања да се претвораат во услови за нејзината европска иднина. „Ние сме за разговор, за средба и за добрососедски односи со Бугарија. Но, да бидеме јасни, за идентитетот, јазикот и културата на македонскиот народ нема да преговараме. Претходната власт дозволи едно билатерално прашање да биде внесено во европскиот процес и од билатерален проблем да стане европско прашање. Денес поради таквите одлуки сите ја плаќаме цената. Ние нема да ја повторуваме таа грешка. Македонија ќе оди кон Европската Унија, но во Европа ќе влеземе како Македонци, со македонски јазик, македонска култура и сопствен национален идентитет“ порача Димитриевски. На панел-дискусијата свои обраќања имаа и пратеникот Павле Арсовски, кој говореше за актуелните политички процеси и работата во Собранието, поранешниот министер за правда Игор Филков, кој се осврна на реформите во правосудството и владеењето на правото, како и заменик-министерот за дигитална трансформација Радислав Настасијевиќ Варџиски, кој говореше за процесите и реформите во дигиталната трансформација на јавните услуги. Движењето ЗНАМ продолжува со отчетот пред граѓаните низ Македонија, со порака дека резултатите мора да бидат видливи во секој град и секое населено место, затоа што Македонија не се гради само со зборови и ветувања, туку со работа што останува зад нас и со дела што граѓаните ги чувствуваат во својот секојдневен живот. Центар за комуникации и аналитика ЗНАМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеД-р Митевска: Кардиоваскуларните заболувања се црвена зона за смрттност во МакедонијаСекој трет смртен случај лани бил резултат на кардиоваскуларни заболувања. 6.880 смртни случаи во 2025 година биле од кардиоваскуларни заболовања, или 34% од смртните случаи се на срцеви заболувања што можеле да се превенираат. Редовни контроли на кардиолог, регулирање на шеќер во крвта, висок притисок, откажување од цигари се клучни за здраво срце. Во неделата за заштита од кардиоваскуларните заболувања објаснува кардиологот Ирена Митевска. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05